Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти

Ултранационални, фашистички и нео-наци движења во Русија

од Питер Мекнели

Питер Мекнели (не е неговото вистинско име) веќе преку 20 години ја истражува американската и европската екстремна десница. Неодамнешниот убиствен напад на еко-кампот во Сибир го предизвика ова интервју, во кое Питер открива некои малку познати факти за една од најголемите во светот и, за многу западни анархисти/ки, најмалку познати мрежи на ултра-националистички, фашистички и нео-наци движења.

Ури Гордон: претпоставувам, најдобро прашање за почеток би било за какви активности збориме тука? Што прават овие луѓе и како се организираат?

Питер Мекнели: па, се зависи од тоа колку добро се тие организирани. Обично ја имаш типичната скинхед насилно-момче политика, кој тепа некој црнец, или левичар, или што и да е. Многу пати се работи за око за око, фашисти/ки версус анти-фашисти/ки политика која си има свој момент. Во основа, би можело да се каже тоа е војна помеѓу политички банди, иако на многу минискулно ниво.

Тоа не значи дека не постојат места каде лужето се под сериозна закана од силното присуство на десничари/ки кои, како и на многу места, се во комплетно соучество со џандарите/ките. Затоа што џандарите/ките ги преферираат нив пред лудите заебани анархисти/ки, нели? Па така можат да идат со нешто како, “Ок, не го разбирам тој ваш нацизам, но се додека ги претепувате овие говнари/ки кои не ми се свиѓаат, ќе се праам ќор. А, еве ти и некој денар за пиво”.

Е тоа ти и она најдоле. Потоа следното ниво се луѓето кои ги венчаваат, не толку за некоја политичка канцеларија, колку за некоја активност од повисок профил. Така, како во сад, така и било каде, можеш да си млад, паметен скинхед кој подоцна мало ќе го очистат, разубават и стануваш посериозен играч на политичката сцена. А овие луѓе се таму зошто имаат многу подобра фаца од Иван Иванов, глуп дебел скинхед, и затоа што се далеку поучени. Тоа не значи дека некој умен скинхед не може да биде еден од нив, се зависи од околностите.

Понатаму, политичките партии како Националните Бољшевици (НБП) имаат поворки и публикации, веб страна и коннвенции за да покажат колку легитимна им е партијата. Потоа тука е Жириновски кој всушност е десничарски либерал од економски аспект, придружено од геополитичкото верување за руска супремација. Или пак, во случајот со некои од поконзервативните десничарски партии во Русија, зад нив стои сериозна структура и дел од воениот и безбедносен апаратус. Сите овие партии имаат и вонпарламентарни активности и мрежи.

УГ: Значи кога велиш дека некои луѓе се венчаат...

ПН: кој ги венчава? Па, може да се постари екстремни десничари кои имаат врски со богатата класа. Мислам, тоа е типично. Во бизнис класата секога ќе имаш некој процент на луѓе кои се многу блиски на фашизмот или националниот социјализам, тие сакаат своја стабилност и некоја форма на економска заштита, заедно со ефтина работна сила на располагање. Исто така тука не смееме да ги потцениме поконзервативните делови на војската и ФСБ, наследникот на КГБ.

УГ: Московското биро за човекови права минатата година процени дека руската екстремна десница има околу 50000 луѓе. Дали оваа бројка е барем прилично точна?

ПН: Па, зависи од тоа дали се тоа симпатизери/ки или луѓе кои се активен кадар. НБП тврди дека има 15000 луѓе. За скинерите, навистина не би можел да кажам зошто се толку маргинални, и затоа што само неколку од овие луѓе било кога изнеле нешто, затоа што многу од нив се неписмени. Мислам, тоа е онаа небулоза, што на ваквите луѓе многу потешко им се влегува во трага.

Со НБП, сите демонстрации за кои сум чул биле или во Москва, Петроград, или Балтичките републики; Памјат се нешто слично мислам, поконкретно, највеќе Москва. Мислам дека што поисточно одиш станува се полокално. Исто така, одредени места може да имаат големи Oi сцени или скинхед субкултури. Може да се изненадите колку некои изолирани места имаат огромна популација на симпатизери/ки. Може да најдете некое место кое се наоѓа сред никаде и е навистина гадно. Но, затоа што е навистина огромна земја тешко е да се каже генерално било што. Русија покрива отприлика шестина од светската земјина маса.

УГ: Што можеш да ни кажеш за појавувањето на модерната крајна десница во Русија?

