Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти

АНАРХИЗАМ И ФЕМИНИЗАМ

од Lisa Bendall


Значи, вечерва сум овде да говорам за анархизмот и феминизмот (станува збор за говор од состанокот на Анархистичкиот форум, оддржан на 5ти_________,1993 г.). Самиот наслов звучи како да треба да дадам широк и сеопфатен преглед на историјата на односите на овие движења, анализирајќи го овој однос (или недостаток на односи), категоризирајќи ги одговорите кои ги даваат еден на друг, користејќи се притоа со она што поедини теоретичари/ки го кажале на таа тема, а се со цел да се создаде една добра слика за она што би можело да дојде под овој наслов "Анархизам и феминизам".
Значи, сето тоа звучи импресивно, меѓутоа јас немам ниту најмала намера да се впуштам во едно такво истражување. Наместо тоа ќе говорам за своето гледање на анархизмот и феминизмот, со минимален осврт на она што веќе го кажале познатите теоретичари/ки. Зошто сум среќна со тоа што се именувам како анархистка? Зошто се сметам феминистка? Каков е односот меѓу тие две движења, ако воопшто го има? Што имаат тие две движења да кажат едно на друго, и колку е тоа корисно? Повторно, за сето тоа, од моја перспектива.
За мене анархизмот и феминизмот во својата основа се иста доктрина, со некои помали разлики во нагласувањето на поеднинечни прашања. Нивните основни принципи (како што јас ги разбирам) се слични, ако не и идентични. Двете движења се бават со креативност и слобода, па изнесуваат критики чија цел е масовна реконструкција на општеството. Иако е соосема јасно дека постојат различни приоритети, вечерва ќе говорам за тоа како, какви и да се методите и нагласките, анархизмот и феминизмот ги делат истите утописки погледи. Исто така, можно е истите корисно да се искомбинираат да би се создала работна рамка која го промовира оној вид на промена која и двете движења радо би ја виделе.
Значи, зошто истовремено се сметам анархистка и феминистка? Кога ќе се запрашам во што јас најискрено верувам и што сметам за клучно во мојот начин на размислување, тогаш тоа е концептот на човекови права.
Кршењето на човековите права во сите свои облици е она што вистински ме прави бесна и што ме тера на реакција. Но, што се тоа човекови права? Секој/а може да ја состави комбинацијата на тие права - право да не те мачат, право на слобода на говорот и истражувањето, право на оброк, итн., итн. - но, кои се карактеристиките на тие права? Што ги спојува сите тие права? Во обидот да создадам формулација на основното човеково право од кое произлегуваат сите поединечни права, ова е она до што доаѓам: право на секоја личност да живее и да се развива како што посакува, така да таа желба биде базирана исклучиво на изборот на таа личност и на нејзиното лично признавање. Ова можеби не е некоја анархистичка формулација, но сигурно е во склад со анархизмот.
Мојот концепт на човекови права произлегува од моето гледање на она што се тоа луѓе. Луѓето се многу креативни битија. Креативност е збор кој често се поврзува со богови или уметници, меѓутоа, сите луѓе се креативни. Самото користење на јазикот е многу креативно, дури и личноста која говори, не зборува нешто страшно интересно. Мислењето е креативно, дури и ако мислиш само на тоа што ќе јадеш за вечера или уште колку има до вечерашното излегување. Дејствувањето во светот е многу креативно - светот е променет секој пат кога поминувам по улицата или ја преуредам собата во која живеам. Од одлуката да направиш нешто, до самиот чин, јас сум создала промена, променив нешто од она што било и она што е сега.
Креативноста е она што не дефинира како човечки битија, и претставува обид да го оствариме тоа и да го развиеме својот креативен потенцијал за да би биле потполни луѓе и потполно слободни. Токму затоа, по мое мислење, Бакуњин тврдел дека слободата треба да се бара во општеството, а не изолирана од него. Развојот на креативниот потенцијал бара интерактивен однос меѓу луѓето. Нашата слобода и нашата креативност, а и квалитетот на нашиот живот се збогатени, а не ограничени, од слободата и креативноста на другите.
