Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Сквотерско движење во Германија

Сквотерското движење во Германија е дел од широкото автономно движење, кое е едно од најјаките во Европа. Кулминација доживеа во почетокот на 1980-тите во тогашен поделен Берлин, Хамбург и во други западно германски градови, а 1990-тите се прошири и на источниот дел на Германија. Сквотирањето на просторите беше решение за сиромашните млади луѓе кои барале независност од фамилијата. Камен темелник на ова движење беше заедничкиот живот и создавање на автономни простори: социјални центри, инфошопови, книжари, кина, театри, кафулиња, простории за состаноци, свирки, студии, уметнички галерии и за други разни намени.
70

Историјат

 

Во западниот дел на Франкфурт во Септември 1970 година се случи една од првите сквотерски акции во тој град; во почетокот на 1970-тите Франкфурт  станува центар на Спонтистите, особи кои биле подготвени спонтано да делуваат во директни акции и улични борби; кои не припаѓаат на ниту една организација. Истовремено во 1969 и 1970 сквотирањето започна и во другите  градови : Келн, Дизелдорф, Миних, Хановер, Гетинген, Минхен и во Хамбург.

Помеѓу 1972 и 1973 избиваат штрајкови против високите станарини, првенствено водени од турските и италијанските работници, со завземање на куќите кои ги предводеа спонтистите.

Во 1973 година се спречуваат масовните градби; околу 1975 година започнува кризата по економскиот бум, а во 1980 година во Германија бројката на невработени лица достигнува еден милион.
berlin 1991

Во почетокот на 1980-тите доаѓа до здружување на сквотерите и панк движењето, кое носи нов систем на вредности : бендовите свират во мали места, со јасна порака против консумеризмот, со анти-државни, без ,,плачливи” хипи песни. Извикуваат слогани како ,, моќ на никого/ја ” што беше несфатливо за претходните генерации.

Сквотерското движење е зацврснато во периодот помеѓу 1980 и 1981година, не поради бруталниот третман на сквотерите од страна на демохристијаните, туку и поради најголемата полициска мобилизација уште од Третиот Рајх, поради нападите на ненасилните, седечки протестанти ,, Слободна република Венланд”, камп со 5000 активисти кои ја блокирале депонијата за нуклеарен отпад во Горлебен.
cops

Во другите градови на Германија, а посебно на југот, репресијата над сквотерите од страна на демохристијаните е огромна. Во Нирнберг се уапсени 141 лица при проекцијата на филм за сквотерите која се одржувала во еден сквот. Тоа е најголемото масовно апсење од втората светска војна, а повеќето од уапсените имале помалку од 16 години.

Во 1989 година по повторното соединување на Гермнија, доаѓа до преместување на епицентарот на движењето во Источен Берлин каде остануваат многу напуштени простори, затоа што населението после соединувањето масовно емигрира во западниот дел.

На 3 јуни 2006 година во Франкфурт е одржан Сквот Фестивал, каде свират многу познати рок бендови, во сквотот АУ, кој постои од 1983 година.

Берлин

 

Берлин бил град поделен на американски, британски, француски и советски сектор, пренатрупан со емигранти од Турција, Блискиот Исток и Источна Европа. Берлин беше привлечен и за младите од цела Германија затоа што жителите на Берлин немаа обрска да служат воен рок, а постоеле и два големи универзитети. Во Берлин 17 000 луѓе немале каде да живеат, а се проценува дека уште 50 000 луѓе барале сместување. Помеѓу 7 000 и 17 000 празни станови и куќи, уште 40 000 биле предвидени за рушење. Сквотерите често го наведуваат фактот дека капиталистичката манипулација околу недвижнините создала повеќе бездомници отколку Втората светска војна.

Во 1970-тите започнува акција на сквотирање во Берлин, а базата на сквотерските движења е во Кројцберг, место покрај Берлинскиот ѕид со голем процент на турски соживот и центар на Контракултурна сцена. Покрај Ѕидот имало стотина напуштени згради, затоа што тоа била гранична зона помеѓу Истокот и Западот. Во Кројцберг тогаш живееле 145 000 луѓе од кои беа 30 000 алтернативци, 40 000 Турци и 50 000 ,,обични” Берлинци. Во целиот Берлин во 1980-тите се собрале околу     150 000 млади алтернативци кои не се вклопувале во калапот на германското друштво. Иако владата ги доживува како напаст, тие ги оживуваат мртвите делови од градот и ги обновуваат, така што Кројцберг често е споменуван како пример на добра урбанизација. При клеветењето дека нивните акции претставуваат напад на приватната сопственост, сквотерите одговарале : ,, Подобро да се зазема и обновува, отколку да се поседува и руши.” Често, сквотерите ги средуваат напуштените и руинирани куќи за да може во нив пристојно да се живее.