ПН: Прво нешто што е битно луѓето да сфатат е дека во општествениот контекст на стариот Советски Сојуз постоеше една цела лепеза на политичка дискусија. Како и со било која друга тоталитарна и авторитативна држава, постои погрешно разбирање дека станува збор за единствен монолит на идеи. Во реалност, постоеше еден широк спектар во рамките на она што беше сметано за граници на политичкиот дијалог.

Така имаше луѓе кои беа беа полево од главната линија, или пак многу подесно; како и да е, тие сепак се наоѓаа во дискурсот дозволен од Партијата. Ова, со можен исклучок на сталинистичкиот период – но за остатокот од пост-воениот период тоа беше вистина.

Така како и во секој голем бирократски систем, имаше десничарска или авторитарна тенденција. Во Советскиот Сојуз имаше луѓе кои се екстремни десничари/ки, во традиционална западна смисла, кои сепак би биле дел од партијата. Еден неодамнешен пример е генерал поручник Александар Лебед, кој беше секретар на советот за безбедност на Јелцин. Мислам, тој навистина се спротиставуваше, пред Горбачов, за време на државниот удар од 1991 и потоа – и тој беше голем десничар.

А потоа, со почетокот на колапсот на комунистичкиот блок започна и поголемо фашистичко движење, во основа луѓето кои сакаа да слушнат за враќање во добата на стабилноста. Раните групи како овие, службите на државната безбедност ги користеше како начин да се справи со демонстрациите. Така, како и во Источна Германија што имаше источно-германски скинери, кои можеби имаа наци идеологија или барем наци симболика, иконографија, кои беа користени од Штази да направат пустош на демонстрациите.

УГ:Во Русија, како и да е, овие движења покажуваат еден посебен идеолошки микс.

ПН: Во Русија, една од најозогласените рани групи беше Памјат, кои беа Руски-православни нацисти/ки, кои беа силно анти-семитски и говореа за *Ционо-Масонерски заговор*, мешајќи некои окултни белешки и многу други работи. Згора на тоа, тие си играа со ова чувство... па, некои луѓе би рекле ова е малку патерналистички, линијата која *Рускиот народ секогаш ја бара фигурата на големиот татко*, што не сум сигурen дека е вистина, но е едно од објаснувањата.

УГ: Ова навистина е иронично *патерналистички*...!

ПН: ...и да не заборавиме дека Русија е *големата мајковина*, па дури е поиронично, *да сакаш тато да и кажи на мама што да прави*... како и да е, Памјат се распадна во раните 90ти, а од неа произлезе Рускиот национален сојуз на Константин Касимовски и Руската национал-социјалистичка партија, која е најотворената наци отцепена група, која за последен пат издаде некаква пишана изјава во 2003. Побитно, Александар Белов кој беше во Памјат сега го предводи Движењето против илегална емиграција, кое е прилично големо и активно во моментот.

Во овој момент исто така се случува враќањето на протераните од СССР, со еден специфичен пример, Едуард Лимонов кој ја формира Националната бољшевичка партија. Како и во многу земји од поранешниот Источен блок, за оваа партија е тешко да се збори со едноставна левичарска терминологија. Едуард Лимонов беше дисидент, тој доби излезна виза, отиде во Њујорк и стана еден вид битен писател во заедницата на пребеганите од стариот Советски Сојуз. Иронично неговата прва книга, која говори за неговото прилагодување да живее во САД, не припаѓа на некој жанр, а и далеки од искуството на дијаспората, опишува како запознал некој црн тип и тие станале љубовници, и нешто како *па, си требавме еден на друг*.

УГ: Претходно спомна дека мислиш дека екстремно-деничарските групи имаат многу геј и делумно-евреи, што ми изгледа малку неверојатно.

ПН: Па, најчесто е скриено, но од друга страна пак сите знаат дека таткото на Жириновски е евреин, и ако сте го гледале филмот Верникот, ја знаете приказната на Дан Бурос во САД. Може да иизгледа изненадувачки отпрвин, но на свој начин има некоја смисла.

Како и да е, Лимонов подоцна се враќа во Русија, и затоа што тој е мног уникатен карактер, и поради неговата културна нишка како писател и останатото, тој доби поголемо вниманиие од печатот. Тој всушност имаше колумна во еден весник на англиски јазик во Москва наречен The eXile, кој беше весник за луѓето кои говорат англиски, кои дојдоа во Русија да грабнат што можат по падот. Тој исто така се вклучува и во некои врски помеѓу руските платеници кои се бореа на српска страна за време на балканските војни. Но тој гледа на Сталин како на величенствениот период на социјална стабилност во Советскиот Сојуз, и ова е оној дел со националниот бољшевизам.

