Последните неколку месеци од 1995 година се забележани бранови од обиди, од владеачките структури да ги отстранат сквотерите/ките од Gauteng. Постојат околу 7 милиони сквотери/ки во Јужна Африка.
Во јуни 1994 година, државата, цивилните организации и сквотерите/ките се согласија да направат пауза со населувањата на земјата и депортациите. Па така сквотерите/ките, пред тој јуни 1994 година, нема да се соочат со евикцијата. Сите доселување на оваа земја по тој период, ќе бидат нелегални. Договорот се користи и за напад на заедницата на сквотерите/ките.
Сквотерите/ките се отстранети од Moffat Park, во јужен Johannesburg од страна на Greater Johannesburg Metropolitan Council. Овие акции се поддржани од конзервативните (,,бели”) жители, кои тврдат дека сквотерите/ките се со ниски стандарди на материјално поседување и дека се предизвикувачи на криминал. Тие можат да го ,,спалат” до темел кампот со ,,полно” право ако евикцијата не делува.
Во октомври, се случија сериозни преговарања помеѓу сквотерите/ките, кои бараа да се изградат нови куќи и помеѓу приватната безбедност, вработена во советот на Johannesburg. Судот одлучи забрана за понатамошни преговарања во таа област. Отстранувањето на 300 куќички од паркот започна во средината на декември. Полицајци, војници и приватно обезбедување беа присутни за да ги спречат сквотерите/ките да ги нападнат булдожерите. Сквотерите/ките беа против евикцијата и се трудеа повторно да ги изградат нивните куќички. Повеќето се согласија дека ANC е стратешка ,, преселба” на сиромашните луѓе, со ветувањето за нови куќи.
Најпрво советот на Johannesburg одби да им помогне на сквотерите/ките со алтернативна земја, со фактот дека на тој начин ќе ги охрабрат новите населувања. Подоцна е донесена одлука да се преселат сквотерите/ките во празна зграда во Johannesburg, додека не се најде нов простор. Околу 700 сквотери/ки се населени во оваа зграда. Условите не се задоволени, нечисто е, со неколку канализациони чворови, неколку тоалети и чиста вода. Околу 120 сквотери/ки останаа во Park-от, под изговор дека предалеку се лоцирани од нивната работа.
Парламентот на Gauteng се обиде да премести 450 сквотерски фамилии кои живееја во источниот, рурален дел на Alexandra, што беше помалку успешно. Во септември, судот одлучи да се преместат. Евикциите започнаа при крајот на октомври. Сквотерите/ките го блокираа влезот на кампот со дрва и фрлаа камења на работниците кои дојдоа да ги уништат малите куќарки. Тие беа отстранети со гумени куршуми и експлозивни бомби. Преселбите беа прекинати со законски факти, во ноември. Владата на Gauteng и на советот на Johannesburg ветија дека ќе се борат со оваа одлука.
Обиди за преместување на сквотерите/ките имаше во Parktown, Langlaagte, Thokosa и Tembisa.
,,Ние се бориме против сите присилни преселби. Преселбите предизвикуваат болка и не нудат никаква алтернатива околу проблемот на бездомниците. Владата дава цела лепеза на причини за преселувањата. Во случајот со Moffat Park, јасно е дека ние сме точка на реакционерната ,,бела” сатисфакција. Во градовите се врши етничка поделба долго време”.
Како причина се наведува дека во Parktown сквотерите/ките создале ,,здравствен проблем”. Како и да е, евикцијата нема да го реши тој проблем. Она што е потребно е подигнување на заедницата со овозможување на основни сервиси. Преселбите во Alexandra и Thokoza се објаснети со тоа што сквотерите/ките се преселуваат на друга земја, настрана, каде ќе се развијат ефтини куќи. Тензиите се зголемија со отсликувањето на сквотерите/ките како "queue jumpers" кои им го крадат местото на луѓето кои чекаат трпеливо за живеалиште.
Вистината е дека многу малку земја е оставена на страна за да се направи нешто со неа. Затоа и постојат масовни листи за чекање и затоа не постои достапна земја за сквотерите/ките. Ситуацијата ги принудува ,,обоените” работници и сиромашните луѓе да се борат против ограничените благодети.
People have to live somewhere !!!
Погрешно е да се бркаат бездомниците од земјата која е украдена од колонизаторите во прво време.
Покрај тоа, плановите за живеалиште мора да бидат флексибилни и демократски, до таа мера за да ги задоволат конкретните потреби на луѓето. Треба да овозможуваат помош за бездомниците, а не да бидат оружје за да се оправдаат преселбите.
Луѓето се бездомници затоа што тие доаѓаат во градот од фарми и од нивното живеалиште; затоа што владата на апартхејдот се труди да го ,,заштити” обоеното население од населување во градот и затоа што бизнисот не гледа профит да гради куќи за сиромашните.
Новата влада зема некакви позитивни чекори за решавање на проблемот со живеалиштата, меѓутоа плановите не ги опфаќаат проблемите, а и нивното реализирање се одвива многу бавно. Досега околу 10 000 куќи се изградени за сиромашните. Мора да се направат акции за да победат нивните права за заштита и безбедност.
Сквотерите/ките од Moffat Park и Tembisa неодамна помогнаа на National Homeless Organisation of South Africa (NHOSA) да инсистираат на владата да ги чуе сквотерските прашања и да ја обезбеди земјата со вода и тоалети. NHOSA се закани дека ќе возврати со масовни акции. Ова е еден чекор напред