Во март 1980 година е основан Сквотерскиот совет (Besetzerrat) кој се состанувал еднаш неделно. Раната сквотерска сцена била доста разнолика: рокери од работничката класа, феминистки, турски емигранти, студенти, самохрани мајки, христијани, анархисти и многу други. На самиот врв од движењето, сквотерите/ките во Берлин имаат 165 куќи, а во секоја живеат над 10-тина луѓе.

Со растот на сквотирањето, растела и репресијата. Полицијата ги напаѓала само оние куќи во кои беа членовите на сквотерскиот совет и ги апсела под обвинение дека припаѓаат на криминална организација, каде најголемата предвидена казна била доживотен затвор. Насилството и репресијата кулминирале со Црниот Петок. Тој ден во Берлин, подоцна наречен ,,Црн Петок”, на улиците излегоа околу 20 000 луѓе и ги уништија сите шопинг центри во елитниот дел на градот. Црниот петок на 12 декември 1980 година е еден од најжестоките денови што се однесува до протестите, а по некои проценки учесниците/ките на протестите биле повеќе од 1960-тите. Тоа ги тера властите да им понудат на сквотерите да останат во завземените куќи со плаќање на минимални трошоци. Многу од нив тоа го прифаќаат, но повеќето од нив- не.

По ,,Црниот Петок” бројот на сквотовите во Берлин расте од 35 на 160, а во цела Германија од 86 на најмалку 370 до 500. Бројот на сквотовите се проценува на 5 000 до 8 000. Освен становите , почнуваат да ги завземаат и старите индустриски постројки. Еден од примерите е KuKuCK во Западен Берлин, дом на околу 50 000 луѓе, со 3 театри, простор за представи, 10 театарски групи, студио за проби за 5 бендови, кафе- бар и авто-работилница. Наместо да бараат отворање и финансирање на културни центри од страна на државата, луѓето сами создаваат културни центри без ниту една државна марка.
kukuck

Во Берлин на власт наместо социјалдемократите доаѓаат демохристијаните (CDU)  и наредуваат да се иселат десет најјаки сквотерски тврдини, што ги наведе автономците да го основаат движењето( во берлинскиот жаргон: Tuwat – направи нешто). Власта го сметала Туват како директен напад на државниот апарат и на 25 август 1981 година ја праќа полицијата во седиштето на Туват во сквотираните згради, каде во тој момент присутни биле само двајца луѓе, затоа што останатите биле на фестивал. Кога подоцна дознаваат за нападот на полицијата, Туват ги повикуваат активистите/ките од целата земја да дојдат во Берлин во одбрана на движењето. Наредните дена 50 000 луѓе демонстрираат во Западен  Берлин, со најмалку стотина уапсени и над 150 повредени полицајци. Уличните конфликти достигнуваат критична точка, а медиумите ситуацијата веќе ја нарекуваат ,,граѓанска војна”. Но, и покрај тоа, демохристијаните и понатаму продолжуваат со политиката на  нулта толеранција кон сквотерите/ките.

