Раните акции на сквотирање во Хрватска не се јавуваат како реакција на немилосрдната комодификација/комерцијализција на урбаниот простор и не како реакција на фактот од непостоење простор за изразување на <<алтернативната култура>>
Иако во Хрватска мал е бројот на сериозни обиди за сквотирање, Еуген Вукович пристапил да напише краток осврт за успешните и неуспешните обиди за сквотирање во Загреб, од самите почетоци(пред повеќе од 10 години) па се до денес.
Овој преглед се темели врз сопствените сеќавања на Еуген за сквотираните простори во кои краткотрајно се задржал; дел од приказните од сведоците на разните акции за сквотирање кои немал можност да ги доживее од прва рака. Како последица на тоа можно е да потојат поголеми или помали фактографски грешки. Сепак овој приказ има за цел да ги прикаже сквотирањата во Загреб, кои се најзначајни, т.е. оние кои временски подолго издржале, побудиле одредено медиумско внимание или подлабоко се врежале во колективната меморија на групата која за нив биле заинтересирани.
Сквотирањето во Хрватска не се јавува(како што главно било случај во европските градови во кои сквотирањето во еден момент се јавува како масовна појава) како реакција на немилосрдната комодификација/комерцијализација на урбаниот простор, туку како реакција на фактот од непостоење на простор за изразување, од <<алтернативен простор>>(недостаток од некој подобар термин). Битно е да се забележи дека овие простори на <<алтернативна култура>> ( за цела вистина ниту пред демократските промени не биле во голем број) во постсоцијалистичкиот, HDZ-овски период се затворени во безизлезните механизми на пазарот; доживувајќи ги како потенцијални извори на политичка, т.е. идеолошка субверзија.
Како резултатот на условите, се случува сквотирање есента 1994 година, во Куглана, кое претстаува прв обид за сквотирање во Загреб, како и во Хрватска воопшто. Мотивите на тогашните сквотери/ки веројатно најдобро ги објаснуваат следниве изјави: << Да го разбереш тоа, мораш да ја проживееш 1994 во Хрватска. Тоа е најзаебаното време на ужасна репресија кога ништо, апсолутно ништо не можеше да се организира. Раните деведесетти беа период на издишување, па имаше некакви бранови на субкултура од доцните осумдесетти кои се уште одекнуваа, и тоа дури за време на војната, а потоа и кога започна војната, а потоа тоа потполно се распадна: таа стара генерација се пресели во Амстердам, Лондон, а овие другите…половината се депримираа, половина станаа наркомани од депресија. А реално…ништо, ништо немаше, ниеден простор за организирање на концерти, нема шанси да имаш инфошоп, било каков простор кој не е затруен со национализам, тамбурашка плех музика, онаа доминантна музика која потполна ги обзела сите сфери, од медиуми до физички простори.>>
Кугланата, која некогаш навистина беше куглана, се наоѓаше зад загребската автобуската железница , во Стројарската улица, заградена во склопот на бившиот рекреативен центар Tvornice Janko Gredelj. Во тоа време земјиштето беше во сопственост на градот Загреб, а дадено за користење на одбојкарскиот клуб Слога. Неколку години пред е издаден налог за рушење, па така сквотирањето не ги загрозуваше интересите никому. Иницијаторите за сквотирање се собраа главно од Загребското анархистичко движење, од невладините организации кои делувале во склоп на мрежата на Антивоените компании на Хрватска; поголемиот број од нив не беа помлади од 20 години. Освен споменатите проблеми од непостоење на простор за <<алтернативна култура>>, заедно во духот на традицијата за сквотерското движење во Западна Европа, на сквотерите/ките на Кугланата посебно големо влијание имаше примерот на сквотот од Љубљана- Метелкова, кој до тогаш опстојуваше веќе неколку години. Секако постои и една случај на прекинат концерт од страна на полицијата за одржување на концерт, кога Кугланата ги посети дружината од Метелкова, кои заедно со хрватските сквотери/ки поминаа извесно време во полициска станица. За жал, беше јасно дека за развој на цивилното друштво во Хрватска, таа 1994 година, не беа ни од далеку така добри како во Словенија: неколку дена по заземањето, Кугланата е срушена, веројатно по налог на некој од Градското собрание. За ,,добрите намери” на егзекуторот на Кугланата сведочи и фактот дека таа не е срушена во потполност, туку е само доведена до состојба на неупотребливост, додека градењето на новата зграда на нејзините рушевини почна две години подоцна.
Еден од иницијаторите на Куглана, по нејзиното рушење, продолжи да работи на истата задача (придобивање на простори за <<алтернативна култура>>) со други легални средства: така бившите сквотери од Куглана играа значајна улога во Здружението за развој на културата, т.е. URK (кое организирало концерти на тогаш, ретките, пристапни простори во Загреб), како Attack (кој во доцните деведесетти се повлече по разни подстанарски простори). А фактот дека тие две иницијативи на самиот крај на деведесеттите ја придобија Творница Јединство доживеа делумен успех, треба да се толкува со резултатот на јачењето на цивилното друштво во тоа време; тоа се случи не како резултат на државната политика, туку во борбата со нив.
