Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти

Анархија во Бугарија: Интервју

Водено од волонтерот на меѓународните бригади на CrimethInc. Рет Марут

Бугарскиот организатор и зин издавач ги објаснува тековните анархистички проекти во неговата земја, дискутирајќи како работат навистина вистинските слободни пазари во контекст на источна Европа и за локалната важност на текстовите на CrimethInc. од САД. Вклучени се и контакти за оние кои сакаат да се поврзат со анархистите/ките меѓу Софија и Црното море.

Опиши ја твојата група: колку луѓе се вклучени, колку долго сте активни, како заедно ги донесувате одлуките? Во кои проекти досега сте се вклучиле?

Јас сум дел од две групи. Едната се вика “Анархосапортива” (Анархоотпор). Базирана е во Софија и сега сме околу 6-10 луѓе. Групата е активна од 2001. јас се вклучив во 2004. Имаме средби секооја недела. Немаме некоја посебна шема на говорење и одлучување.

Повеќе е пријателски муабет, а кога имаме некои идеи да направиме некоја акција треба сите да се сложиме и да добие,е консензус околу тоа, но секој/а е слободен/а да прави што сака надвор од групата. Групата порано објавуваше месечен лифлет наречен “Анархосапортива” како дел од бугарскиот анархистички весник “Свободна Мисал” (Слободна мисла). Сега се случуваат многу промени во весникоѕ кој го издава ФАБ (Федерацијата на анархисти/ки во Бугарија) па овој додаток престана да се издава во весникот. Групата има реализирано многу мали протестни акции против милитаризацијата и војната во Авганистан и Ирак. Ние и нашите грчки пријатели/ки од Анти-авторитарното движење Солун организиравме Камп Без граници во Бугарија и илегалните емигранти/ки затворени во илегалниот центар за задржување во Вена (Грција). Некои од нас се исто така ел од Храна, а не оружје групата во Софија која траеше 6 месеци, но сега ја нема. Исто така реализиравме неколку креативни анти-изборни акции и зедовме учество во многу еколошки протести. Извадовме неколку анархистички лифлети и ги дистрибуиравме за време на протестите, концертите и на некои видео проекции кои ги организиравме. Оваа година исто така организиравме два пати Слободен Фестивал (Навистина вистински слободен пазар).

Јас сум дел од уште една група базирана во Разград. Не е официјална група. Ние сме само група пријатели/ки кои прават некои мали локални акции. Ние сме 5-6 луѓе. Најдоброто нешто е што започнавме да го организираме овој Слободен Фестивал од минатата година. Сега многу луѓе се ентузијастички од оваа идеја на слободно (бесплатно) споделување. Ние сме многу среќни што отворивме Инфоцентар во Разград. Отворен е еднаш неделно неколку часа. Малку зависиме од сопствениците/чките на зградата. Тоа е некој проект – училишен центар, но луѓето кои го водат ова место се навистина фини и ни дадоа 1 голема просторија да изложиме литература и филмови и да организираме видео проекции, презентации и музички концерти. Друг мој проект од страна е зинот Катарзис. Почнав да го работам пред 2 години инспирирани од CrimethInc. преведов неколку текстови и потоа добив идеја да ги склопам заедно, па така започна и ова. Сега некои луѓе почнаа да ми помагаат. Пишуваме вести за акциите во Бугарија, интервјуираме анархистички бендови и пишуваме некои наши текстови.

Со кои анархистички заедници надвор од Бугарија имате најмногу интеракции и влијание? Грција, САД, Турција, други места?

Можеби најголеми врски имавме со Анти-авторитарното движење од Солун (Грција), но исто така имаме врски со многу анархистички групи низ Европа. Сега се поврзуваме со мрежата на Глобалната акција на луѓето (People’s Global Action) и ќе се обидеме да организираме лкална балканска мрежа помеѓу активистичките заедници за споделување информации, идеи, меѓусебна поддршка и да организираме заедно некоја меѓународна акција. На нас влијаеле анархистички заедници од цел свет, но најголемо влијание има CrimethInc. Колективот.

