Сквотирањето низ времето, некаде се јавува помалку, а некаде повеќе организирано; а од 1960-тите толку се раширило што не може веќе да се говори за изолирани акции на поединци, туку веќе за ново друштвено движење. Сквотерското движење во текот на неколку децении постојано делимично се осамостојува од анархистичкото и левичарското движење, во чие крило растело. Сквотовите од 1970-тите во Европа се база за друштвените движења и се во блиска врска со новите друштвени движења, урбаните движења, алтерглобалистичките движења итн. Сквотерите често го наведуваат фактот дека растот на бездомниците и луѓето кои живеат во лоши услови е пропорционален со бројот на неискористените и празните простори. Од причина што е маргинализирано од страна на масовните медии, сквотерите со текот на време создадоа свои медиуми: памфлети, графити, фанзини, отворени дебати, инфошопови, магазини, весници, дистрибуција, па дури и издавачки куќи. Во светот сквотерското движење е многу развиено, посебно во Западна Европа и Јужна Америка. Во Европа од неофицијалните извори постојат неколку илјади сквотови, а најмногу ги има во Барселона, Амстердам, Берлин, Милано, Лондон итн., каде веќе постојат неколку генерации на луѓе кои живеат во сквотовите. Многу народи, каде движењето е одамна присутно, имаат за сквотирање свој збор. Во Шпанија се вика Okupa , на германски Hausbesetzung, на холандски Kraken , на италијански за сквот велат Casa Occupata. Останатите народи го користат изведениот збор Squat, од англискиот јазик.
Некои од слоганите за сквотерското движење се:

Иако сквотирањето во Италија е познато уште од 1950-тите години( на пр. Busana Vekija) движењата на социјалните центри кои се самосвесни во своето илегално запоседување на просторот се создаваат во 1970-тите и е тесноо поврзано со италијанското автономно движење.
Социјални центри (итал. centri sociali ) или запоседнати и самоуправни друштвени центри(итал. centri sociali occupati e autogestiti , скратено CSOA ) се автономни простори, со кои самоуправува младината. Представуваат обид за создавање на простор без капиталистички друштвени и економски врски. Во нив се наоѓаат кафулиња, галерии, простори за концерти, работилници итн. Настануваат со заземање на напуштените фабрики, складишта, училишта, касарни и нивното преуредување во младински простори и се типичен италијански друштвен феномен.
Американскиот автор Адам Брегман пишува: ,,Иако тоа можеби е тешко да се замисли во Америка, во Италија комунисти[13], анархисти, рејвери, панкери, хакери и уметници имаат огромни простори, напуштени фабрики, тврдини, училишта и цркви, претворени во кина, концертни сали, клубови, скотови и уметнички галерии. Италијанските социјални центри спаѓаат меѓу највиталните културни институции.”

