Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Сквотерско движење во Холандија

Сквотерското движење во Холандија започна во 1965 година, а врвот го достигна во почетокот на 1980-тите, т.н. златни години на сквотерското движење. По тие години одеднаш опаѓа, за да се стабилизира дури во 1990-тите кога преминува во заземање на напуштените простори на периферијата, вон политичките битни делови на градот. Сквотовите на холандски се викаат Kraakpands, а сквотерите Kraakers.

Во Амстердам сквотерското движење е многу силно и во секој момент брои неколку илјади сквотери во неколку стотина заземени простори и се смета парадигматско не само за Холандија туку и за цела Европа. Иако повеќето од нив се млади, има и повозрасни од 40 и 50 години, кои се исто така дел од сцената, а има и многу странци кои живеат тука.

Амстердамските сквотови може да постојат од неколку месеци до неколку децении. Duivenvoorden (2000) проценува дека во Холандија, помеѓу 1965 и 1999 година околу 50 000 луѓе вкупно живееле во сквотовите некое време. Амстердамската општина откупи до сега околу 200 градби кои сквотерите ги зазеле и ги легализира. Поголемиот број од тие згради ги координира станбено здружение кое склучува договори со сквотерите.

Историјат

 

Интересно е како сквотирањето започна во Амстердам.

Крупните сопственици на недвижнини нарочно ги оставале становите празни и со тоа создавале вештачко намалување на станбениот процтор, за да си ја подигнат цената на метар квадратен. Во еден момент на повеќето им ,,прекипе” и многу млади луѓе едноставно одлучиле да се вселат во празните згради.

Провосите, познатите холандски активисти/ки од 1960-тите, ги поттикнале раните акции на сквотирање, а во нивните ,,бели планови” било и вселувањето во празните станови и куќи. По Ханс Прујт, во втората половина на 1970-тата во Амстердам имало околу 600 000 жители и околу 53 000 луѓе кои барале сместување, а редот за чекање за сместување на студентите/ките бил подолг од времетраењето на студиите.

Сквотерите/ките своите активности често ги претставуваат како протест кон недостаток од станбен простор и на тој начин ја добиваат широката подршка. Justus Uitermark, социолог од Амстердеам вели: ,, Сквотерското движење се појави во 1970-тите како главна сила која е способна недостатокот од станбен простор да го стави на политичка агенда”.

Помеѓу 1968 и 1981 година заземени се повеќе од 25 000 градби низ цела Холандија, а од тие 10 000 само во Амстердам. (1) Постоеле сквотерски барови каде сквотерите/ките се собирале за договарање на следните акции, каде можеле да дознаат за новите сквотови, да читаат сквотерски публикации и да се дружат. Постоеле сквотерски кујни за бездомниците и сиромашните, сквотерски совет кој ги координирал сите акции и информативни центри ( во сквотираните згради) во кои можеле да добијат правни совети и помош од адвокат, да поднесат жалба против полициската бруталност и против сопственикот на недвижнини. Прујт забележува дека во 1981 година во Амстердам биле 9000 сквотери.

Освен тоа што луѓето сквотираат за да има каде да живеат, се јавуваат и политички битни акции како реакција на се поприсутното чувство на незадоволство со владините планови за намалување на бројот на станови во градот, за менувањето на живеењето и за функционализирање на улиците и со инфраструктурата. Многу луѓе се бунеле затоа што владата повеќе се грижи за автомобилите отколку за луѓето. Во тој период се измислија слоганите како:

 

 

Groote Keyser

 

Пресврт во сквотерското движење претставува Groote Keyser, низа од шест, преубави, стари згради долж еден од амстердамските канали во стариот, историски дел од градот. Зградите кои претставувале културни градини биле предвидени за рушење, а ги поседувала компанијата OGEM, која во очите на многу претставувала неоснован ( шпекулативен) капитализам. Иако поголемиот број од станарите/ките доброволно си отишле, без да чекаат да ги избркаат, мал број на оние кои одлучиле да останат и да ја бранат зградата побарале од јавноста помош. Во еден момент амстердамските сквотери/ки им тропнале на врата и во тој момент нивните надежи пораснале.

Поставиле барикади и оформен е тим за известување, а Groote Keyser набрзо станува ,, гордост на сквотерското движење”.

 

 

 

За време на исчекувањето, сквотерите/ките ја утрдиле куќата, ја организирале обраната и го основале пиратското радио Free Keyser каде се емитувало хардкор-панк музика и сквотерски соопштенија, а кое постои и денес. (3) Праќале извидници, за да дознаат кога полицијата тргнува; стотина луѓе биле подготвени, а се живеело во деноноќна опсада.