Колку од проектите кои сте ги извеле во Бугарија се засновани врз одредени формати (како Навистина вистински слободен пазар) кои се увезени од други контексти, и како ги прилагодивте во бугарски контекст?

Започнавме со 2 проекти базирани на такви “формати” и еден од нив сега го нема. Некои од нас беа дел од групата Храна, а не оружје во Софија. Идејата одговараше во контекст на Софија, затоа што е голем и развиен град кој ја следи западната шема. Бугарија е исто така дел од НАТО и потроши многу пари на воени акции и поддршка на војната во Ирак и Авганистан, така да беше добра идеја да се направат таков вид на акции. Исто така има многу бездомници/чки во Софија, а ние одлучивме да им помогнеме на некој начин и да дистрибуираме антимилитаристичка и вегетаријанска пропаганда во исто време. Собиравме храна од два големи пазари и од неколку ресторани и пекари. Успеавме да изградиме добра инфраструктура и правевме акции скоро секоја недела скоро шест месеци, но потоа дојде летото и повеќето заминаа на патување, а кога дојде есента бевме само неколку, организиравме уште 3 акции и пота се замре. Другиот проект базиран на таков “формат” е овој Слободен Фестивал кои започнавме да го организираме од минатата есен. Слушнавме за оваа иницијатива во САД и помисливме дека е супер идеја и дека може да се започне тука во Бугарија. Мислам дека ова е универзален модел и може да се спроведе во акција насекаде низ светот. Во некои земји постои овој потрошувачки начин на живот а луѓето можат да ги поделат работите кои не им требаат, место да ги фрлаат; во други неразвиени земји не можат да си приуштат такви добра, но луѓето можат да делат други работи како храна, вештини, песни, било каква уметност, итн… мислам дека ова е еден од најдобрите примери на она што е анархија во пракса.

На кој начин е различно да држиш Навистина вистински слободен пазар во Разград или Софија од оној во САД?

Мислам дека нема голема разлика. Можеби единствената разлика е животнит стандард на луѓето. Па така, во САД можеби ќе најдеш стерео или компјутер на Навистина вистинскиот слободен пазар, на бугарскиот Навистина вистинскио слободен пазар тоа е скоро невозможно. Луѓето тука делат највеќе стара облека, чевли, книги, музички цд-а, играчки. Се обидуваме да не го ограничиме настанот да биде само слободен пазар на производи, туку и слободна зона каде секој/а е стимулиран/а да земе учество, да игра, танцува, живее слободен живот. Доброто од овој настан е што сите придонесуваат. Ние само даваме идеја и закажуваме дата, а луѓето доаѓаат и прават.

Дали мислиш дека јавната реакција на Навистина вистинските слободни пазари е различна во земјите кои имале “комунистичка” влада од онаа во земјите кои секогаш биле отворено капиталистички? Или пак односот кон сопственоста е ист?

Мислам дека не постои некоја разлика во јавната реакција. Бугарија беше под “комунистичка” влада 40 години, а последните 17 на “демократија” ја отвори вратата на незадржливиот капитализам. Така да повеќето луѓе во Бугарија почнаа да се однесуваат како и другите во западниот свет.

Спомна дека сте биле под влијание на CrimethInc. Во САД, некои луѓе го критикуваат CrimethInc., велејќи дека идеите поврзани со нив се битни само на средната класа во богатите земји, дека сиромашните луѓе надвор од САД немаат корист од нив. Гледајќи на ова прашање од Бугарија, кој е твојот поглед на оваа критика? Какви се реакциите на текстовите кои ти ги преведе? Што луѓето го сметаа корисно, а што не? Како ги промени работите да ги направиш покорисни, или пак одлучи на кои работи да се фокусираш кога избираше што да преведеш?

