Сквотерско движење во USA
Сквотерското движење во USA е послабо развиено отколку во Европа, па и во повеќе градови сквотовите не издржале подолго од неколку месеци. Исклучоци се New York, San Francisco, Boston, Washington и останати градови во кои движењето е поприсутно. Но, сквотирањето на бездомниците и сиромашните луѓе е повеќе распространето во USA отколку во Европа, каде сквотерското движење е повеќе поврзано со Контракултурата.
Сквотовите за живеење во USA може да се поделат на два вида:
- Back window squats, кои се почести и во кои бездомниците се вселуваат незабележително да живеат;
- Front door squats, каде жителите слободно влегуваат и си одат.
Понекогаш сквотот започнува на еден начин, а завршува на друг. Тоа зависи од многу фактори, меѓи кои се: целите на сквотерите, атмосферата во соседството, законите итн.
Еден од најактивните сквотерски колективи се: Куќи, не затвори
( Home Not Jails) кои се борат за сместување на директната акција. Имаат три ограноци: во Boston, San Francisco и Washington. ,,Сквотирањето е облик на граѓанска непослушност. Тоа може да биде прашање од живот или смрт за некој/а кој/а е бездомник/чка.”-вели Тед Гуликсен, основач на Home Not Jails.
New York
Три четвртини од New York-чаните/ките плаќаат 40% или повеќе од своите приходи за наемнина, додека една четвртина, најбогатите плаќаат помалку од 40%. Во New York има 100 000 бездомници, од кои 27% насилно се иселени од домовите, додека во New York има 310 000 празни или напуштени простори, од кои градската влада поседува 65% во Harlem и во други делови на градот.(0) При крајот на 1990-тите имало најмалку 30 сквотови во градот, од тие 10 во Brooklyn, 12 во Bronx и 18 на Manhattan.
Сквотирањето во New York е старо колку и самиот град.
- по законот за население (Homestead Act) од 1863 година луѓето кои бесправно ја населуваат јавната земја имаат можност да ја легализираат и да ја откупат од владата;
- модерното сквотирање датира од крајот на 1960-тите, кога Lower East Side, дел од Manhattan , бил соочен со прекинот на вложување на недвижнини на крупните сопственици/чки, а до крајот на 1970-тите речиси 80% од станбените недвижнини биле напуштени и одземени од страна на градските власти поради долгови. Во истото време кога крајот е напуштен од сопствениците луѓето почнувале да се вселуваат во празните згради и во 1970-тата година почнува сквотирањето во New York. Меѓу сквотерите/ките биле белци/кињи, црнци/кињи, Порториканци/ки, Хиспано/ки, хипици, активисти/ки, уметници/чки, бездомници/чки, сиромашни… За некои сквотирањето е чин на ослободување на просторите од раката на капиталистите, а за многу други само место за живот. По година на бесправни вселувања, градот при крајот на 1970-тите ја започнува. Програмата за урбано населување ( Urban Homesteading Program), која им понуди простори на поединците и групите кои имаа волја да ги реновираат;
- во средината на 1980-тите на Lower East Side сквотираа луѓе од Брајтон, Берлин, Јужна Америка, Австалија и Централна Америка. Тие основале неколку мали групи, кои биле многу активни во 1985 и 1986 година;
- во 1985 година сквотерите/ките уживале широка поддршка за заземање на празните згради во источен New York, но пред да сквотираат најпрво преку својата организација ACORN (Association of Community Organizations for Reform Now), требале да се обратат до градските власти со барање да реновираат 2000 напуштени објекти. Кога градот не би одговорил, тие би сквотирале. Тие години се сквотирани 25 згради во Бруклин, од кои многу подоцна се легализирани;
- во 1988 година Метју Ли, кој го издавал локалниот весник ,,Inner City Press”, почнал да држи неделни состаноци со сиромашните фамилии од Bronx, кои сакале да ги средуваат и реновираат напуштените згради, а наредните години 150 сиромашни, работнички латино-американски фамилии биле сместени. Во 1992 година во март се состанале претставниците на ,,Iner City Press” , со претставниците од станбеното претставништво (HDP), за да разговараат за иднината на тој проект. ,,Овие згради можеби се во сопственост на градот”, вели еден 60 годишен сквотер Енрико Делео ,,но градот е сопственост на луѓето, а ние сме луѓе.” Подоцна одделот за станбени прашања барале список на простори кои се заземени, а кога сквотерите/ките одбиле да им го предадат, преговорите се прекинати и на 8 јули 1993 година полицијата и пожарникарите ги исели неколкуте Inner press сквотови; сепак околу 200 луѓе до денес живеат таму;
- еден од познатите сквотови беше Umbrella House, кој преживеа неколку обиди за иселување, со помош на тврдокорноста на своите жители. Во 1989 година, пролетта забарикадирани внатре, за малку не беа срушени во вистинска смисла на зборот, кога куглата почнала да удира по ѕидовите. Сквотерите/ките од Umbrella House уште од почетокот внесоа неколку правила: нема дрога, насилство, кражби, расизам, ни сексуално вознемирување;
- до почетокот на 1990-тите меѓу 500 и 1000 сквотери/ки беа во 32-та зграда на Lower East Side, дел од Manhattan;