Анархизмот, најмногу од се, го поттикнува и промовира правото на секоја личност да живее креативно и да биде слободна. Анархизмот ја презира државата затоа што нејзината функција е ограничување и забранување, ако не дури и желба да ја уништи личната креативност, способноста секоја личност слободно да се најде во интерактивен однос со светот. Исто така, анархизмот не се фаќа во либералната замка, така што државата не ја гледа како нужна претпоставка која на секој/а поединец/ка му го осигурува тој однос со светот. Либералните философи, како Rousseau (кој овде ќе го користам како пример) не можат да се оттргнат од идејата за држава, затоа што за нив животот во општеството не е природна состојба. Според Rousseau, луѓето се слободни по својата природа, но во таа слобда можат да уживаат во потполност само доколку се изолираат од други луѓе. А доколку сакаат да се здружат, тогаш тоа го прават жртвувајќи дел од својата слобода, потпишувајќи договор за меѓусебното ограничување, потчинувајќи се на власта, поточно на државата.
Анархизмот во ова има многу посреќна позиција. Верувајќи дека општеството е сосема нормално окружување во кое луѓето живеат, анархизмот истовремено има и општество и слобода. Општеството, како едно сосема нормално опкружување, не мора да има држава да би се организирало. Тоа самото се организира. Всушност, државата е штетна за таа самоорганизација на општеството. Државата,која никако не е предуслов за постоење на општеството, е всушност активно вклучена во неговото распаѓање. Државата се обидува (а мора, заради својата природа) да ја уништи природната човечка поврзаност и ги свртува луѓето кон самите себе, да би служеле на нејзината доминантна цел. Во тој процес таа ги уништува човечките битија. Тоа е во основа она поради кое себеси се сметам анархистка: затоа што верувам дека човечкото општество е природно и самоорганизационо, затоа што верувам дека луѓето стануваат луѓе преку својата слобода и креативност (кои меѓусебно ги индентифицирам), дека слободата и креативноста функционираат само преку природната интерактивност меѓу луѓето и со светот, така што државата е таа која ги спречува луѓето да го прават тоа, преку ограничување на човековата слобода, и труење на атмосферата во која живеат.
Феминистка сум, во основа, поради истите причини, но ќе го презентирам тоа малку поинаку. Феминизмот исто така се бави со слобода и креативност. Едно од првите барања на феминизмот, како и една од првите водени битки беше онаа за правото на едукација. Земајќи ја едукацијата во онаа најдобра смисла, не како облик на индоктринација, туку како можност за личен развој и истражување на светот, едукацијата претставува основна компонента на човечката креативност. Дури и ако не се случува во училиштата (каде, за жал, тоа главно не се случува), учењето е постојана страст на луѓето. Не можам ни да замислам како е да се живее тоа во свет во кој ми кажуваат дека сум неспособна да учам, пишувам и читам или промислувам затоа што сум жена. Колку фрустрирачки? Тоа на некој начин е поинакво од она кога ќе ти кажат дека не можеш да студираш заради својата сиромаштија или "крива" општествена позадина - тоа исто така е голема неправда, но таа не може да го нападне твојот дух на ист начин. Тоа е неправда сторена поради надворешни влијанија и иако со тоа те ограничуваат, не можат да го допрат твојот дух. Но, доколку ти кажат дека едукацијата не само што ти е недостапна, туку дека си ти всушност неспособна за неа поради твојата родова припадност, тогаш тоа е напад на твојата внатрешна реалност. Колку е тешко да се бориш против тоа, ако целото општество го прифаќа тоа мислење! Тука не станува збор само за борбата за право на едукација, туку станува збор за одбрана и докажување на фактите дека ти си човечко битие. Тоа е она што претставува феминизам - борба за признавање на жената како човечко битие со истото право и можност да биде слободна, интелегентна и креативна како сите човечки битија.
Но, анархизмот сака сите да бидат слободни и креативни - да живеат како што сакаат - па зошто тогаш и жените не се едноставно вклучени само во анархизмот? Зошто да се биде феминистка/феминист и анархист/анархистка?
Во анархистичките, социјалистичките и комунистичките кругови отсекогаш се говорело за тоа дали феминистичкото движење е навистина нужно или само служело за да се зголеми солидарноста и намали вниманието (овде повторно нагласувам дека жените се во позиција да мора да ја бранат својата положба и права). Општ заклучок на тие дискусии е (или беше) тоа дека анархизмот, социјализмот и/или комунизмот одат кон промени кои ги засегаат сите во општеството, така што дури по револуцијата, кога слободното општество ќе почне да функционира, ќе се поправи и положбата на жената во општеството. Водејќи се според тоа жените би требало мирно да следат да се вклучат во револуцијата и да престанат да истакнуваат прашања кои создаваат поделба и кои во моментот е невозможно да се решат.
