Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти

Лејдифест: “Ми треба да почувствувам триење/судир во активизмот, навистина ми треба “ - Интервју со Деби од Бристол, Велика Британија

Деби, од само-идентификуваниот ’пост-лејдифест’ бенд Drunk Granny, дискутира за враќање кон активизмот, потребата од феминистички простор и проблемот на носталгични тенденции во организирањето на Лејдифест.

 

Те молам претстави ни се!
Здраво, јас сум деби. Се наоѓам помеѓу многу работи – академија, волонтерски сектор/помош за заедницата/авангардна музика/панк рок, пишување, духовни светови, уметност, активизам, род, сексуалност, бука, тишина....

На кои Лејдифестови си била?
Лејдифест Кардиф (2004, 2006). Првиот Лејдифест во Кардиф беше момент на поврзување со нешто кое страшно ми требаше – споделено искуство на феминисти/ки кои создаваат феминистички простор. Тоа беше прв пат за мене да свирам со бенд, со електрична гитара на сцена, што ми делуваше прилично омоќувачки. Мојата музичка ‘кариера‘ би била прилично раштркана без лејдифест.... се сеќавам кога танцував како луда со моите пријатели/ки чувствувајќи како да дошол моментот, конечно! лк1 (лејдифет кардиф 1) дури и не личеше на другите лејдифестови, во тоа што ги немаше сите тие работилници и разбирлив субкултурен шмек кој претпоставувам дека го имале оние први, скапоцени средби на луѓето од лејдифест – но неговиот омоќувачкидух и поврзување беа нешто што радикално го осетив. лк2 беше забавно, несовршено на места, жешко, испотено, опасно, идиосинкретично.

Даблин 2004. во овој момент ја чувствував моќта на мрежата, и ми беше забавно да се дружам со луѓето! Овој фест беше околу пријателството и поврзувањето, повеќе од билошто дотогаш.

Брајтон 2005. Вау! Музиката беше толку добра. Целото време го поминав плачејќи на улиците и плжата на брајтон. Се кинев од цигари. Важна работилница за расите. Родова вознемиреност.

Берлин 2006. Vale Poher на дожд во паркот, заљубување во американки, род, род, многу луѓе забава до доцна. Фудбал. Моменти на забава.

Лидс април 2007. доаѓање при себе, чувство на заминување, интересна поделба на простори помеѓу главниот фестивал и автономниот Лејдисквот простор.

Бристол 2007. изгледаше како да не сме веќе оние младите, затоа што сега фестот го организираа помлади феминисти/ки. Луѓе кои се собираат да водат муабети околу феминизмот. Мало, домашно.

Лондон 2008. премногу, презаситувачки! Мојот идеализам го снема некаде.

Амстердам 2008. грижа околу пост-феминистичките тенденции на лејдифест културата – кога нема минато и bikini kill кавер бендот е културната ниска точка – културата станува некритички носталгична. Не беше riot grrrl за новост? Или треба ли да биде?

 

Какво значење има Лејдифест за тебе? Како одлучи да се вклучиш како организаторка?
Кога прв пат се вклучив во лејдифест фемистичкиот активизам почувствував како конечно си го најдов местото. Се вклучив затоа што сакав да бидам дел од заедницата и сакав да привлечам и други во неа.

Лејдифестовите престанаа да ми бидат толку значајни после лејдифест берлин; се чинеше како да престанаа да реметат/вознемируваат, иако лидс во 2007 беше исто така супер. Ми треба да почувствувам триење/судир во активизмот, навистина ми треба. Не сакам да чекорам на сигурно, добро-изгазени простори – особено со културниот активизам. Сакам да го проширам полето – преуредам односи, да ги превртам работите наопаку, да се превртам себеси наопаку. Сакам да интервенирам. Заеби ова одење преку предлози – тука работилница, таму бенд, таму филм... ми треба изненадување! Сепак, како изведувачка просторот на лејдифест е од огромно значење за мене. Каде би била сега музички без ваквите иницијативи? (и многу други уметнички кои наместо нервозно да изведуваат засебеси пред ѕидот на својата соба, сега имаат можност да се поврзат со публика која ги сака и им се воодушевува).


Како ќе го опишеш твојот фестивал? За што се чувствуваш горда?
Се чувствувам горда што работам со различни групи луѓе, луѓе кои ја внесуваат својата фантазија во фестот. Бев особено горда на лејди-куќата, меѓу чии ѕидови ги поминав некои од најдобрите искуства во животот (танцувајќи на Kate Bush, слушајќи ја книгата на Helen McCookery, разговарајќи за нејзиниот живот, Anushiye и Bela, работилницата за тапани). Беше толку ослободувачки да се има простор, се сеќавам кога Јин рече дека куќата е наша, и јас врискав колку е тоа прекрасно. Се чувствувавме автономни, можевме да правиме таму што сакаме... се сеќавам на жештината тој викенд... во други аспекти од фестот не уживав толку многу. Chapter беше едно отуѓено место за свирки – изгледа како голема црна дупка, како што беше и Callaghans (аррр, иако скарата беше супер). Значи многу зависеше од тоа каков вид на простори ми беа на раполагање. Некомерцијални простори кои можеш да ги бараш, куќи кои можат да ти бидат привремен дом и да ги наполниш со уметност, енергија, политика, поврзаност, документација... ова е навистина возбудлива формула.