- помеѓу 1990 и 1995 година градот New York ги искористи сите можни расположиви средства (полиција, пожарникари, обезбедување…) за да ги отсели стотиците сквотери/ки од 200 станови во Јужен Бронкс, од кои повеќето биле латино работници со ниски примања, со своите фамилии. На 30 мај 1995 година, стоттина тешко наоружени полицајци присилно ги отселиле сквотерите/ките до East Village од Manhattan, кои подоцна само се преселиле во соседната зграда. Хафид Лалаоу, од сквотот East Village вели: ,,Но ние не крадеме. Ние рециклираме, ја трансформираме и ја градиме заедницата. Ние не сме анархисти, не сме против естаблишментот. Ние се бориме за да преживееме.” ;
- во 1997 година градот се согласи да ја продаде зградата на социјалниот центар ABC No Rio за 1$ долар;
- на 27 април 1999 година се случи принудното иселување на сквотот Dos Blokos на East Street; кој настана на тој начин што сквотерите/ките ја населија зградата која градот ја остави напуштена 12 години. Тие ставиле нов покрив, ја поправиле електричната и водоводната инсталација и се потрудиле со градот околу ефтината станарина. А градот ја продаде рановираната зграда на приватно претставништво. Сквотерите/ките се врзале со ланци за пожарните скали, ја зацементирале вратата, ги блокирале ходниците и скалите со фрижидери, машини за перење и со шпорети. Ништо не помогна-работниците за иселување пробија дупка во ѕидот и ги исекле ланците со кои биле врзани. Стотина луѓе се собрале долу на улиците, викајќи: We the people won’t go (Ние луѓето не си одиме). Еден од сквотерите се навалил на прозорецот и викал: Помош, полиција, ми провалуваат во куќата! Медиумите известувале за иселувањето на ,,напуштените згради кои ги заземаат сквотерите”, што подразбира дека називот на станарите зависи само од плаќањето на киријата, а не од фактот дека луѓето со години живеат таму. На крајот 13 од 22 сквотери/ки се осудени за опструкција на градската администрација. ,, Единствено зло кое го направија”, огорчено рече Маргарита Лопез, членката на градското собрание, ,,е што ја срамнија таа зграда”;Три градоначалници, еден по друг, ги третирале сквотерите/ките како да се најопасни криминалци. При крајот на 1990-тите неколку стотина сквотери/ки останаа на Manhattan.
- во август 2002 година се подобрија односите кога градот легализирал 11 сквотирани згради меѓу кои се: Umbrella House, Bullet Space, C Syuat и Serenity, со тоа што се продадени на сквотерите/ките за 1$ долар и се претворени во станбени задруги за сиромашните. Ова се смета за најголемата победа на сквотерите/ките, а на тоа претходеше повеќегодишна борба во кои се користеле следниве тактики: легални акции, протести со седење, врзување со ланци, упаѓање на состаноци, лежење пред булдожери, утврдување на зградите, улични барикади, гаѓање на полицајците кои доаѓаат да ги иселат, повторното сквотирање по иселувањето и сл.
San Francisco
Во 1992 година House Not Jails започнале со создавање на движење кое би овозможило сместување на бездомниците, од кои многу станаа сквотери/ки кои се борат за своите права. До сега се сместени 1000 луѓе во сквотовите кои постоеа од една ноќ до шест години. На врвот од движењето, биле околу 500 луѓе кои сквотирале низ градот, а се отворале од една до шест згради неделно. Вкупно се отворени околу 500 куќи, од кои 95% постоеле во просек од 6 месеци.(2) Најдолго постоеле сквотовите чии сопственици се од друг град.
Во San Francisco е активна и Мрежа за луѓе без дом (Homeless People’s Network), која освен останатото, бараат претворање на сите празни простори во San Francisco, приватни или јавни во друштвени станови за сиромашните, прекин на малтретирањата на луѓето без дом поради спиење на јавно место и прекин на војната против сиромашните.
Закон
Во УСА, законите за сквотирање се разликуваат од држава до држава и од град до град, но во повеќето случаи сопственикот многу лесно може да ги исфрли сквотерите/ките. Голем број од сквотовите во USA постојат затоа што сопственикот не знае или не обрнува внимание на сквотерите, а често најважен фактор е тој дали соседите ќе ја повикаат полицијата. Само во исклучителни случаи, првенствено во New York, сквотерите/ките ја добивале судската битка, повикувајќи се на сет законите, кои се нарекуваат ,,adverse possession” потребно е да поминат помеѓу 5 и 15 години, зависно од државата, а запоседувањето мора да биде ,,отворено и познато”. Adverse possession најчесто се користи кога соседот со години ја обработува земјата која не е негова, а со минување на одреден број на години станува негово/зино сопственост.
За да се повикаш на ,,adverse possession”, сквотерите/ките морале најпрво да ги стекната станарските права. Тоа е многу тешко, речиси невозможно, а двете главни пречки се неплаќањето на станарина и живеењето без дозвола од сопственикот. Преминување на првата пречка се прави со плаќање на станарината, но не со пари, туку со работа, поправки, со одржувањето на зградите, чистење итн. А договорот помеѓу сопствениците и станарите не мора да биде писмен, туку може да биде и устен, кога сопственикот знае за станарите, а не превзема ништо против тоа. House Not Jails добија една правна битка за воспоствување на станарските права под овие околности. (2)
(0) ,,Survival Without Rent”
http://www.habiter-autrement.org/07.squat/02_sq.htm
- Homes Not Jails
http://www.homesnotjails.org/
- Squatter’s Legal Rights
http://www.sftu.org/squat.html