Постојат многу причини поради кои ваквиот став никогаш не бил задоволителен. Една од причините е тоа што со буткањето на проблемот на сексизмот во позадина се стигнало до непрепознавање на сексизмот во левичарските кругови, така што онаму каде што тој е присутен останува неиспитан, нерешен, а сето тоа доведува до искривување на идеите. Многу жени си заминаа од анархистичките и левичарските групи, па избрале работа во исклучиво женски групи. Не поради тоа (како што многу веруваат) што ги мразат мажите, туку затоа што за жена е буквално невозможно да функционира како анархистка, револуционерка или дури како човечко битие доколку сексизмот е присутен, но не и препознат. Неодамна читав еден есеј за SPD (Sozialdemokratische Partei Deutchland) и морам да признам дека е шокантно со што жените во тоа движење требале да се носат. Жените биле отворено напаѓани и оцрнувани во весниците на SPD. Еден маж дури изјави дека би истапил од движењето кога жените би ги напаѓале мажите како род, навредувајќи ги и напаѓајќи ги, како што тоа сега им го прават мажите на жените. Многу жени го почуствувале истото, така што на крајот, и покрај своите идеи (или токму поради нив?), истапиле од движењето.
Дури и во групите за кои се претпоставува дека се слободни анархистички групи, жените имале слични искуства. Се сеќавам на една анархистичка група во која јас бев активна во работните осумдесети, каде жените, кои се појавија еден ден, не прашаа зошто има толку малку жени вклучени во работата на групата. Тогаш не го изразив своето мислење за тоа, затоа што моето општо искуство беше такво што кога би го направила тоа, би се нашла игнорирана, но фактот дека тоа беше така е всушност причината за толку малиот број на жени во групата. (На крај сепак заминав од групата поради истите причини и затоа што научив (а тоа се лекции на младоста) дека моја одобрена улога во таа група беше да седам во тишина и внимателно да ги слушам мажите, хранејќи го нивното его.)
Фактот дека ако си жена која се вклучила во политика или се радикализирала и сакаш да се вклучиш во конструктивна работа, баш како и секој друг, па доаѓаш во група и откриваш дека мора да се носиш со истите проблеми кои ги среќаваш кај мажите на друго место (кои, ако ништо друго, не се трудат да се нарекуваат освестени) е неверојатно фрустрирачки. Во такви услови не можеш да работиш ефикасно, затоа што постојано те попречуваат, па на крај преминуваш во друга група, заедно со својата работа. Овој пат, тоа е група со развиена феминистичка свест каде конечно можеш нешто да направиш и да го доведеш до крај.
Фактот дека жените и мажите со слична цел не можат да работат во мешана група е несреќен, и на некој начин смешен. Но, таквите ситуации ќе постојат се додека во левичарските кругови не се сфати дека сексизмот не претставува помал, маргинален проблем, кој треба да се решава подоцна. Не можеш да кажеш дека се бориш за слобода, ако си истовремено вклучен/а во постојано потиснување.
Уште една причина поради која поставувањето на феминистичките прашања во позадина не е задоволувачки е тоа што потиснувањето на жените навистина е поинакво од потиснувањето на сиромашната и работничка популација. Потиснувањето на жената на некој начин е поблиска од проблемот на расизмот, затоа што расизмот е исто така базиран на деградација и негирање на фактот дека некој е човечко битие - во "западните" земји, тоа им се случува на оние кои не се "бели". Но, сепак постои одредена разлика, поради чудниот начин на кој жените се издвоени од секое општество, а сепак го прават неговиот составен дел. Сексизмот ги преминува сите класни и етнички поделби. Напаѓа одвнатре. Едноставно не е вистина дека во зорите на револуцијата сексизмот спонтано ќе исчезне од целото општество. Еден од проблемите кои ги имав (имам) со анархистичката револуција е тоа дека знае што ќе направи со власта, меѓутоа, ако не успееш да го промениш општеството и тоа во неговата основа, уништувањето на власта ќе создаде само еден празен простор во кој нема да постои власт, но тој простор многу брзо ќе го пополни некоја нова власт. Власта не е само збир на луѓе - луѓе кои седат во парламентот - тие доаѓаат и заминуваат, но власта останува. Власта е концепт кој го исполнува секој дел и слој на општеството. Власта претставува начин на кој општеството е структуирано, а структуирано е хиерархиско. Ако сакаме нешто да промениме, ако сакаме нешто да промениме, мораме да ја менуваме таа хиерархиска структура. Но, хиерархија има насекаде, дури и во човечките умови. Ние размислуваме и функционираме во ова општество на хиерархиски начин и потребно е да се вложи многу труд за тоа да не биде така. Сепак, само тој труд е она што може да ни донесе вистинска промена. Револуцијата е она за што вреди и понатаму да се работи, затоа што е нужно да се одржи таа тензија на сите нивоа на ова општество, а се со цел дека еден ден сите нивоа ќе се срушат во едно. Но, внатрешната борба, па борбата за менување на директниот однос со другите е она што исто така треба да се одржи ако се сака да се постигне нешто на долгорочен план.