 

Првите напади на Groote Keyser биле тепачите кои ги најмил сопственикот на недвижнината, а по нивниот пораз дошла полицијата. Сквотерите/ките во зградата добивале помош, со тоа што младите ја гаѓале полицијата со камења. Сквотерите/ките биле толку подготвени за борба со полицијата, што имале маски и лимони кои ги цеделе во очите за да го истераат гасот, во моментите на фрлање на солзавците;

 

 

 

 

Многу сквотери/ки самите себе си се нарекувале автономни (аутономен) по своите соборци од Германија. Кога Борбениот автономен фронт ја презема одговорноста за бомбашкиот напад на градскиот секретеријат за доделување на станови, во медиумите веднаш биле претставени како терористи. На сите тие приказни кои ги прошириле тие одговориле со една покана. Уредниците од сквотерскиот зин Bluf! го повикале еден од најпознатите мејнстрим новинари на ексклузивно интервју. Новинарот секако се согласил и однесен е на ,,тајна локација”, со преврска на очите. Таму уредниците на Bluf! кои за интервјуто се подготвиле на тој начин што ги научиле класичните револуционерни слогани; му дале интервју на новинарот и му дозволиле да се слика со нив. Подоцна во весниците објавено е интервјуто и сликата на ,,храбриот новинар” со ,, маскираните припадници на Борбениот автономен фронт”. А Bluf! зинот ја објави сликата на новинарот со преврска на главата во друштво со тројцата уредници на зинот.(6)

 

Се создадоа две струи на сквотери/ки:

 

 

 

НЕ СМЕЕМЕ НА ФАШИСТИТЕ ДА ИМ ДОЗВОЛИМЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ

Пред хотелот била полицијата, која ја предупредила толпата да се разотиде, во спротивност ќе применела сила, на што неколку стотици присутни луѓе се изнасмеале. Полицајците потоа ги известиле политичарите: ,,Господо, имаме непријатни вести за вас, пред хотелот има 200 разбојници и ние не можеме да ве заштитиме.” Набрзо цигли, флаши и димни бомби почнале да влетуваат низ прозорот, затоа што здружените сакале да ги натераат политичарите да излезат, физички да се пресметаат со нив. Една димна бомба се закачила на завесата и набрзо настанал пожар. Сите почнале да бегат, а една жена, секретарка на партискиот лидер, ја изгубила ногата (која и е ампутирана од здобиените повреди) кога излегувала од прозор од вториот спрат.

Тоа е само мал дел од војната која во 1980-тите сквотерите/ките ја воделе против десничарските конгреси ширум земјата, по селата и градовите. Ги растурале со масовни борби, димни бомби и други начини.

,, Организацијата беше како мафијашка тајна служба. Моторите јуреле насекаде, ги следеле фашистите и се одело како добро подмачкана машина” вели еден од очевидците, Каспер;

 

Се помал број на Холанѓани/ки сакале да сквотираат, движењето започнало да се поврзува со германските автономци, сквотерите/ките се пополнувале со активисти/ки од цела Европа. Сквотерите/ките во медиумите се прикажувале како туѓинци/ки; а неофашистичките скинхедс групи ги напаѓале сквотерите/ките често пред очите на полицијата.

Во тој период од сквотерското движење се роди RA RA (Анти-расистичка акциона група) која со фашистите воделе вистински улични борби. Репресијата кон движењето станувала се почеста, нивните (ре)акции се поекстремни, а истовремено популарното сквотерско движење стана се послабо;

 

 

Социјал-демократите кои тогаш биле на власт, покажале дека приоритет не им е решавање на станбеното прашање и невработеноста, туку проблемот со сквотерите/ките; кои тогаш сфаќаат дека за нив нема некоја разлика дали владата е левица или десница.

 

Во 1990-тите центарот на Амстердам се чисти од преостанатите сквотови и се преуредува во места за туристи, а во центарот речиси и нема сквотови.

 

Иако во текот на економскиот бум на 1990-тите, се што било алтернативно било задушувано, сепак при крајот на 1990-тите доаѓа до промена на ставовите на градските власти кон сквотовите и почнува да се цени нивното културно значење за градот. Многумина сметаат дека тоа од причина што Амстердам станал досаден;

 

Сквотерите/ките се здружиле за заедничките акции: дебати, јавни расправи, манифестации, улични уметности, демонстрации, привлекување публицитет, објавувања на книги, писма до владата итн. Добиле поддршка од многу културни институции и јавни личности во Холандија. Во исто време Амстердам е критикуван од надворешноста, дека го губи својот имиџ на толеранција и дека веќе не претставува возбудлива културна клима полна со експерименти како некогаш. Уметниците го менувале Амстердам за Ротердам, а на Амстердам и се закануваше опасност да стане музеј од 18 и 19 век, појас на канали кој е привлечен единствено од повозрасните;

 

 

 

3. 2000-тите

Иако движењето денес е значително послабо отколку во претходните децении; а од забрзаната гентрификација се повеќе се преселуваат од центарот кон периферијата; сквотовите се сега еден од симболите на Амстердам, па можат и да се најдат и во туристичките брошури, каде се споменува како една од главните атракции. За нив често се снимаат и документарни филмови.