На 22 септември 1981 година се случува погубување на осумнаесет годишниот сквотер Клаус Јирген Ротај[15], за време на нападот на 2 000 полицајци на осум заземени куќи во Vinterfeldplac, Берлин. Следниот ден избиваат демонстрации во градовите ширум Германија, како и во Амстердам, со преку 50 напади на владини и корпорациски мети во Западен Берлин. Неколку дена потоа, демохристијаните објавуваат дека ќе прекинат со понатамошните иселувања и станбеното прашање стигнува до парламентот (bundestag). При крајот на 1981 година германската влада почнува со легализирање на некои сквотови и давање пари за поправка, за да го подели движењето и да ги маргинализира радикалните елементи. Како што кажува Катсиафикас,  dali su šargarepu ali su nastavili da koriste batinu protiv tvrdog jezgra pokreta. Зимата, 1981 доаѓа до поделба меѓу активистите на припадниците на `68 и `81 всушност на преговарачи и бескомпромисни непреговарачи. Тие две струи се нарекувале Муслис           (по диеталната мусли храна) и Молис (по молотовите коктели). Молии (панкери) биле за протести и против преговарање со властите, а Муслии  (хипици) биле за преговори и организирана политичка активност. Панкерите главно биле машки, жестоки во судирите, постудени во изразувањето на емоциите и урбано ориентирани. Меѓу хипиците имало повеќе девојки, биле шарени, понежни и аграрно ориентирани, кон обработка на земјата и враќање кон природата. Со иселувањето и легализирањето, бројот на заземените куќи се намалува од 162 на 123, а подоцна се намалил на помалку од 30 прави сквотови. По иселувањето, многу од нив оделе да живеат во шатори по парковите. Така во квартот Harlotenburg настанала шаторската населба Haotenburg.
3
1983 е година на гасење на движењето во Берлин и тогаш движењето исчезнува. Полицијата започнува со најжестока репресија, а казните биле огромни. Го оптужуваат Ортовски, еден од општинските одборници на Кројцберг за провалување на имоти (затоа што влезе во еден сквот) и за кражба ( затоа што користел канцелариска хартија за да им пишува на сквотерите/ките кои  што биле во притвор или затвор). Масовното движење згаснува 1984 година, но сквотирањето продолжува се до денес.
По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, многу простори во Источен Берлин, останаа напуштени, затоа што населението масовно емигрирало во западниот дел. Со почетокот на 1990-тите се повеќе млади луѓе патуваат во источниот дел и го затекнуваат тој дел од градот празен, како град на духови. Кепи бил еден од првите сквотови на западните Берлинци во Источен Берлин. По една година од падот на ѕидот имало 120 сквотови во источниот дел на Берлин. Во 1990 година по официјалното соединување на Германија, властите покренуваат иницијатива против сквотовите и сквотерите/ките, затоа што сакаат да воспостават ред во источниот дел на градот. На 12 ноември, полицијата иселила 3 куќи, а сквотерите/ките за одмазда го закочиле сообраќајот на Франфуртер Алеј, една од најважните улици на источен Берлин. Реакцијата на државата била неочекувано остра: испратила 7 500 специјалци да се борат против 400 сквотери, што резултирало со насилство и улични судири кои траеле со денови. Многу простори биле насилно иселувани, а некои се легализирани, односно им ги продавале на сквотерите/ките бесценето, околу 1-2 марки.
kopi
Во 1996 Берлин стана главен град на соединетата Германија, а властите се одлучиле да ја исчистат новата престолнина. Министерот за внатрешни работи во Берлин ангажирал десничарски ориентиран генерал, кој дали со легални или нелегални начини (подметнување на пожари и сл.) ,,исчистил” околу 20 куќи. Денес скоро и да нема нелегални сквотови во Западен Берлин, а неколку постоечки сквотови се сместени во источниот дел на градот кој е послабо развиен и во кој се наоѓаат голем број на напуштени згради. Некои сквотери/ки денес, со кирија ги отплаќаат куќите кои по неколку години ќе ги поседуваат, додека другите пак имаат само привремен договор со сопствениците.

Фрајбург
Во 1971 година е сквотирана првата зграда во Хамелштрасе за да се спречи рушењето и во наредните години станува отворен простор во кој е   сместена бесплатната работа, која ја воделе Феминистките. Во подрумот се наоѓал првиот автономен центар во Фрајбург. Овој експеримент е завршен во 1974 година со интервенција на полицијата и зградата потоа била  срушена.
Во 1978 година сквотиран е цел блок од куќи на улицата Кајзер Јозеф каде се развиени разни културни активности (концерти, театар, работилници итн.). Во 1980 година властите ги присилуваат на иселување, а на 8 јуни испраќаат полиција тоа да го спроведе. Акцијата резултира со десетдневни немири. Околу 1 600 припадници на полицијата го обезбедувале рушењето на зградата, а секоја вечер се собирале околу 10 000 демонстранти; сето тоа го пренесувале националните медиуми. Седум дена по рушењето на зградата, сквотиран е Švarcvaldhof, кој е иселен две години подоцна. Есента 1981 година заземени се 6 куќи за живеење, а една од нив е преуредена во автономен центар, кој бил воден од панкери/ки. Стратегијата на полицијата малку се променила и тие одлучиле да ги толерираат сквотерите/ките. Во 1985 година автономниот центар го проголтува пожар.
Во 1994 година сквотирана е стара касарна на француската војска “Vaubangelände”  и настанал Автономниот центар KTS ( скратено од Kulturtreff in Selbstverwaltung). По иселувањето на Ваубан од страна на градските власти, KTS најде нов простор во 1988 година со сквотирање на зграда на германската железница, која и денес постои.
1

