Циклусот на сквотирачки акции, со цел да се формираат автономни социјални центри во Хелсинки, започна на 1-ви мај 2001 година. Група од 50 сквотери/ките ја заземаа празната зграда во сопственост на Ирачкото претставништво. Ја окупираа 6 часа и ја напуштија самоиницијативно, за да избегнат конфликти со полицијата и преговори со Ирачката амбасада за употреба на зградата.
Сепак, со преговорите никогаш не се дојде до некаков резултат и куќата остана празна. И покрај фактот дека сквотерите/ките не можеа да го задржат просторот, беше забележителен настан и значаен чекор. По првото сквотирање започнаа серии од акции во Хелсинки. Новата генерација сквотери беше родена и беше јасно од самиот почеток дека оваа генерација мора да биде порадикална и пореволуционерна од нивните претходници.
Од првиот обид за сквотирање, во 2001 година, намерата на сквотерите/ките беше да формираат автономни простори, социјални центри, без спогодби со принципите. Мора да биде конкретна, а не симболична акција. Сквотерите/ките отфрлаат лидерство. Одлуките се донесуваат преку консензус. Сквотерите/ките потенцираа дека сакаат автономија, а не компромиси со авторитети, доколку влијаат на активностите во сквотираните простори.
Следниот обид за сквотирање се случи во септември 2001 година; траеше подолго и забележа значаен успех во поставувањето на основата на сквотирачката сцена во Хелсинки. Куќата која беше сквотирана беше 5- спратна зграда Koivula, која се користела како живеалиште за вработените од менталната болница Lapinlahti; сместена во паркот близу центарот на Хелсинки. Во интерес на градскиот совет беше да ја зачува болницата од затворање. Целта на сквотерите/ките беше да ја претворат во автономен социјален центар, а акцијата од медиумите и политичарите беше забележана како протест за да се зачува болницата. Повеќето сквотери/ки ја подржаа оваа причина, но им беше јасно на сите сквотери/ки дека главната причина за преземање на акцијата беше недостатокот од автономен простор и живеалишта во градот.
За време на 6-неделното постоење, околу 20 луѓе живееа во куќата и 30-тина го користеа просторот, покрај бројните посетители; и покрај постојаното малтретирање од полицијата, бирократите и лицата од обезбедување. Тој период ги охрабри сите сквотери/ки; повеќето од нив не виделе, ниту пак живееле во автономни социјални центри претходно. Во неделите во кафулето кое се наоѓаше во куќата се одржуваа журки, проекции на филмови и состаноци. Бидејќи беше голем бројот на луѓе кои живееа во куќата, секогаш се случуваа некакви активности проследени со ,, кулирање и уживање”.
Koivula беше одземен утрото во понеделник, по 6 недели од окупацијата и 12 луѓе беа уапсени неколку часа. Куќата остана празна, но се користеше повремено како асоцијација за млади со ментални проблеми. Причината за која сквотерите/ките беа гневни не се обвистини.
Евикцијата ги остави голем број без живеалиште и затоа се сквотираше друга куќа. Сквотот се уште постои без да се плаќа надомест, но никогаш не се разви во отворен социјален центар, туку во место за живеење.
2002 година : Борбата продолжува
Обидите за сквотирање кои не дадоа плод во 2001 година, не ги бутна на земја идните сквотери/ки. Во јуни 2002 година беше сквотирана зграда и именувана Социјален центар T.Ö.I.( која претходно била дом за поддршка и рековалесценција на алкохоличари). Сквотерите/ките ја заземаа и зградата во Kivihaka за една недела, која се наоѓа северо-западно од центарот на градот. Таа беше дадена на клубот на моторџии, кои пак од своја страна го загубиле нивниот простор. Без разлика дали просторот е ветен на клубот пред или по сквотирањето, сквотирачите/ките одлучија да го напуштат просторот, самоиницијативно.
Социјалниот центар Siperia е сквотиран на 17-ти октомври, 2002 година. Единствената окупација во Хелсинки која постои повеќе од 2 месеца и се уште фукционира. Акцијата се совпадна со протестот Night of the Homeless, борба против бездомништвото; се организираше низ Финска, како и низ Европа.