 

Дали мислиш дека постои стереотип за Лејдифест?
Дефинитивно стана стереотипнаформула барем во Велика Британија. Работилнци преку ден, бендови преку ноќ... од аспект на време знаеш ритмички што да очекуваш што мене ми е проблем и во моментот ми треба нешто друго. Мислам дека штом еднаш си била изложена на тој ритам станува нормативно, но за луѓето кои прв пат се изложени на него, тоа изгледа ебено експлозивно, го знам тоа затоа што кога луѓето се прашуваат / бараат – копнеат по феминистичка заедница, кога ќе се сретнат со неа како жива манифестација, е самата животна сила во полет. Секако добро е да се има темплејт како нешто би функционирало, исто така, зошто дава една рамка – груб водич за неискусните / несигурните. Исто така ние не сакаме повторно да го откриваме тркалото, а да се организира работилница – простор да се дискутираат работите – е толку важно, не дека потребата да разговараш во една заедница на поддршка некогаш ќе исчезне. Исто така доколку лејдифестовите ги немаше сега тука- или било која форма на феминистички активизам – би бла доста тажна, па, скршена! Изгледа проблемот со лејдифестовите, и феминизмот воопшто, е видот на работилници таму – се прашуваат истите прашања, се расправа на исти теми (на пр., раса, класа...). Не е неопходно формулата (кон може да спори за тоа да се создаде простор за филмови, музика, дискусија, уметност и славење на женската / феминистичката / квир моќќќ?), туку содржината во неа – истиот феминизам, истите феминисти
чки грешки.

 

Дали постоеја свесни намери да се посегне по различен вид луѓе да се вклучат во организирањето и учествувањето на Лејдифест?
Мислам дека сакавме фестот да биде поразновиден од аспект на етнос, но не направивме некој посебен напор да привлечеме било која група жени кои обично (најверојатно) не би се сретнале со лејдифест. Дефинитивно ми беше на ум тоа да немаме само бели девојки кои свират гитара на фестот, како претставнички на феминизмот или женското културно производство. Многу повеќе можеше да се стори, во правец на тоа да се организираат настани пред фестот кои директно би воспоставиле контакт со со жените од друга боја, можеа да се изградат повеќе мостови во заедницата на Кардиф. Имаше обид да се ангажираме околу постарите жени исто така, не бевме само млади. Од аспект на совет секогаш се среќавав со луѓе и ги посетував нивните збиднувања со намера да изградам заедница надвород својата комфорна зона. Не можеш да очекуваш луѓето да дојдат на твојот настан само затоа што ти си ги замолила, мора да постои некој вид на размена, на пр., не да посегаш да бидеш вклучена во твојот простор, туку на направиш вистински напор да ги скршиш бариерите кои создаваат услови да мора да се воспоставува контакт на прво место.

 

Која е улогата на родовоквир, транс-инклузивната политика и концептот на “само-идентификуваната“ жена на лејдифест?
Квир средината на лејдифест нуди проширен културен простор на истражување за оние кои минуваат низ тоа. Тоа е преданост во славењето на разновидноста на женските искуства: преку одбивање да се дефинира онака како што жена треба да се реализира – а со тоа претставувајќи излез од патријархалните родови улоги на коректно машкои женско однесување кои сите не сјебува. Ура за транс (луѓето)!

 

Дали ги гледаш Лејдифестоите како продолжение на женската историска само-организирана културна работа и фестивали? Дали Лејдифест е движење?
Го гледам Лејдифест и како пауза и како континуитет. Дали тврдокорна втор-бран-феминистка би се нарекла себеси Лејди (дама)? Мислам на ’68, ’88 ретроспектива (во Лондон, на една дискусија за оригинален придонес на антологијата на женското движење за ослободување) кога учесничката вели, “ти велиш дама, јас велам жена, ти велиш омоќување/јакнење, јас велам ослободување“ – и јас постојано се грчам заради името дадено на движењето. Постои тендинција на лејдифестовите да се презентираат како нови преку ре-именување и да ги изгуби своите корени во минатото... но да, тие се дел од традицијта на женскиот автономен културен и политички активизам. Има многу моменти на женскиот нс (направи сам/а) културен активизам во ’70тите и ’80тите со кои не сме запознаени поради воодушевувањето во нашето примање на феминистичката историска меморија.

Лејдифест е дефинитивно движење – и тоа доста успешно со оглед на тоа како концептот пропатува низ толку географски грании. Движење е нешто што ги собира луѓето, и тие учествуваат, не ни мора да се свесни за тој чин, но го прават затоа што е потребно (а со лејдифестовите, и забавно!). Нешто што навистина го сакам кај лејдифестовите е тоа чувство на можности; претставува многу поитивен феминистички простор, не реагирајќи на ништо (освен на поттиснувачките историски услови со кои се соочуваме). Тоа е активен, како и надежен, поврзувачки феминистички простор. И покрај сиве мои цимолења и истрошен цинизам за лејдифест, прилично добро се справи. Навистина сум горда што бев дел од него.

Интервјуирана:
Диди, организаторка на Лејдифест Кардиф

Контакт инфо:
Debi, www.debi-rah.net

Блиски организации:
Drunk Granny www.myspace.com/drunkgranny ; Soaz (LF Cardiff photography) www.myspace.com/soazigmagique

Интервјуираа:
Red Chidgey & Elke Zobl

Дата:
28.10. 2008

Закажано шоу:
нема

 

извор: grassrootsfeminism