Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти

“Лејдифест: Сестри наместо ривалки“: Интервју со Кар од Амстердам, Холандија

Локација:
Холандија

Кар, панк рок музичарка, дискутира за без-родовиот феминизам, за креативното омоќување, и создавањето култура на взаемно помагање.

Те молам претстави ни се!
25 години стара/млада, секретарка, дел од времето НС (diy) букерка. Свирам во бенд, The Tommies.

Како Лејдифест се поврзува со твојот феминизам?
Лејдифест го гледам како креативен начин на омоќување на жените/безродовите/итн.; како трет бран на феминизмот. Лејдифест не беше тоа што ме запозна со феминизмот, но направи феминизмот да не ми значи само еден “валкан збор“. Сега веќе феминизмот не е околу користење на родот како начин да те ограничи – туку исто така значи еманципација за мажите. Секогаш сум го гледала феминизмот како начин да се живее онака како што сакаш, тоа значи да се има деца и да бидеш домаќинка мама – доколку тоа го сакаш, немој да дозволиш очекувањата да те ограничат!

Какво беше твоето прво искуство со Лејдифест?
Лејдифест Амстердам 2002 – беше супер (но) искусив еден феминизам во кој “да се биде девојка“ не беше дозволено. Јас, како малата принцеза во розево фустанче, почувствував огромна тенденција на “која ќе биде најопасната клоца-за-момчиња феминистичка активистка“.

Зошто се потребни Лејдифестовите?
Луѓето сеште се воодушевуваат на моќни жени со гитари кои се осмелуваат да имаат глас и да го користат, или уметници/чки кои се изразуваат себеси без ограничувања. Некои денови сум скрос анти-лејдифест, а некогаш пак го сакам цело она “обединети девојки“ чувство од него.

Кога почнав да свирам гитара во панкрок бенд, навистина ми требаше да видам некои примери. Жени кои се исто толку добри колку мажите (или подобри). Кога и да посетев продавница за гитари за да купам нешто, момците од продавницата разговараа со мене како да не знам што барам или како да го користам тоа. Толку многу наидував на вакви реакции што имав потреба од малку осигурување: не сум единтвената која го прави ова.

Пресреќна сум да ги гледам жените како мои сестри, наместо мои ривалки. Што за мене претставува единствената причина зошто се денес сеуште потребни лејдифестовите. Светот станува навистина злобен, а нас ни е потребна некоја поддршка. Исто така, се додека маж заработува повеќе од мене за истата работа, јас сум скрос за подигање на свест и поврзување со жените околу мене.

Што значи Направи сама (НС) за тебе?
Да дадеш и да земеш. Се работи за создавање култура на “взаемно помагање“.

 

По твое мислење, како може Лејдифест да се развива?
Преку повеќе фокусирање на родовата еманципација за сите. Но тогаш па можеби нема веќе да биде Лејдифест, туку само фест. Момците можат да ја поддржат каузата исто така, затоа не ги исклучувајте.

 
Каков практичен совет би и/му дала на некој/а што сака да организира феминитички настан?
Биди со отворен ум, немој да бидеш исто толку сексист/ка колку и луѓето против кои се бориш.

Интервјуирана:
Кар

Контакт инфо:
The Recipe Book (DIY booking organisation), www.myspace.com/the_recipe_book ; The Tommies, www.myspace.com/thetommies

Блиски организации:
Ladyfest Amsterdam 2002 http://www.geocities.com/ladyfestamsterdam

Интервјуираа:
Red Chidgey and Elke Zobl

Дата:
13.11.2008

Закажано шоу:
нема

извор: grassrootsfeminism