ВоведЗапоседнувањето е старо колку што и поседувањето, затоа што имот, изворно е парче земја заземен од личност која на тоа парче има права( затоа што прва стигнала, работела или градела на неа). Со време запоседувањето, односно сквотирањето се јавува некаде помалку , а некаде повеќе организирано, а од 1960-те години толку се раширува што не може да се говори за изолирани акции на поединци туку за едно ново друштвено движење.
Сквотерското движење се јавува како реакција на станбената криза, а како дел од широкото автономно движење и на цели друштва, затоа што мал број на луѓе одредуваат за основните животни услови на повеќето-каков воздух ќе се дише, каква храна ќе се јаде, какви згради ќе ги опкружуваат, каква работа ќе работат и дали воопшто ќе имаат работа, што ќе им се понуди на медиумите, итн. Сквотерите создаваат автономни простори во кои ја земаат контролата во свои раце врз сопствените животи и си ги уредуваат меѓусебните односи независно од власта, капиталот и пазарот, создавајќи здрава органска храна, уредувајќи го просторот по мерка на човекот, работејќи она што сакаат и што ги исполнува и создавајќи свои медиуми-што често доаѓа до жесток отпор од власта.
Иако сквотерските движења се едни од новите друштвени движења кои постојат повеќе од 40 години, но за тоа освен неколку реченички во домашната литература не е скоро ништо напишано. Секоја литература е на англиски, германски, француски, шпански и на италијански јазик (со неколку трудови на хрватски). Затоа ова, во некоја рака е пионерски потфат, за да се успее барем делумно да се осветли сквотерското движење во анализираните земји, со тоа да се прикажат битните моменти на развојот на движењето, познатите сквотови ширум светот и колективите кои ги изведуваат акциите. Во текот на пишувањето на овој труд, се наишло на многу заинтересирани реакции кај луѓето, на кои темата им била примамлива, така што се што е напишано е објавено на интернет под слободната GNU лиценца, со надеж дека на тој начин ќе им ги овозможат информациите на нашата младина за тоа што работи младината во другите европски земји, па дури и во нашата непосредна околина.
Сквотерското движење е многу развиено посебно во Западна Европа и Јужна Америка. Во Европа, неофицијалните проценти кажуваат дека постојат неколку илјади сквотови, а најмногу ги има во Барселона, Амстердам, Берлин, Милан, Лондон итн.
Во овој дел ќе се дадат објаснувања за некои основни поими поврзани за сквотирањето и сквотерското движење воопшто, како и мислењето на некои релевантни теоретичари.

Сквотирање е запоседување на простор без дозвола од сопственикот. Се вели дека запоседувањето е старо колку и поседувањето, затоа што имот, изворно е парче земја земен од личност која за тоа парче има право ( затоа што прва стигнала, работела или градела на неа). Најчесто се сквотираат празни и запуштени простори кои се во јавна сопственост или чија сопственичка ситуација е нејасна.
Постои:
Многу автори под сквотирање подразбираат и сродни феномени како што се диво населување. Сквотирањето може да биде средство за преживување, како и политички чин. Заземањето на празните станови, сквотерите/ките го упростуваат со правото за преживување. Одбиваат да платат станарина, одбиваат накалемување на профитот во сместувањето, основниот услов за живот на човечкото суштество. Сквотерите/ките сметаат дека длабоко погрешна идеја е дека пристојно сместување може да има само оној/аа кој/а ќе плати и оној/аа кој/а верува дека тоа е основното човечко право, кое не е на продажба. Сквотирањето подразбира ревизија на концептот за приватна сопственост, што не значи и нејзино укинување, но подразбира укинување на нејзината семоќност и ги наведува обврските на сопственикот на своините во односот со заедницата. Овој труд најмногу ќе се занимава со западноевропското сквотирање, која дава можности за воспоставување на разни иницијативи, без преголеми ресурси и непотребни бирократии.
Сквотовите најчесто се користат за живеење или како јавни простори т.е. друштвени центри, често и нивните содржини се поклопуваат-тие се и места за живот и простори за изразување друштвеност. Некогашните безимени згради, со сквотирањето стануваат култни места за младината во кои заживуваат разни иницијативи како што се бесплатното преноќување, бесплатна работа, бесплатна вегетеријанска или веганска храна, алтернативна библиотека, сметководен центар со слободен софтвер, слободно радио, политички колективи, простор за состаноци и собирања, простор за свирки, некомерцијални кафулиња, задруги, уметнички галерии, театар, кино, правно советувалиште за емигранти, женски центри, работилници за велосипеди, разни работилници, групи за поддршка и тераписки групи, зоолошки градини, алтернативни училишта итн. Сквотираните земјишта се претвораат во обработливи површини на кои се одгледува органско овошје и зеленчук. Скоро секој сквот, порано или подоцна, престанува да постои( иселен или со помош на легализација), па битното обележје на сквотовите е привременоста. Многу сквотери се против легализацијата затоа што во тој случај сквотот мора да се прилагоди на дадените рамки, се создава додатен трошок, па некои станари/ки мора да се иселат или да работат за станарината, а активностите на сквотерите/ките мора да бидат конформирани.
Сквотер е широк поим кои ги опфаќа:
Зборот сквотер изворно е настанат во Северна Америка во 19 век, за пионерите кои се населувале во оддалечените земји, без дозвола и без плаќање на данок.
Сквотерите се делат во две основни групи:
Сквотерите сметаат дека со отворање на зградите кои лежат напуштени прават јавно добро. Тие не заземаат простор во кој некој живее или кој некој го користи, туку го преуредуваат и оживуваат просторот кои сите други го напуштиле. Во последно време сквотирањето се помалку се смета како узурпација, а се повеќе како рециклажа на просторот, т.е. претворање на запуштениот и неискористен во жив простор.