Можеби е точно дека повеќето од тактиките на CrimethInc. не се релевантни за сиромашните земји. На пример, откажувањето како напуштањто на работното место и живеење од рециклирање работи (храна, облека…) е крајно тешко и скоро невозможно во Бугарија. Се согласувам со идејата да не го поддржуваме капиталистичкиот систем целосно, но некогаш, особено кога си сам/а скоро е невоз,ожно да бидеш надвор од овој систем и мора да работиш за да преживееш. Но сеуште мислам дека доколку живееш колективно со блиски пријатели/ки можеш да го живееш животот на алтернативен начин. Повеќето од рмите/ките (циганите/ките) во Бугарија се некој вид “отпишани”, а сепак се живи и некако успеваат да преживеат. Оваа критика на ваков вид CrimethInc. тактики постои и тука. Дури некои анархисти/ки од ФАБ (Федерација на анархистите/ките на Бугарија) не обвинуваат дека сме лажни и псевдо анархисти/ки кои го следат “модерниот” западен анархизам, дека сме некој вид хипици/чки и го одвлекуваме вниманието од главниот непријател кој е “државата и капиталот”. Така и ние сме критикувани и имаме конфликти во анархистичките кругови. Но, од друга страна, гледам дека многу млади луѓе се заинтересирани за проектите кои ги правиме. На повеќето луѓе им се допаѓа зинот кој го правиме и мислам дека најинспиративна работа е овој романтичен анархизам. Во почетокот зинот се состоеше само од преводи од Денови на војна, ноќи на љѕбов и Рецепти за катастрофа. Некои од нив не беа корисни за ситуацијата во Бугарија, но секогаш е добро да се добијат некои нови идеи. Се обидуваме да ги ставиме овие идеи во акција и да ги прилагодиме за ситуацијата во Бугарија.

Храна, а не оружје беше еден од овие проекти. Можно е да го направиме тоа во Софија зошто е голем град, но некогаш не мошевме да собереме доволно храна па моравме и да купиме нешто. Сакавме да организираме Храна, а не оружје група и во Разград, но не се случи. Некако е невозможно. Баравме останата храна на пазар но нема скоро ништо. Така одлучивме да пробаме со овој Навистина, вистински слободен пазар и совршено се вклопи во овој мал град. Прво – идејата е супер и луѓето сакаат да споделуваат, второ – ништо интересно не се случува во Разград, а ваков настан привлекува многу внимание, дури и локалните медиуми беа заинтересирани и не поддржаа. Исто така баравме место да сквотираме за инфошоп, но има само неколку напуштени куќи, кои во повеќето случаи се скоро уништени. Така стапивме во контакт со една институционална организација (школски центар) и им побаравме место. Ним им се допадна идејата за алтернативен инфоцентар па ни помогнаа. Така сега имаме инфоцентар, малку сме зависни од сопствениците/чките на зградата и не можеме да правиме се што сакаме, но засега останува наш најдобар проект.

Кои се најдобрите начини на кои анархистите/ките во Северна Америка можат да поддржат проекти на анархистите/ките на Балканот?

Понекогаш дури и еден охрабрувачки збор е доволно да се чувствуваме подобро и да се продолжи борбата. Кога сме разочарани единственото нешто што не држи е што знаеме дека не сме сами, дека има и други луѓе како нас во светот кои се борат за подобар живот. Не сум сигурен кои се најдобрите начини на кои анархистите/ките од Северна Америка би можеле да ги поддржат анархистичките проекти на Балканот. Можеби прво треба да стапиме во контакт помеѓу себе, да разменуваме информации и идеи за проектите кои ги спроведуваме, да споделуваме книги и друг пропаганден материјал.

Можеш ли да ни дадеш листа на проекти и групи во Бугарија кои би можеле да бидат корисни за анархистите/ките од остатокот од светот, со контакт инфо од сите.

