Сквотерско движење во бивша Југославија
Активистичкото сквотирање на просторите на бивша Југославија, се јавува со почетокот на 1990-тите, со распаѓањето на СФРЈ и со повлекувањето на ЈНА од касарните во западните републики;
- Некои форми на сквотирање, како бесправното вселување и дивите населби, постои долго време;
- Првите сквотови се јавуваат баш во касарните кои се преуредени во социјални центри и тоа во краевите кои се најблиску до Италија, каде таквата пракса веќе со децении е присутна.
Сквотирање во Словенија
- Најстариот и најголемиот сквот на подрачјето на бивша Југославија е некогашната ЈНА Метелкова во Љубљана која во 1993 година е сквотирана и преуредена во огромен алтернативен културен центар;
- Во 1994 година, во Марибор, некогашна касарна од ЈНА е претворена во социјален центар Пекарна;
- Во средината на април 2006 година стотина луѓе ја сквотирале напуштената фабрика Рог од 7000м2 во центарот на Љубљана, која пред тоа 15 години е оставена да пропаѓа.
Сквотирање во Хрватска
- Во Хрватска најголемиот и најдолговечниот сквот е воена касарна од ЈНА, Карло Ројц во центарот на Пула, со површина од околу 20 000 м2, кој од 1991 година полека го населуваат разни видови на бендови, активисти/ки, уметници/чки, здруженија и поединци/ки кои тука наоѓаат место за работа, организирање - кратко речено, автономно подрачје за создавање на своја култура;
- Во Загреб сквотирањето се јавува во деведесеттите како реакција од недостаток на простор за алтернативната култура; се појавуваат Куглана, Такси- ремонт и Творница Јединство, меѓутоа ни еден од наброените веќе не постои-од нападите на полицијата, наци-скинхеди или од градските власти;
- Последен обид за сквотирање во Загреб е Вила Кисељак, куќа на крајот од градот.
Сквотирање во Босна и Херцеговина
- Во 1990-тите во Мостар младината ја сквотирала разрушената зграда од војната, домот на култура Абрашевич; подоцна реновирана, легализирана и претворена во ОКЦ Абрашевич, која денеска е центар за алтернативни културни случувања;
- Во 1999 година постоеше иницијатива на сараевската младина за претворање на касарната маршал тито во културен центар, која остана неостварена поради ,,агресивното несфаќање” на универзитетот во Сараево, правен сопственик на касарната;
- Во 2004 година во Сараево уметничка дружина зазела три празни бараки кои ги преуредиле во уметнички сквот ,,Бараки”, кои постоеа околу една година, се додека не се срушени.
Сквотирање во Србија
Сквотирањето како вид на активизам во Србија се јавува во почетокот на 2000-тата, најмногу со посредство на интернет и искуствата на младите кои биле во сквотовите во Хрватска и Западна Европа. Во Белград се создаваат неколку јавни сквотови кои служеле како културни центри. Еден по друг се создаваат Rebel House, AKC Акција и KUDRUC.
- Rebel House-сквот кој се наоѓал на улицата Добрачин, близу до плоштадот во Београд, а постоел од есента 2003 година до почетокот на 2004 година и често се наведува како прв белградски сквот;
- AKC Akcija бил краткотраен, автономен и алтернативен, културен центар, сквотиран при крајот на 2003 година до почетокот на 2004 година;
- Напуштениот бугарски конзулат бил за кратко време сквотиран како место за живеење, од крајот на 2003 година и почетокот на 2004 година од страна на Rebel Mouse, кој тука е уапсен за поседување на голема количина на марихуана;
- KUDRUC бил автономен простор на младинската субкултура на улица Краљ Милутин; се создаде со сквотирање при крајот на јули 2004 година. Напуштен по една година постоење без некој посебна причина;
- По KUDRUC hip-hop екипата од Црниот блок почнуваат со средување на напуштениот простор на Ади Сафари, кое е именуван Ентерпрајз 2068. И покрај неколкуте случувања таму, се уште е надвор од употреба;
- BIGZ е големо, издавачко, графичко претставништво; во зградата спроти саемот во Белград, од неодамна се изнајмуваат простори од многу белградски создавачи. Тука се наоѓаат многу атељеа, музички студија за проби и разни други простори. AP13 е автономен простор во БИГЗ, близок со сквотерското движење. Во тој простор е отворен инфошоп, често се одржувале свирки, бенефит журки, акции за храна, не оружје и сл;
Сквотерите/ките летуваат во дивите кампови; на црногорското приморје најпознати места се: тврдината Азра на Бокелскиот залив, Каменово кај Будва, Заграџе кај Суто море, кај реката Бојана итн.
Претходните години додека траел музичкиот фестивал Exit, на брегот на реката Дунав собиралиште било местото познато како контракамп.