Сексизмот е симптом на интернационализација на хиерархијата. Прашањата кои го опкружуваат треба да се изнесуваат и решаваат сега, а не подоцна. Тие се централни, а не маргинални за анархизмот. Феминизмот не е женско прашање - тој е општествено прашање. Негова главна цел не е ништо помалку од потполно реконстуирање на општеството на рамноправна и нехиерархиска основа. Тоа е нешто што претставува голем интерес за анархистките и анархистите.
Кога говорам за феминизмот, јас говорам за својот концепт на феминизам, меѓутоа тоа е концепт кој го определува поголемиот дел од модерните феминисти и феминистки. За хиерархијата се говорело многу во феминистичките кругови од почетокот на осумдесеттите. Феминизмот е создаден затоа што жените едноставно сакале да бидат слободни и да имаат можност да го истражуваат својот креативен потенцијал - да живеат како човечки битија. Вистина е и тоа дека дел од феминизмот е насочен кон тоа како жените би добиле пристап до плодовите на општеството - богатство, моќ, едукација - често без нималку желба позначајно да го менуваат тоа - општеството.
Сметам дека е тешко цврсто да се критикува таквиот пристап, затоа што денес јас од тоа имам голема корист - да речеме пред 50 години за мене беше незамисливо да завршам факултет. Но, интеграцијата на жените во доминатните, општествени структури не е главна цел на феминизмот, па бидејќи жените постигнале поширок пристап до едукацијата до јавните групи и медиумите, станаа значајно поспособни да артикулираат и истражуваат која е главната цел на феминизмот. Зошто сексизмот воопшто постои? Постои затоа што ова општество е базирано на принципот на доминација. Постои затоа што ова општество е организирано хиерархиски. За жените не е доволна таа интеграција во хиерархиската структура, бидејќи таа структура е таква што никогаш нема да ги прифати жените на начин на кој ќе ги прифати мажите (иако, морам да приметам, не е добро ни за мажите). Значи нужно е да се менува структурата. Мноштвото феминистички пишани трудови настанати во последниот период е насочена кон барање прифатливи, модерни алтернативи на општествена структура. Главна цел на феминизмот е да се постигне нешто многу слично на анархистичката утопија - самоорганизирано општество, базирано на слободни односи, а не на доминација.
Анархизмот не успеа да го истражи својот полн потенцијал, свртувајќи се исклучиво кон критика на власта, додека не обрне доволно внимание на структурата на целото општество. Многу денешни анархисти и анархистки се отргнаа од идејата дека револуцијата ќе поправи се. Таа идеја, во секој случај, е недоволна. Анархистичката критика на државата е одлична, но како што веќе реков, државата не постои само во министерствата и бирократијата на денешницата, како ни власта. Државата функционира онака како што ова општество е организирано. Да би успеала анархистичката револуција и да би се одржала нужное општеството да се реорганизира во неговата основа, и е нужно секоја личност да го промени својот начин на делување. Не тврдам дека со решавањето на проблемот на сексизмот, се останато ќе се реши само по себе - како што тоа обично знаат да му го препишуваат на феминизмот. Она што сакам да кажам е дека борбата за промена мора да почне на сите нивоа - не само во политиката, со демонстрации или нешто слично, туку и на лично ниво, на нашиот однос кон другите луѓе.