Siperia е мала дрвена куќа во Herttoniemi, во источниот дел на Хелсинки. Куќата е во сопственост на градскиот совет, но е напуштена и оставена летото 2002 година; градскиот совет нема никаква полза од неа. Првата реакција на градскиот совет, по сквотирањето на куќата, е што прати тим на работници, да ги стави катанците на врата. Кога сквотерите/ките го сфатија ова, на закажаниот ден сквотерите/ките поставија метални барикади на вратите. Работниците на местото на настанот ги дочекаа 20-мина сквотери/ки кои седеа пред вратата и тие немаа друг избор освен да си отидат. По овој инцидент, службите се согласија да потпишат привремен договор за рентање, со цена од 50 евра месечно.
Сквотерите/ките ја реновираа и обновија куќата. Приземјето на куќата е преиначено во едно кафуле-простор за журки. Поткровјето од куќата ја опфаќа кујната и дневната за луѓето кои работат во куќата. Нема постојани жители, а просторот е создаден колективно и многу индивидуалци/ки кои трошат големи суми на ресурси, како пари така и време, за да го подобрат просторот.
И покрај тоа што службите ја напуштија куќата на милост и немилост и со тоа на сигурно нејзино уништување, се трудат дури и да ги закочат активностите кои се случуваат во куќата-активности кои се организираат од оние кои ја спасија. Договорот за рентање секогаш беше на 2-4 месеци, со што се отежнуваше долгорочното планирање на активностите во куќата. Не постои договор од декември 2003 година, од кога претходниот договор истече. Сепак, центарот не е одземен. Преговорите со службите околу просторот се одвиваат и по се изгледа дека постојат големи шанси корисниците/чките на просторот да ја добијат победата над бирократијата и репресијата. Тие добија поддршка веднаш по жешкото лето на сквотирање од нивни симпатизери кои се членови на Council Youth Department, што беше полезно околу преговорите. Сквотерите/ките се уште немаат волја да прават компромиси кои ќе влијаат на активностите во просторот.
Siperia е од битно значење за сквотерите/ките, како и за други потиснати групи од Хелсинки; сепак не ги задоволува потребите. А тоа е постоење на автономен простор во градот. Куќата е премногу мала за големи концерти или пак за состаноци, не постои водна инсталација; генерално се уште е во лоша состојба. Освен тоа, Хелсинки е голем град и има потреба од повеќе социјални центри во градот, затоа што има многу активности кои не може да се соберат во една куќа.
Затоа сквотирањето продолжува.
На 7 јуни 2003 година по настанот Reclaim the Streets во центарот на градот речиси 400 луѓе ја окупираа халата на Töölönkatu 51 B, која не се користеше. Просторот е голема индустриска хала изградена 1909 година, дизајнирана за јавна употреба и е празна од 2000 година. Окупацијата траеше 5 дена и беше отворена под името Окупиран Социјален Центар Т-51, пред да се случи операцијата на масовна евикција. Ова е првиот случај кога за евикција на сквотерите/ките се појави и полицијата. Како и да е, никој не беше повреден, освен оние кои беа блокатори се здобија со помали повреди. Зградата не се користеше неколку месеци. Сега се користи за комерцијални цели.
Ако Siperia беше сквотирана од неколку луѓе и не привлече медиумско внимание, сквотирањето на Т-51 беше масовен настан. Флаерите за журката беа разделени на Reclaim the Street настанот и како резултат на тоа илјадници луѓе дојдоа. Планот на полицијата да ги попречат пред да пристигнат во сквотот пропадна. Илјадници гневни луѓе врескаа на полицијата ако не дозволуваа да влезат. Одеднаш, некој скрши прозор и луѓето почнаа да се протнуваат низ него. На крајот, имаше околу 1000 луѓе на забавата таа ноќ, а полицијата беше беспомошна.