Ова иде многу назад во време затоа што во самиот фашизам, национал-социјализам и она штро ние го нарекуваме екстремна десница, секогаш постоела левичарска тенденција, социјалистичка тенденција во класична смисла. Така, во 30тите за време на времето на социјалниот подем во Германија беа браќата Грегор и Ото Штрасер, кои беа дел од германската наци партија во раните денови имаа полевичарска економска агенда. Грегор Штрасер беше убиен во текот на Ноќта на долгите ножеви, затоа што тој беше дел од левичарската фракција во НСДАП. Ото Штрасер, кој умре во ’74, продолжи да пишува по војната. Тој беше корисен во регрупирањето на европскиот фашизам во пост-воениот период. Списите на браќата Штрасер повторно се појавија во средината на 80тите па до раните 90ти, за да станат дел од целата Трета Позиционистичка дискусија, која е влијателна во некои од овие групи. Ото Штрасер беше многу активен во екстремно десничарските кругови: како и да е, за време на средните 80ти подоктринираторската и растеечка политика на *Национал-социјализмот* беше преориентирани во насока на губење на наци иконографијата, и поставување на економски став кој е *полевичарски*.

Исто така тука беше Ернст Ниекиш, кој би бил фашист или екстремен националист, и близок до националниот социјализам. Но наместо да се огледа на Хитлер за негов прв модел за главен фирер, тој се огледа на надвор на популарноста на Сталин и реизградбата на Русија, итн. Така тој мго користеше Сталин како свој модел и беше многу отворен околу тоа, а во меѓувреме во Русија имаш луѓе од крајна десница кои велат слични работи. Значи ова се оригиналните Национал-бољшевици. Беше малку позната партија, и кога Хитлер беше назначен за канцелар, сите овие партии не добија ништо, само празнина, сите заборавија на нив. Но тогаш во 60тите имаш луѓе како Жан Франсоа Тириар во Белгија кој беше фашист и ги погледнал списите на Ниекиш и си рекол *Ха, па ова е многу интересно* па започна да ја меша екстремната левица со екстремната десница. Ова беа многу маргинални гледишта, па интересно е да се види дека овие идеи сега се вратија како главен столб на расната политика, оссобено во Русија.

УГ: Да се вратиме на Лимонов...

ПН: добро, ова за него беше логично проширување од каде би го буткал рускиот национализам, особено кај псотарите луѓе, кои можеби на времето не го сакале Сталин, и тоа не бил стабилен режим, но се работи за руското достоинство, итн. Од таму отприлика Лимонов доаѓа.

Друга работа околу Лимонов е што привлекува многу луѓе кои се наоѓаат на културните маргини. Од доцните 80ти и раните 90ти поради панк рокот, Oi итн, дојдоа почетоците на она што сега ги нарекуваме руски скинери/ки, во смисла на широкот скинхед движење, или групирање на луѓе кои ги имитираат десничарските скинери од Британија. Така имаш луѓе кои се во панк бендови, индустриски бендови и сл, им се додворувана нив зошто тој бил маргинален културен работник и е симпатизер на оваа естетика на што ги закачил. Овие денови тој силно регрутира луѓе во готик и блек метал сцената, која веројатно е централна културна сцена за поавангардните, таму далеку десно – бендовите, куќите за графичка уметност и слично се сериозни културни играчи таму.

УГ: Лимонов исто така работел со Александар Дугин од Евроазиското движење, така?

ПН: да, и Дугин... мислам тој е стварно нешто. Тој е поврзан со Европската нова десница, која беше започната во 60тите од луѓе како Ален Де Беноа, кој виде дека десноцата има потреба од форма на културна хегемонија и културна анализа еднаква на онаа која Грамши сакал да ја постигне за левицата. Тие ја имаа поддршката од многу делови од старата тајна воена организација (ОАС) во Франција и Алжир, поранешни соработници и слично.

Така Дугин го чита ова, и го меша со геополитичкиот јазик и инхерентниот руски национализам и руското православие. Исто така и со руската метафизика и окултното, кој е еден мал свет сам за себе со свои национални митови, свои окултистички пракси. Имаш идеи како, особено порано во источно-европските фашистички или ултра-националистички кругови, да се има кадар сличен нс старите религиозни воени свештеници. Ова оди назад до луѓе како Кодреану и Железната гарда во Романија за време на 30тите, кој беше исто така многу популарен повторно во 80тите, особено во Британија. Дугин ја меша левицата и десницата и стари окултистички историски белешким па така на пример, тој збори за *Општеството на спектаклот на Новите Темплари во Русија*.