 

Хамбург

Во 1981 година заземени се празни станови и куќи на улиците Hafenštrase и Bernard Noht Strasse во Хамбург. Обидите за иселување веќе пропаднале затоа што сквотерите/ките успеале да соберат илјада симпатизери и стотина улични борци. Во текот на 1980-тите, Hafenstrase е жаришна точка на автономното и сквотерското движење во Германија. Од 1984 до 1990 година, тука се одржуваат годишни собирања на автономците, на кои присуствувале и по 5000 луѓе, каде се разговара за сквотирање, анти-нато политиката, анти-нуклеарната политика, проблемите со политичките затвореници и меѓународната солидарност.
hafen2

 Во 1986 година имало обид сквотерите/ките од Hafenstrase да ги избркаат надвор. Неколку градби биле освоени од страна на властите, меѓутоа јадрото од осум згради останало недопрено. На 20 декември 1986 година се одржани демонстрации за подршка на Hafenstrase каде марширале 12 000  луѓе од кои 1 500 биле организирани во Црниот Блок. На чело на колоната носеле транспарент:,,Градиме револуционерна дуална моќ!”. Во текот на маршот дојде до тешки судири со полицијата во кои сквотерите/ките истепале и повредиле повеќе од 100-тина полицајци. Еден ден подоцна гореле 13 робни куќи во Хамбург, а штетата изнесувала околу 10 милиони долари. Во 1987 година властите превземале уште неколку акции против Hafenstrase, а одмаздата следи на 23 април 1987 година кога сквотерите/ките во рок од 5 минути ги нападнале куќите на градските функционери, судовите, просториите на градските власти и градското радио во Хамбург. Тогаш градот ги прогласува сквотерите/ките за ,,Државен Непријател број 1” а во Хамбург е прогласена вонредна состојба. Илјадници полицајци дошле од цела Германија, а границите биле затворени за сите оние кои изгледале чудно. Сквотерите, пак, ги утврдиле куќите со челични врати и бодликава жица на фасадите и крововите во случај на хеликоптерски напад. Месец дена пред тоа почнало со емитување на пиратска радио станица ,, Radio Hafenstrase”, која известувала за ситуацијата. Борбите траеле цел ден, стотина луѓе биле на барикадите, летале молотови коктели, имало превртени коли, запалени гуми... Навечер барикадите останале целосни, а на една куќа поставен е транспарент со натпис “No Pasaran!”. Во следните две седмици дошле уште 2000 полицајци и нападите на полицијата безуспешно продолжувале. По 15 дена борба, градоначалникот Донај одлучил нападите да се повлечат, да се прекине вонредната состојба и Hafenstrase да се легализира.
hafen3

Во 1990 година следи уште една кампања против Hafenstrase, тврдејќи дека ја подржуваат Фракцијата Црвена армија (RAF), која таму функционира. Следеше напад од 1000 полицајци, пратени од германскиот државен обвинител, но никакви докази не се пронајдени кои би ја поткрепила таа оптужба.

Во ноември 1989 година сквотиран е бившиот театар Flora Hamburg и наречен е Rote Flora ( Црвена Флора). Rote Flora ја прослави својата 15 годишнина во ноември 2004 година и стана битен културен центар во квартот Шанзе каде и се наоѓа. Во Хамбург сквотерите/ките и денес се силни и живеат во квартовите Алтон, Ст. Паули, Шанзе итн.
hafen

Анатопија

Анатопија беше протестно село подигнато на 4 јули 1991 година кога младината сквотирала огромен градежен простор (12 км долг, 3 км широк), каде компанијата Мерцедес планирала да изгради патишта. Селото имало многу куќи и колиби, подигнати од рециклираните отпадоци на друштвото (пластични флаши, автомобилски гуми и сл.) и промовиран е живот во склад со природата, без струја, водовод и автомобили. Во почетокот на 1994 година е наредено иселување на Анатопија, а бранот на акциите вперени против Мерцедес и Зелената партија, која е одговорна за продажба на земјата на Мерцедес, ја заплиснуваат Германија. Акциите вклучуваат протести, саботажи и уништување на имотот на Мерцедес; вкупната штета изнесуваше 200 000 евра.

 
[15] -Кого го прегази полициски автобус во општата гужва при нападот на полицијата.