Следниот ден 70 луѓе дојдоа на состанокот. Постоеше голем ентузијазам и голем број на нови ликови. За време на окупацијата медиумската поддршка беше голема, иако окупацијата главно беше опишана како младински обид за да се создаде простор за културни активности и протест како последица од затворањето на Младинскиот совет и културни сервиси-и покрај силната цел на сквотерите/ките да изградат политички, автономен простор. Стана јасно, посебно на оние сквотери/ки кои се со поголемо искуство, дека треба да ја прецизираат нивната цел и да ја одржат нејзината состојба, непроменета од самиот почеток. Тие го сакаат просторот само за нив, а не за некакви недефинирани цели. Тие сакаа да создадат автономен простор, а не советот да им го даде просторот на нивните сопственици или пак на некои други младински организации.
По евикцијата следеа демонстрации кои беа пратени со уште една сквотирачка акција, истата недела. Акцијата пропадна и заврши со една голема журка во Siperia. Луѓето не го изгубија духот, туку започнаа со планирањето на идните акции. Многу луѓе го поминаа своето време на Siperia.
На 23 август 2003 година, околу 1000 луѓе се собраа за Reclaim the City настанот, плус се окупираше простор од некористени, младински клубови во Herttoniemi, во источниот дел на Хелсинки. Просторот е празен од јуни истата година, 450 метри квадратни површина, има концертна хала и сцена. Преговорите околу беа беа во прогрес, со двајца членови од градскиот совет
( од младинската и секторот за култура), меѓутоа полицијата изненадувачки нападна, ја евиктира зградата, по 5 дена поминати во употреба. Сите кои беа внатре, вкупно 31, беа уапсени, вклучувајќи ги и двајцата преговарачи од советот. Речиси сите сквотери/ки полицијата ги држеше 24 часа, ги малтретираше и им се закануваше. Очигледно е дека ваквиот настан имаше цел да ги заплаши сквотерите/ките; некои од нив беа малолетни или пак никогаш не биле во ќелија. Меѓутоа имаше друг ефект. Искуство, кое само ја соедини и засили сцената на сквотирање во Хелсинки.
По овој дебакл, бирократите од градот уште еднаш се согласија да преговараат околу употребата на OSC Siperia. Решение: три месеци на окупација. Нема ветување за разумни сервиси, нема гаранција за следни окупирања. По се изгледа тие сакаат сквотирањето да продолжи.
Сквотирањето не е легално во Финска. Ако скршиш прозорец, или пак ако било како влезеш во некој простор кој е заклучен се смета за криминал. Ако влезеш во ,,простор во кој немаш право да влезеш “, се смета за криминал, но е казниво ако постои видлива штета причинета при окупацијата. Сквотерите/ките можат да одбијат да ги следат полициските наредби, како и да одбијат да ги напуштат окупираните простори, ако на тоа ги принудат.
Само првиот случај на сквотирање е донесен на суд. Една година по окупацијата на Ирачката амбасада, повеќето од сквотерите/ките беа повикани на разговор и повеќето од нив беа упасени. Спред законот на Финска, казните за провалување исчезнуваат по две години и повеќето од сквотерите/ките се извлекоа од случајот. Како и да, пет од групата се појавија на суд во ноември 2003 и беа казнети со 60-120 евра од лице.
Во моментот на апсење, оние кои одбиле да ги следат полициските наредби, биле казнети веднаш во полициската станица. Некои од казните се платени колективно, а некои одбиле да ги платат.
Vapaa Katto ry.
Веднаш по првата акција на сквотирање, ,,новата генерација” на сквотирачи/ки беше формирана на 1-ви мај 2001 година. Претставува преговарачка алатка против бирократите; нема политички идентитет, не е структура за создавање на одлуки. Во суштина, што помало внимание примаат, тоа подобро. Тоа се луѓе кои се вклучени на разни места или акции, кои даваат значење на просторот или акцијата-ова никогаш нема да биде направено од било која асоцијација, име или идентитет.
The Night of the Homeless
Главната идеја на настанот е да се доведат бездомниците во центарот на вниманието, нивниот оган да се постави на плоштадот или близу до оние кои се моќни; за да се потсетат оние кои се моќни дека ноќите стануваат студени и дека сите немаат адекватно живеалиште. Ноќите на бездомниците ќе се одржи повторно во градовите наоколу Финска и на други места, на 17 октомври, U.N. денот против моќта и забраните.
Огинот ќе се одржува во текот на ноќта.