Инфоцентар “Екотопија” – ова е алтернативен информативен центар базиран во Разград. Има читална и библиотека со различни анархистички, еколошки, анархафеминистички, права на животни, субкултурни итн. материјали. Местото е отворено а видео проекции, дискусии, концерти, изложби, итн…така секој/а што поминува навака контактирај не: ecotopia@gmail.com

Автономна анти-авторитарна група “Анархосапортива” – ова е анархистичка група базирана во Софија www.aresistance.net; aresistance@riseup.net

Катарзис зин – ова е зин со вести од локалната анархо сцена, некои текстови за секојдневниот анарххизам, екологијата, правата на животните, анархафеминизмот, практични совети и интервјуа со музички бендови: katarzis@riseup.net

www.music.a-bg.net - ова е онлајн зин фокусиран на НС сцената со многу информации за акции, музика, права на животни, практични совети, итн… sfti.diy@gmail.com

www.a-bg.net - ова е анархо портал на ФАБ (Федерацијата на анархисти/ки во Бугарија) fab@a-bg.org

Фала ти многу!

Фала ти и тебе!

Во солидарност,
ХИЦОх

_____________________________________________
повеќе од Анархосапортива

Еколошките грасрут протести во Бугарија

Август 2007
Автономна антиавторитарна група “Анархосапортива”

Во последните месеци еколошкото движење во Бугарија започна да изгледа нешто како почеток на едно вистинско движење. Улични блокади, големи демонстрации и многу други помали и поголеми акции од различен вид низ цела земја. Го користиме зборот “движење” затоа што наеднаш различни акции беа организирани од многу различни групи и индивидуи па борбите малку излегоа од НВО-и во ниво кое е поблиско на грасрут формите на организирање, но сепак целава работа беше блиску до НВО-и. Изгледаше како сето тоа зголемување на акциите и сето тоа што дојде ненадејно, но вистината е дека она што се случува сега е резултат на години напорна работа претходно. Ќе се обидеме да дадеме кратко објаснување на процесите кои се одвиваат тука од наша субјективна и да речеме анти-авторитарна перспектива, па така имајте на ум дека постојат многу други мислења за што се случува тука.

Сега да видиме што влијаеше на последните збиднувања. Последната година – 2006 – имаше две големи и речиси успешни кампањи кои доаѓаа не само од НВО-и, туку и од различни грасрут иницијативи.

Што се случи во Попинци?

Веќе неколку години постои проект од една Канадска корпорација за создавање на цијанид златен рудник близу селото наречено Попинци. Лужето од таму даваат отпор на проектот поради различни причини. Главно е разбирањето на локалните луѓе за тоа дека големата мултинационална компанија, која се обидува да преземе развоен проект, само ќе ги искористи како ефтина работна сила со цел да може да го експлоатира златото во рудникот што е можно побрзо, природната средина во областа ќе биде уништена и ќе има потенцијални здравствени проблеми за нив и нивните деца. Има скоро исти случаи во други земји (Росиа Монтана во Романија на пример) и луѓето во Бугарија се многу свесни за нив и за резултатите од слични развојни проекти во други места. Говорејќи за отпорот добро е да се знае дека освен грасрут иницијативите во Попинци и другите села во областа, борбата против цијанид златниот рудник беше поддржана од разни еколошки НВО-и, индивидуални активисти/ки (и бугарски и странски) како и од локалните власти. Битно е да се забележи дека огромно мнозинство од локалните луѓе беа против проектот, имаше локален референдум и околу 97% гласаа против.

Кога во јули 2006, против волјата на народот, во регионот проектот започна со својата првична задача околу 200 луѓе отидоа на барикадите да ги сопрат, државата испрати жандармерија, која не беше испратена да ја нападне блокада, но некои луѓе од мафијата го направија тоа. Имаше некои судири со “безбедносните” сили, и една личност од селото беше прободена со нож скоро до смрт откако бил на блокадата. Официјалната полициска изјава за обидот за убиство е дека тој извршил обид за самоубиство поради приватни проблеми – доказ за соработката помежу државата, полицијата, мафијата и инвеститорите. На крај, по 36 дена постојана блокада компанијата си замина и привремено го откажа проектот.
Најсвежите инфо за случајот кои ги имаме е дека на 25ти април 2007 постоеше информација дека компанијата може да се обиде да го започне повторно проектот. Луѓето од таму уште еднап се спремни на борба.
Истиот проблем се појави во Родопските планини, каде корпорацијата Данди Прешс Металс Dundee Precious Metals сака да создаде друг цијанид златен рудник.

