Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Сквотерско движење во Франција

Сквотерското движење во Франција најмногу е развиено во последните неколку години, посебно во 2000 година па наваму. Многу е силно движењето во поголемите градови ( Париз, Дижон, Гренобл итн.), а дел е вклучено во алтермондијалистичкото движење. Иако жителите/ките на француските сквотови се различни луѓе со разни мотиви ( на пр. младина која одбива да се интегрира во систем, емигранти од Африка и Источна Европа, уметници/чки без простор за работа, активисти/ки, Роми…), сепак најчести се трите видови на сквотови: уметнички, политички и емигрантски.

 

Историјат

 

 

 

 

 

 

 

Уметнички сквотови

            Во Париз и во поголемите градови се многу раширени уметничките сквотови, каде веќе постои нов збор скварт ( сквот+арт). Уметничките сквотови се создаваат од причина што се неверојатно многу високи цените за наем на простор за уметниците (студио, атеље и сл.), а се развија затоа што законите дозволуваат заземање на напуштените простори ако во нив се воспостави креативна активност. Уметничките сквотови се создаваат во Париз и во околните градови од 1980-тите години. Најчесто се заземаат големи, напуштени, индустриски градби, складишта, фабрики итн. и ги претвораат во уметнички простори. Често воспоставуваат добри односи со сопственикот на просторот и локалните власти. Во нив се одржувале разновидни случувања кои варираат од underground rock свирки до галериски простори за современа уметност. Во просторите самоуправуваат оние кои во нив живеат и работат. Некои сквотови подоцна се именуваат како институции на културата.

-Еден од најпознатите уметнички сквотови во Париз е ,,Les Frigos”. Тоа некогаш беше огромно складиште (од 4000м2) за замрнување на сета храна која пристигнувала во Париз, а го поседувало Француското железничко претпријатие (SNCF). Во внатрешноста дури и се наоѓала парна локомотива која еден уметник ја транспортирал од Полска;
-Уште еден многу познат сквот е ,,La Miroiterie”, каде често свират млади punk бендови. Тука се наоѓа и бесплатната работа, така што кој/а и да дојде може да земе или да остави нешто.

 Во Париз веќе неколку години наназад редовно се одржува ,,Фестивал на уметноста и сквотирањето” (Festval Art Et Squat”).

 

Политички сквотови

Во последните неколку години во Франција се јавува движење на политички сквотови со голем раст, кои од уметничките сквотови се разликува по тоа што не соработуваат со локалните власти и ја доведуваат до прашање националната своина. Се борат против приватната сопственост, државата, односите кои се засновуваат на парите и моќта и се трудат да изградат автономни зони и да придвижат разни друштвени движења. Политичките сквотови најчесто ги задомовуваат разните анти-капиталистички колективи и организираат многу акции и случувања: ,,слободни зони” каде робата може слободно да се разменува, сквотирани бавчи, интернет кафулиња и сајбер активизам на слободен софтвер, независни медиуми, ширење на информации, објавување на книги и фанзини, народна медицина, давање на знаење и вештини, работилиница за велосипеди, работилница за обработка на дрво и метал, рециклирање на био-дизел за возила, дистрибуција на семиња (кое не е генетски модифицирано), женски и феминистички простори, queer забави, пикници во соседството, бесплатни мензи (народна кујна), дискусии, видео проекции, изведби и кино. Нивното иселување е доста често; но затоа е многу често новото вселување и отворање на нови сквотови. Врз основа на политичките сквотови остра е реакцијата на државата, сепак и понатаму, во најголем број на случаи, може да се сквотира празен простор во Франција без опасност од апсење.