Социјалните центри се места на собирање на разни контракултури. Во текот на 1980-тите во нив владеело панк движењето, 1990-тите рејв сцената имала доминантно влијание, а хип-хоп и реге се најприсутни во почетокот на 1990-тите. Тука се и студентите од независните студентски организации, работници и невработени, емигранти, антивоени активисти, радикални еколози, сајберпанкери, задругари и многу други. Тоа се автономни зони над кои власта и полицијата немаат надлежност и каде луѓето се чувствуаат слободни да работат тоа што сакаат. Внатре во друштвените центри обично може да се ужива со дрога, но не смее да се продава, и тоа не поради проблеми со полицијата, туку поради принципиелни причини, затоа што не дозволуваат некој/а да се збогатува продајќи дрога и експлоатирајќи луѓе. Социјалните центри озможуваат разни привилегии на жителите на населбата во која се наоѓаат, а се наоѓаат скоро секогаш во сиромашни предградија или во индустриски зони. Тоа често им дава карактер на алтернативна социјална служба. Тие овозможуваат и сместување на секој/а што му треба, а патниците обично во нив може да пронајдат бесплатно преноќување. Во социјалните центри, скоро секој бенд може да организира своја свирка.
Развојни фази:
На половината од 1970-тите се раѓа нов начин на поврзување на друштвено-политичките потреби на младината со територија, која е фокусирана на повторното оживување на урбаните деградирани простори. Младите, разочарани од парламентарната и вонпарламентарната левица, 1968-мата и развојот на ситуацијата на работата, создаваат алтернативни простори за социјализација, најчесто на периферија. Тие години, поточно на 18. 10. 1975 година се создава најголемиот и најпознатиот социјален центар во Италија( и во Европа), Леонкавало во Милано.
Потоа доаѓа друга фаза од 80-тите, кога социјалните центри се затвораат во себе. Мембрети ги бара причините за оваа самоизолација во присуството на хероин и тероризмот на улиците. Причина е дека за неполни пет години ( од 1975 до 1980) бројот на корисници на хероин се зголемил за повеќе од сто пати( ! ), така што во почетокот на 1980-тите во Италија имало повеќе од 200 000 ( во споредба со 1 500 корисници во 1975). Политичкото насилство толку се зголеми што на улиците се водела вистинска герилска војна помеѓу државата и левичарските вооружени групи ( црвените бригади, прва линија и многу други) во која се убиени многу италијански политичари, од кои најпознат е премиерот Алдо Моро. Тие години доаѓа до спојување на сквотерското и панк движењето и панк движењето набрзо станува главна струја во социјалните центри.
Во 1989 година доаѓа до излез од самоизолацијата во која центрите западнаа со почетокот на 1980-тите. Тоа е година на студентското движење ,, Pantera“ ( кое беше сличен како студентското движење од 1968 година само со послаб интензитет) и обид за рушење на Леонкавало од страна на социјалистичкиот градоначалник Пилитериј. Во 1990-тите донесен е поволен став во јавноста за социјалните центри, посебно за Леонкавало, кој често е наведен како пример во отпорот против приватизацијата на територијата и неолибералното влијание на културата. Најголемата подршка доаѓала од редовите на студентите и учениците кои се бореле против приватизацијата на јавниот образовен систем и интелектуалците кои ги бранеле јавните, бесплатните и слободните простори во градот. Во 1990-тите во италијанските медиуми почна да се користи терминот сквотери, во замена за до тогаш прифатениот термин автономни, кој се однесувал за активистите и посетителите на запоседнатите и самоуправните друштвени центри. Тие години во многу градови каде порано не се сквотирало доаѓа до создавање на социјални центри кои привлекуваат нови генерации, најмногу студенти. Во урбаниот амбиент на милионските градови, овие автономни младински простори претставуваат,, остра друштвеност” на кои се уште постои неинструментализирана социјализација. Приватизацијата на градското земјиште, сепак земала се поголем замав и напуштените индустриски зони, која младината ги користела за друштвени центри, сега забрзано се претвораат во работни и пазарни центри. Во 1994 година градоначалникот Милан Форменти наредил растурање на социјалните центри со зборовите: ,, Од сега центрите нема да бидат ништо друго туку духови над градот”. Леонкавало е срушен, а на тоа место е изградена банка. Набрзо избија масовни демонстрации за одбрана на друштвените центри, на кои ,,белите духови”, т.е. активистите облечени во бела облека навистина се појавиле. Замотани во сунѓери и душеци, и наоружени со поклопци од контејнери, биле особено успешни во уличните конфронтации со органите на редот. Движењето на белите облеки набрзо го зафати целиот полуостров и многу заземени простори се зачувани благодарејќи на тоа. Дружината на Леонкавало извршила апропријација на големата напуштена зграда која некогаш била печатница и со подршка на жителите, сквотерите остануваат внатре.
На 19 септември 1998 година одржана е седница во Милано во центарот Леонкавало, затоа што некои активисти барале редефинирање на улогите на движењата на социјалните центри. На седницата е донесена Миланската повелба, која била заедничка платформа на која се нашле социјаланите центри од северо-истокот на Италија( Падова, Венеција итн.), од Рим ( Корто Циркуито, Форте Пренестино), а подоцна се приклучиле и центрите од Лингурија и Марче.

Многу социјалани центри ја прифатија Миланската повелба и се приклучија на институционалната левица. Се преговарало со властите и десницата за да би се добило политичко признание и за да би се легализирале сквотираните социјални центри во Италија, со тврдење дека овозможуваат јавна услуга и забавни програми во склад со тенденцијата за развојот на цивилното друштво. Во Венеција, во Местре преговорите доведоа до тоа да градското собрание го купи сквотираниот центар Риволта( поранешна фабрика) по цена од околу 1 милион долари, платени од јавниот фонд. Легализацијата на останатите простори набрзо следеше. Таквиот политички чекор е претставен како последица на теориската ревизија која претпоставува дека периодот на класната борба е минато и дека настапува време на социјален дијалог. Тоа доведе до таму да Леонкавало го подржи демохристијанскиот кандидат Мартинацолија за место на градоначалник на Милано. Потоа следеше и учество на членовите од социјаланите центри на локалните избори, во редовите на Зелената партија и Партијата на реформираните комунисти. Овој нов курс најдобро ја отсликува изјавата на Лук Касариниј, портпарол на Белите облеки, кој во 1998 година кажа дека,, Државата веќе не е непријател кој треба да се уништи, туку соработник со кој треба да се дискутираат работите”. Белите облеки постанаа една од застапниците на Миланската повелба и тоа пробаа да го наметнат на целото движење, па доаѓало дури и до улични судири. Од 1998 година создаден е длабок јаз внатре во сквотерското движење помеѓу оние кои ја прифаќаат Миланската повелба и остатокот од движењето кои не ја прифаќаат политичката позиција изнесена во тој документ.
Социјалните центри во Италија се развиваат во многу правци-некои постануваат модерни клубови спонзорирани од мултинационалните корпорации, некои остануваат автономни простори, со независна продукција, а притоа признати и финансиски подржани од градските власти, некои и понатаму го одржуваат конфликтниот став, додека некои се занимаваат исклучиво со проблемите на своето соседство. Сепак и ден денешен социјалните центри се места каде најдобро може да се почувствува пулсот на италијанската андерграунд сцена. Често во нив свират светски познати бендови, како Rage Against the Machine, Mano Negra, Public Enemy и други.

Движењето на социјалните центри во Италија ги опфаќа следните феномени:
Бројот на социјалните центри во Италија не може точно да се утврди затоа што за цело време се создаваат нови и се губат старите, но се проценува дека се 150. Некогаш ги има во значителен број, некогаш во помал, во зависнот од друштвената и политичката клима. Движењето на социјалните центри се прошири во цела Еропа, се до Скандинавија и Русија.
[13]-Комунистите во Италија варираат од типичните марксисти-ленинисти до радикалната младина која ги окупира зградите и создава социјални центри.