Движењето денес не е толку милитантно, а сквотерската мрежа денес издава водич на сквотови во градот, имаат свој ТВ програма, интернет кафеа, фитнес центар и нудат услуги за изнајмување на велосипеди и автобуси.

Заземените куќи редовно се поправаат и се одржуваат; се плаќа греење, струја и вода. Тешко е да се рече за сквотерите/ките дека се паразити, но многу од луѓето ги доживуваат како туѓинци, што е и чест случај, затоа што многу од нив се Италијанци, Германци и луѓе од бивша СФРЈ, а се повеќе Африканци и Арапи кои немаат пари за стан.

Незадоволна од приливот на странските сквотери, Miriam Otten од градските власти, вели дека ,, многу луѓе мислат дека во Амстердам е можно се, а всушност не е И тоа полека почнува да се сфаќа”.

Сквотираните згради по Амстердам, може да се препознаат по зелените, жолтите и црвените прозорци и мноштвото на памфлети на нив, заедно со знакот за сквотирање (која личи на заокружена молња) на сите им кажува дека зградата е сквотирана. Овде луѓето од разни страни на светот наоѓаат бесплатно сместување, студенти, младина, punk-ери, работници, емигранти и останати кои немаат пари за хотел.

 Во евтините згради наменети за рушење, сквотерите/ките им ги даваат клучевите од празните простори, со надеж дека ќе ја оживеат зградата и ќе го одложат рушењето. Најчесто иселувањето е во бранови, кога полицијата иселува неколку сквотови за два-три дена; тоа го прават неколку пати во годината. Поставувањето на барикади за сквотерите/ките има ефект, затоа што ако успеат да се одбранат еден ден или два, најчесто остануваат во просторот до следниот бран.

Амстердамските сквотери/ки се многу солидарни што покажува настанот од 2000 година. Едно попладне полицијата свратила до сквотот во Swammerdamu (источен Амстердам) да ,,ги проверат нивните сигурносни мерки, меѓутоа да не реагираат ”. Сквотерите/ките пратија повик за узбуна и за неколку минути луѓе од целиот град почнале да пристигнуваат.  Луѓето набрзо го закрчиле сообраќајот, маскирани сквотери биле на покривите, вратите и прозорците биле цврсто забарикадирани, а на покривот висело знаме:

ЗОШТО ПРИВАТИЗАЦИЈА, КОГА МОЖЕ КОЛЕКТИВИ ?

Сквотерите/ките одлучиле дека ваквото вознемирување не може да помине туку така и група од 60 луѓе отишла до блиската полициска станица да ,,ги проверат нивните сигурносни мерки, меѓутоа да не реагираат никако”.

 

Сквотерите/ките сакале да го прикажат поширокото значење на сквотовите за холандското друштво, покрај овозможувањето на место за живот на сквотерите/ките.

Во некои градови, како Вагенинген и Ајндховен, се организирани велосипедски тури.

Во текот на кампањата, Ten Hoopen дошол во средиштето на медиумското внимание, но со секој одговор на новинарските прашања ја губел подршката и кредибилитетот.

Зелената партија и социјалистите, собраниската дебата ја насочија во правец на станбеното прашање и шпекулациите со недвижнините. Нагласено е дека постојат милиони квадратни метри празен, работен простор во Холандија. На крајот одлуката беше дека нема потреба од нови закони, а се темели на аргументите кои сквотерите/ки ги изнеле при кампањата против донесувањето на новиот закон.

 

Сквотирани села

Веднаш до Амстердам, на брегот на морето се наоѓа селото Ruigoord кое целосно е заземено од сквотерите/ките и кое прерасна во уметничка комуна.

 

Вакви примери има низ Холандија, а трендот на повторното населување во селата е се популарно во Европа.

 

Закон

Сквотирањето е легално во Холандија. Просторот кој не се користи повеќе една година, со закон се смета за напуштен. Кога просторот е напуштен, секој/а може да почне да живее во него, а по 72 часа сопственикот веќе не може да го/ја исели без судски налог. За да добие налог, сопственикот мора да докаже, по судски пат,  дека просторот ќе почне повторно да го користи.

Сквотирањето по правило се врши со подршка на сквотерската организација, во спротивност се нарекува ,,диво сквотирање” и голем број од сквотерите/ките не го подржуваат тој начин, затоа што не допринесува за пошироката заедница.

Практично тоа изгледа вака: сквотерите/ките некако ја отвораат вратата на празната куќа, која не е нивна, го внесуваат ,, сквотерскиот сет”, т.е. кревет, маса и стол, потоа ја известуваат полицијата дека тој простор е веќе нивен дом, каде ќе живеат без плаќање на станарина.

Пријавување на сквотови на полицијата има предност за сквотерите/ките, затоа што сопственикот тогаш ќе биде присилен да мине низ судски процес за да ги докаже своите тврдења, а сквотерите/ките никој не може да ги вознемирува без судски налог. Единствен нелегален чин е провала, меѓутоа мора да биде докажана.

Ако полицијата стигне додека сквотерите/ките провалуваат внатре, ќе бидат уапсени.