Друга личност под чие влијание се овие луѓе е Јулиус Евола. Тој беше дадаист кој длабоко се вклучи во окултните практики и со време негов сопствен бренд на фашизам. Евола беше исто така неверојатно битен за луѓе како Стефано Деле Кијаје и Нов поредок (Ordine nuovo) во раниот период од крајно десничарската стратегија за создавање тензија во раните 60ти во Италија.

УГ: Интересно е да се чуе како следбениците/чките на Лимонов ги покренаа овие акции на граѓанска непослушност кога ги окупираа канцелариите на Министерството за здравство и се обидоа да ја окупираат канцеларијата на Путин во 2004, пред да бидат забранети. Ова не е прв пат да се позајмува толку многу од левицата – мислам, како што е со идејата за *безлидерски отпор* за кој слушаме во крајно десничарските групи од англиско говорно подрачје.

ПН: Ова не враќа кај Луис Бим, кој беше дел од Кланот. Во раните 1960ти ФБИ целосно се инфилтрираше во Кланот и други крајно десничарски групи, всушност пред да го префрлат своето внимание на новата левица. Подоцна во 80тите кога почнува подемот на Христијанскиот идентитет и доаѓаат луѓе како Поредокот и – работите просто станаа претешки да работат во големи групи, и уште поважно, во големи групи кои имаа лидер кој знае каде лежат сите тела – затоа што многу пати тој тип беше федерален агент! Како, *Тој е добар дактилограф! Тој е голем ентузијаст! Тој сака да прави работи кои никој друг не сака! Ни се допаѓа!*

Така Луис Бим гледаше во левичарската политика и постигнатиот успех на вон-парламентарната левица, групи како NWLF или Weather underground, итн., и рекол *Ок, мора да најдеме форма на отпор каде немаме потреба од лидери, затоа што тие лесно се компромитираат*. Така тој смисли да се работи во келии или мали групи, а уште побитно, да се воспостави хоризонтална мрежа на луже на кои не им е потребно лидерство, затоа што сметаше дека ќе биде поефективно. Така не е баш афинитетни групи или предфигуративна политика, но нешто инспирирано од тоа.

Потоа во САД имаш луѓе како Роберт Н. Тејлор кој беше национален гласноговорнок за Minuteman, кое беше еден вид на зачеток на милитантното движење во 60тите, квази-фашистичките американски пиштолџии кои навистина ги доведоа во прашање социјалните промени кои се случуваа во 60тите, кои сакаа да повратат еден посилен... некој вид фашизам со американско лице. Но затоа што пушел трева и се дружел со хипиците, ги собра работите кои беа корисни за нивната политика.

УГ: да се вратиме на Русија, какви се овие межународни врски меѓу луѓето?

ПН: Па, како и кај анархизмот го имаш овој огромен меѓународен супермаркет на идеи, и како и секој/а анархист/ка што може да оди од Израел во Аргентина, па во ВБ и да биде преведен на француски, така ги имаш овие меѓународни мрежи на десницата кои имаат чудни влијанија во неочекувани места. Луѓе како Дугин итн. и се многу битни во Движењето на меѓународната европска нова десница, и обратно, затоа што тие идеи доаѓаат, се појавија магазини како Krisis во Германија и Елементи во Италија. Кога на ова ќе го додадеш интернетот, имаш голем трансфер на идеи, многу сличен на анархистите/ките, а овие идеи можат да патуваат многу побрзо. Луѓето од крајната десница исто така патуваат, оддржуваат конференции и слично.

УГ: Ок. Сега нешто за кнкретно руски форми на ксенофобија?

ПН: Па, во Русија секогаш постои стравот од различни влијанија, без разлика дали од Запад или Исток. Да не заборавиме дека Петар Велики и неговиот двор говореле француски, а не руски. Кога се преселил во Петроград тој навистина се огледувал на Западпт – а тоа не беше популарно чувство во тоа време, сеуште не е. Ова чувство е важи и за спротивната страна: многу луѓе од Западот се плашат од *големите руски хорди*.