Што се случува “Да спасим Иракли” (Да го спасам Иракли)?

Другата голема кампања минатата година беше случајот со “Да спасим Иракли”. Иако може да не беше толку успешна како во случајот со рудникот во смисла на нејзините цели, продолжи во многу голем степен да влијае на еколошкото движење во Бугарија. Иракли е заштитена природна област близу едно мало село на црноморскиот брег. Многу е популарно затоа што многу алтернативни луѓе ја користат плажата таму за “илегално” кампирање; сеуште е доста сочувана природа со многу ретки “кои божем се заштитени од државата” видови и на животни и на растенија. Во почетокот на оваа година имаше информација дека постои проект за изградба на село-одморалиште близу плажата. Настрана тоа плажата е многу важна за многу луѓе кои кампуваат таму, поголемиот дел од општеството во Бугарија е многу луто на она што се случува на море – претеран развој: огромни хотели и одморалишта, резултат на што е уништување на средината и неможноста на лужето да имаат тивки и мирни празници помеѓу огромните бетонски места.
“Да спасим Иракли” започна како грасрут иницијатива во поддршка на таа плажа, прво ширејќи повици на интернет, но доста брзо израсна во многу голема кампања и многу луѓе покажаа солидарност и така тоа стана симбол на еколошки борби и гневот на луѓето. Се случија многу видови на акции и луѓето од групата “Да спасим Иракли” успеаја да имаат многу успешна ПР кампања со масовните медиуми, а борбата доби многу силно и исто така позитивно до некој степен медиумско влијание. Групата работи блиску со еколошките НВО-и и многу од активните луѓе ја прифатија идејата дека за да се спаси навистина Иракли нивна шанса е да ги користат двете директиви на Европската унија (Бугарија стана дел од ЕУ во 2007) формирајќи ја мрежата Натура2000 (накратко ќе ја објаснам мрежава подоле). Ограничениот успех во самата борба беше тоа што државата мораше да ги смрзне сите развојни програми во областа за една година и додека луѓето се надеваа дека ова ќе се прошири, неодамна државата ги отстрани териториите каде развојниот проект треба да се случи и изградбата може наскоро ќе започне бидејќи компанијата веќе се подготвува. Веројатно најекстремните случаи беа кога некои приватни безбедносни сили уништија некои мали инфраструктури (како мали маси, клупи, места за огинм итн.), кои беа направени од луѓето кои ја користеа плажата “илегално” низ годините, а другиот случај е кога беа изгорени ранците на некои луѓе кои кампуваа таму.

Сите градежни проекти во Иракли се одобрени и наскоро ќе започнат. Еден од проектите е финансиран од АКБ Форест (AKB Forest), воден од поранешен член на комунистичкиот режим.

Ја спомнав ЕУ мрежата НАТУРА2000 и дека многу активисти/ки (и од НВО-и и грасрут) ја прифатија како единствена шанса да ја заштитат природната средина. Но што е тоа накратко? Во основа е мрежа која треба да постои во сите ЕУ членки држави кои содржат заштитени територии, каде преживеаното од одреден дел од некои загрозени видови мора да биде набљудувано и е поддржано од две ЕУ директиви. Самите територии мора да бидат понудени од експерти/ки од НВО-и, а државата да ги одобри. Минатата година беше започната голема кампања со идеја да се поддржат териториите кои се предложени од НВО-и на државата и она што се случи на крај е што државата прифати многу помалку од она што очекуваа НВО-и. Ефективноста на НАТУРА2000 мрежата секако дека можат да се спорат.