TAXI-REMONT
Но. да ги занемариме тие легални кампањи и да се вратиме на она што претставува главен интерес на овој текст, тоа е акцијата за сквотирање (што најшироко можеме да го дефинираме како незаконско задржување на напуштените недвижнини), можеме да забележиме дека развивањето од <<падот>> на Кугланата па до падот на HDZ на изборите 2000, е обележан со обиди за сквотирање кои се со низок процент отколку во годините за времето на Кугланата. Сепак, еден обид од тоа време, кој секако треба да се издвои е Taxi-remont: комплекс на напуштени хали на улица Адџијин, позади бензинската пумпа; првите поголеми сквотирања во Taxi-remont се забележани доцна есен 1998 година. Релативниот успех на овој сквот се должи на два факти:
Во случајот со Taxi-remont посебно е интерес фактот дека е сквотиран постепено; подобро е да се каже дека е колонизиран. Бидејќи сите згради во комплексот Taxi-remont беа отворени, не било потребна накоја посебна акција за сквотирање.
Просторот најпрво е користен од неколкуте субкултурни актери/ки кои живееле во близината, прво користен како место за пиење и <<jamming>>, за да по некое време на истото место почнат да доаѓаат и нивните пријатели/ки и познаници/ки од другите делови на градовите, а доцната есен 1998 година просторот толку се зголеми што заличи на сквот.
Во неговите најубави денови можело да се најде многу продуктивни ствари: на пример во најголемата хала бил отворен skate-park со сите елементи, изграден во потполност по D.I.Y. принципот.
Пролетта 1999 година во Taxi-remont имаше обид за организација на концерт , кој е прекинат од полицијата која (сведоците тврдат намерно) ја оштетила дел од изнајмената аудио опрема.
За пропаста на Taxi-remont, од пресудно значење не беа упадите на полицијата, туку постојаните напади на наци-скинхедите. Taxi-remont, освен споменатите добри, имаше и една лоша страна: се наоѓаше во непосредна близина на еден угостителски објект кои го посетувале скинхеди. Тоа резултираше со тоа што сквотот во повеќе наврати беше запалуван; во неколку случаеви, со помош на бензин купен на бензинската пумпа, која се наоѓаше неколку чекори од влезот на комплексот! Веднаш потоа во комплексот веќе не постојат употребени згради, па просторот е напуштен. Во врска со тоа забележана е една од ретките реакции за Taxi-remont во mainstream гласилата: во црната хроника на еден од тиражните, дневни весници излезе статија со наслов ,, Местото каде пиеја младите Загрепчани изгоре”.
По напуштањето на Taxi-remont пролетта (или можеби рано летото) во 1999 година, повторно следеја поголеми периоди, во кои во Загреб немаше ниту еден посериозен сквот. Некои од бившите корисници на Taxi-remont ја трошеа енергијата во легалните простори како Attack, а некои на улица или пак надвор од Хрватска.
Првиот посериозен обид за сквотирање (воедно и првиот во потполност успешен обид за сквотирање во Загреб) се случи есента 2002 година кога е заземена Вила Кисељак ( кај некои позната едноставно како - сквот на Кнежиј).
Неколку факти кои укажуваат на тоа дека овој сквот се разликува од сите останати е:
MASARYKOVA 6
Уште еден забележан обид за сквотирање се случи лани есента, кога е заземен стан во напуштената зграда на Масариков 6. Зградата наводно е напуштена затоа што при градењето на новиот објект (кој се наслонува на неа) е нарушена статиката, па како таква станала несигурна за живеење. Имав можност да го видам споменатиот простор од внатре и можев да заклучам дека приказната може да биде вистинита; со голо око може да се види дека ѕидовите не стојат под прав агол .
Сквотирањето на тој објект ја направи ( нешто проширена) истата екипа која неколку месеци пред тоа го напушти сквотот на Кнежиј.
Значајниот медиски одек во овој случај веројатно е резултат на тоа што е сквотирана зграда во центарот на градот, како и начинот на кој е изведена самата акција. Имено, само што полицијата упаднала, по прв пат, во сквотот и ги привела нивните станари, тие по два дена од пуштањето од полициската станица-повторно го зазеле просторот, со тоа што овој пат сквотирањето го претвориле во вистински уличен перформанс: низ прозорот на станот се исфрлани транспаренти, додека еден од сквотерите/ките ги снимал минувачите со видео камера, за да се испита дали воопшто им е јасно што се случува. За чудо немало никакви непријателски реакции од минувачите и околните станари, а веста за тој настан е објавена во двата најтиражни дневни весници.
За на крај треба да се каже по нешто и за влијанието на сквотирање во пошироките-социјални процеси во Загреб. Без многу двоумење може да се заклучи дека до сега нема никакво влијание.
Во градовите во кои сквотирањето се јавува како посебна масовна појава, таа никогаш не довела до значајни промени во начинот на функционирање на урбаната целина.
Каде што еднаш се појавило масовно сквотирање, тоа е или избришано со изразена репресивна постапка или пак се одржува на тој начин за да не ги менува плановите за урбан дизајн кој го зацртала државата и капиталот.