Потоа тука е исто она што некои луѓе би го нарекле *вроден* анти-семитизам во Русија и Источна Европа. Мислам, мора да се потсетиме дека Протоколите на старците од Цион прв пат беа испечатени во Русија, и дека во Полска се случија погромите во 1946-1947! Така, тоа може да е поендемски од нешто преземено од наци стратегиите или, од порано, *научниот* расизам кој датира од Гобино па натака. Тоа е нешто што отсекогаш било таму, и беше користено во стариот Советски сојуз во различни периоди. И конкретно во Советскиот сојуз ова беше врзано за опозицијата на Ционизмот, каде постоеше *еврејската секција* во 20тите, и потоа со поставувањето на свои еврејски автономни региони на Сталин. Така го портретираа Ционизмот како империјализам кој се влече во анти-колонијалните народно-ослободителни борби, и ова создаде погрешна претстава дека Евреите/јките беа сомнителни за двојна политичка завера.

Потоа, тука е стравот од исток – монголските хорди, Жолтата Опасност, која повторно н доаѓаат од никаде. Од монголските инвазии во средниот век, тие станаа важно историско страшило. Во руските затворски тетоважи, многу е вообичаено да кажат *надвор жидови* и *надвор монголи*. Истото важи за стравот од Исламот, кое исто оди назад во историската меморија се до отоманското преземање на Константинопол. Значи ги имате декадентниот Запад, анти-семитизмот, исламската закана и жолтата опасност.

Плус ги имаш сиве овие групи кои се изигруваат себеси во Советскиот сојуз во етнички ситуации. Така, Кримските Татари/ки кои се муслимани/ки, христијани/ки и будисти/ки, иако се од Украина, по војната беа префрлени во Сибир. По падот на стариот Советски сојуз тие можеа да се вратат во Украина, и сега постои ксенофобна реакција кон нив помеѓу белите руси/нки и украинците/ките. И сега, се мисли дека страшното гангстерство доаѓа од централните азиски републики, како *не е од нас русите/нките*, или *евреите/јките се* или што и да е.

УГ: И политичките ултра-националисти/ки беа многу активни во некои од овие земји во 20тите и 30тите.

ПН: Точно. Само да го ставиме во историска перспектива за да разберете, кога германците го заземаа Балтикот во 1941, многу луѓе таму ги гледаа нацистите или германската војска како ослободители, а потоа секако поради хитлеровата политтика и неговите расистички идеи, и тие беа сметани за под-луѓе. Или, на пример, тука е Дмитро Денцов и крајно-десничарската Организација на украинските националисти/ки, кои беа активни за време на војната, со воено крило исто така, и подоцна останаа влијателни.

Исто така во тој момент во Харбин, кој денес се наоѓа во Кина, постоеле многу бели руски фашистички групи во егзил и, освен тоа, и голема еврејска популација, многу од нив беа сојузници/чки на десничарската ционистичка ревизионистичка организација на Јаботински. Хардин беше најголемиот град во Манчукуо, јапонската куклена држава, и крајно десничарските прогонети руси/нки добро соработуваа со јапонските фашисти/ки. Во текот на ’39 кога јапонците ја тестираа границатаа помеѓу Манџурија, а советите во Монголија, во еден од тие ситни предвесници на втора светска војна, во јапонските сили исто имало трупи од бели руси. Исто така, во текот на 1938-1940, имало битки шпмеѓу советите и јапонците околу монголските рамнини, советско-јапонската погранична војна, добиена од советстскиот генерал Грегори Жуков.

Повеќето луѓе исто така не сфаќаат дека сеуште постоеле нафрлени битки во она што сега го нарекуваме Советски сојуз во текот на пост-воениот период, така ова го имаш во Естонија, Латвија и Литванија, и да добиеме идеја за идеологиите вклучени тука, да не заборавиме дека многу од чуварите на концентрационите кампови биле литванци. Се одвивале битки, големи битки помеѓу советската војска и партизаните/ките се до 1954, така тука се скоро 10 години граѓанска војна по втората светска војна. Тука е исто така граѓанската војна во Украина која искрснува и завршува се од 1917та со Макно, па се до средината на 50тите. Така тука била прилично зафатена граница.

УГ: Политички звучи прилично испомешано.

ПН: Па, борците биле од широк политички спектар – католички демократи, леви социјалисти, но исто така и десничари. И особено во случајот со Балтикот, сетете се дека тие биле во граѓанска војна во 1919-1920 за здобивање национален статус. Така постои мит за овааа голема војна за независност, но тоа беше секогаш дел од тоа.

УГ: Веројатно под сево ова постои силна воена етика...