Случајот со Страња летото 2007

Овде сигурно сите ја почувствуваа промената. На 29ти јуни статусот на природниот парк Страња беше отстранет од страна на Врховниот судски совет, откако компанијата која го започна судењето - “Crash2000” – го доби случајот започнат пред три месеци.природниот парк Страња можеби е еден од најдивите и најзаштитени природни средини тука, така да не дека беше изненадување луѓето толку да се налутат. Многу брзо по вестите се случија различни протести во различни градови. Првите 3 од нив беа т.н. “живи маси”. На вториот протест околу 400 луѓе ја блокираа главната крстосница во главниот град Софија за 30-40 минути. Беа уапсени 35 луѓе. Различни акции се одвиваа низ земјата неколку недели, па дури и таму неаше повеќе блокади, многу од акциите беа “без дозвола”, што тука се смета малку како револуционерен чин. Бројот на акции во толку кратко време, фактот дека се случуваа насекаде во земјата, како и начинот на кој беа организирани, беше нешто што не беше видено тука по (и сигурно за време на) бољшевичката диктатура. Кампањата успеа да предизвика притисок врз државата и на крај собранието одлучи да го “врати” статусот на Природниот парк Страња. Ова ги инспирираше луѓето бидејќи видоа директен ефект од нивните акции, но сепак тоа не беше победа, прво поради начинот на кој тоа беше направено – законот кој го изгласа собранието е спорлив – како и тоа дека сега ситуацијата со незаконската изградба на хотелот од “Crash2000” е баш како пто беше и пред два месеци. Сепак луѓето преминаа преку тоа и својата борба ја прифатија како борба за цела природна средина во Бугарија.на денот на одлучување во собранието се оддржа една од веројатно најголемите демонстрации во блиската историја на Бугарија, која беше организирана без вклучување на било кои структури на власта, на која маршираа повеќе од 2000 луѓе во Софија да кажат “Природа, а не бетон”. Борбата навистина оди во правец на проширување за да може да ги покрие сите еколошки и прашања за заштита на природата, на национално ниво.

Посртојат многу други, па и поголеми градежни проекти (“Супер Боровец” и “Паничиште” на планината Рила). Инвеститорите тука се исто така големи корпорации, кои доаѓаат од други земји и работат со локалните капитачисти/ки со тоталитаристичко минато. Протестите против нив веќе започнаа – на 29ти август беше блокирана друга крстосница цел еден час. Едно лице со своите две кучиња/ки беше уапсен без причина.

Каде стојат анархистите/ките во сево ова?

Без “официјална позиција”, но колективите како “Катарзис”, автономната анти авторитарна група “АнархоСапортива”, инфошопот во Разград “Екотопија”, кои се обидуваат да работат заедно многу позитивно, се обидуваат да помогнат со мали работи и да покажат солидарност).

Секако има многу луѓе со различни форми на хоризонтални погледи во движењето, но мора да признаеме дека не е единствен случај. Се одвиваа разговори за формирање нова политичка партија од некои од лидерите/ките на НВО-и (гледаат на тоа како начин да променат нешто), некои луѓе говореа во име на движењето итн… исто така постои огромна разлика помеѓу НВО-и, како на пример еколошката организација “За земиата” (“За земјата”) – единствената хоризонтална НВО во Бугарија, често пати е заинтересирана за форми на директна акција, помага и организира улични протести и акции, соработува со грасрут активистичките групи/иницијативи (како РоР-Самба бендот Софија), итн., но исто така постојат и оние НВО-и кои се многу професионално ориентирани (како екологија или различни животни итн.) и има оние кои се навистина авторитарни и поврзани со власта… Но засега не постои отворен конфликт помеѓу гледиштата и тие коегзистираат заедно додека луѓето изнајдат решенија. Во своите корени ова движење доаѓа од доле, иако размислувањето на повеќето луѓе не е толку радикално.

Движењето исто така има некои проблеми. Многу луѓе се на некој начин со патриотско-националистички размислувања (некои дури ја пееја националната химна на најголемиот протест), што е потенцијален проблем. Деполитизацијата на политиката е друг проблем – многу луѓе од еко-движењето се дефинираат себеси како аполитични, и прилично лесно се свртуваат кон едноставни десничарски решенија (ветувањата на “слободниот пазар”, ЕУ спасителката од горе или националистички бесмислици) и се обидуваат да изнајдат решенија во капиталистичкиот систем. Еколошките проблеми се повеќе од она што луѓето можат да покријат, така да единствен начин да успее би било кога движењето би сфатило дека мора да биде дел од едно пошироко движење на борбата против капитализмот.