ПН: Дефинитивно – на пример НБП има весник наречен Лимонка, што значи лимон, што е всушност име со кое руските војници кои оделе во Авганистан ги нарекуваа своите гранати. А во 70тите и 80тите имаше бјаги луѓе кои се бореа во таа војна, Рускиот Виетнам, така да имаше многу луѓе кои во тој момент сакаа да го сочуваат образот на мајка Русија, а тие луѓе беа поблиски на поконзервативна националистичка ориентација. Во тоа време некои од нив биле исто така вмешани во шверц со дрога, што всушност претставува некој линк помеѓу гангстерската страна и крајната десница.

А генерално, некои од овие луѓе поминале доста време во Зоната. Зоната е уникатна руска ствар која датира од стариот советски период. Зоната вклучува затвори, гулази, сиропиталишта, ментални болници, но најбитно војската генерално е исто дел од Зоната, и тоа е уште едно место каде некои од овие идеи и некој криминал се случувал, плус Советскиот сојуз и денес Русија има многу строги закони против она што би го нарекле хулиганство, всушност може да ти се суди и да бидеш осуден/а за хулиганство и да завршиш во Зоната.

УГ: Можеш ли да ни објасниш нешто повече околу тоа?

ПН: терминот *хулиганство* покриваше широка разноликост на прекршоци во Советскиот сојуз, од скитање па до гангстерска активност. Исто така се користеше против политичките дисиденти/ки. Кога некој/а беше обвинет/а за хулиганство тие влегуваа во Зоната, а во Зоната тие наидуваа на десничарски политички идеи и слико-вност.

На пример, ако ги погледне старите затворски тетоважи, наци сликите беа популарни, измешани со стари комунистички слики. Сепак, повеќе се сметало за анти-социјално, наспроти она што ни би го сметале за пополитички наци. Кога некој влегува во затворскиот систем, ако нема тетоважа тогаш не е доволно маж и не е човек. Па така почнуваш да ги добиваш своите тетоважи, а твоите тетоважи се како твоја автобиографија. Така можам веднаш да те замолчам, зошто можам да ти ги видам тетоважите и да видам кој си. Сега една од популарните тетоважи за некој кој е *а-социјален*, на пр. некој со кој не би сакал да се заебаваш и некој кој ќе те заебава ако ти не се заебаваш со нив, беше свастика. А терминот кој тие би го користеле во затвор е анти-социјален или анархист – тие исто така го користат анархистичкиот симбол, но *заокружено А* анархистичкиот симбол го немаше се до 1964.

Постои ниво на дуплирање: поради времете или било што друго, многу луѓе би ја дуплирале својата животна историја преку различни тетоважи на нивните раце, па потоа и други тетоважи на останатото тело. Еден од симболите кои го користеа за она што е познато како*прстен тетоважа* беше свастиката. Но она што е битно да се запомне е тоа што во ‘45тата во еден момент имало можеби 3 или 4 милиони германски воени затвореници, војници, кои останувале во гулаг системот со години. Така во текот на 40тите имаш многу германски војници во гулазите кои имале наци тетоважи – не само СС тетоважи, ами можело да биде и *Со љубов Маргарит* со голема свастика или нешто.

Исто битно е да се знае дека стариот гулаг бил всушност едно од најслободните места за политичка дебата. Мислам, штом заглавиш таму, се наоѓаа некои 20 различни троцкистички групи кои едноставно отворено ги изнесувале своите ставови, као никој не оди никаде! А на чуварите им било гајле. Така, иронично, место со најголема слобода на говор во стариот Советски сојуз биле гулазите. Всушност тие имале пространи политички библиотеки. Мислам, традиција било кога си заминуваш од гулагот да ги оставиш своите книги. Па така го имаш цел овој пазар на идеи во гулагот. Сега, кој се наоѓал во гулагот во 40тите и 50тите? Наци војниици! Па како производ на едукацијата на Третиот рајх претпоставувам може да имало некакво влијание таму.

Препорачани четиво:
Martin A. Lee, The Beast Reawakens: Fascism's Resurgence from Hitler's Spymasters to Today's Neo-Nazi Groups and Right-Wing Extremists (Routledge 1999)

За посвежи линкови и понатамошно истражување види на wikipedia под индивидуи и организации.

Ури Гордон е израелски активист и писател. Неговата книга, *Анархијата живее!: Анти-авторитарната политика од пракса до теорија* наскоро ќе излезе од Pluto Press, www.anarchyalive.com

Извор: infoshop.org