Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти

Окупација на централните канцелари на Електричната Железница Атина – Пиреја  ИСАП (Athens Piraeus Electric Railways – ISAP), каде Константина порано работеше


 http://katalipsihsap.wordpress.com/
Преводи од групи емигранти: http://clandestinenglish.wordpress.com/
Повеќе информации: http://athens.indymedia.org

ПЕКОП комунике:

Улогата на ПЕКОП (Унијата(Синдикатот) на чистачите/ките и куќниот персонал  Панатики) во синдикатскот движење датира од 1999 година. Тогаш, група на работници/чки со различни работни места кои имаа свој сон и милитантно расположение ја формираа ПЕКОП. Уште од самиот почеток, ПЕКОП инсистираше преку секој дневни активности, во и надвор од работното место, да разоткрие што лежи во позадината на договарачите/чките кои го менаџираат чистењето на државните  и приватните служби.
Со постојани контроли, со работењето на инспекциската служба, со ИКА службата (јавна организација за работничко осигурување), со помош на КЕПЕК, со триделните процедури, колективни и индивидуални правни жалби и затворања, ПЕКОП ги вади на светлина злоупотребувањата на секое поединечно право на работниците, лажните работни смени, “клонирањето” на работниците, илегалните отпуштања од работа, лажните “доброволни” оставки, неовластено користење на потписите на работниците, работење на“црно” без осигурување, работнички “црни листи”, фалсификувани плати, и обвинувања до секоја служба, организација и до менаџментот за нарушувањето на работните договори.
Државата плаќа тројно повеќе, и прекршоците продолжуваат, еден по друг. Бирократијата на синдикатите, јавните и приватните служби и бизнис менаџментот поддржуваат трговија со робови.
Обидот за убиство над нашата генерална секретарка открива дека нашата активност им го попречи патот, и дека тие го презедоа овај ужасен чекор за да не’ сопрат.
Ги повикуваме сите другари и другарки работнички, без разлика дали се од Грција или се имигранти да постанат дел од нашиот синдикат и да дадат силна поддршка преку нивно учество во нашата активност, се работи за зачувување на честа, да се продолжи и да се побара итно вработување на сите наши другари и другарки работнички како постојано вработени и осигурени.
Не паѓајте на нивните заплашувања!
Тие се само една рака на луѓе, ние сме илјадници!
Отпор кон своеволноста на работодавците/ките!

Сите заедно можеме да го уништиме овај “среден век” на работните места!

PANATTIKI UNION of CLEANERS & HOUSE STUFF
3 Septemvriou 48b street, Athens, 3rd floor, office 320
Tel/Fax: (0030)2108221083, mobile (0030)6978844725-(0030)6978865730

 

Интервју со работник/чка на ПЕКОП

- Која е моменталната состојба со здравјето на Константина и како заздравуваат нејзините повреди?

- Константина веќе имаше две пластични операции на лицето, обете успешни, а утре се упатува во Државната Главна Болница во Атина за окото, за едното од двете очи кое се бориме да го спасиме бидејќи другото е веќе изгубено. Неодамна и беше отстранета трахеотомијата и таа може да зборува со помош на машина. За среќа, оштетувањата на гласните жици не се толку прекумерни како што првобитно стравувавме. За внатрешните органи, стомакот, дебелото црево итн. не можеме точно да кажеме какава е ситуацијата, бидејќи поради нејзината тешка состојба не можевме да ги направиме потребните тестови, но слушајте, Константина има долг пат пред неа, ќе и’ биде потребно уште повеќе лечење, веројатно, исто

- Дали ја имате видено?
-Не, ја прашав дали може да ја видам и таа ми кажа дека не е спремна психолошки да биде видена и кога ја слушнав....Јас, јас бев бесна, не знаеме како ова ќе кулминира, она што знаеме е дека таа никогаш повеќе нема да биде Константина која што ја познававме... Ќе има огромни проблем. Зборувавме со Савас Михаили, радиографер, и Катерина Мантца, психологистката, кои ја посетуваат и секој ден се покрај неа. Михаил ми кажа дека може да бидат потребни дури две годни за да бидеме сигурни дека Константина ќе излезе од животна опасност. И ако е се уште со нас денес, тоа е поради тоа што таа има храброст и сила! Таа сака да оздрави и да продолжи да се бори за нејзините ко-рабоници/работнички, како порано.
- Од медицинската заедница, дали имаше било каква поддршка од било која институција?
-Видете, во болницата Евангелисмос имавме контакт со менаџерот и со помошник менаџерот, зборувавме со нив и тие ни помогнаа, постои одѕив, дојдоа доктори дури од Крв, и скоро секоја Атинска болница. Има голем одѕив од докторите и ќе биде неблагодарно да кажеме дека имаме некаква врска со нивниот став. Сакам да ги кажам работите онака како што се.

-Дали постои некоја државна служба, министерство, работнички синдикат на ГСЕЕ ( чадор под кој се наоѓаат сите работнички синдикати) кои донираат пари или се залагаат за покривање на трошоците за лечењето на Константина?
-Дваесет дена по нападот на Константина, министерката Перталиа и’ се јави на нејзината мајка за да разговараат, и јас, како заменик претседател на нашиот синдикат ја придружував.  Тогаш, Петралиа ни кажа дека министерството за труд ќе плати за се’, дури таа ни вети дека ќе им обезбеди и куќа... Се разбира, таа не одржа ниту едно од овие ветувања. Знаете, економската поддршка е многу важно прашање. Денес Константина е сето време поврзана со цевки , нејзе и е потребен стручен персонал кој има соодветно искуство. Целодневна медицинска сестра/брат чини 300 евра на ден... Како ли може нејзината фамилија да ги најде тие пари? Оваа фамилија беше издржувана од платата на Константина... А тоа се 560 евра на месец и уште 150 евра кои нејзината мајка ги добива како пензија... Минатиот септември нејзината мајка имаше операција за отстранување на канцер, додека исто така има сериозни проблеми со срцето и таа е од 10 наутро до 8 навечер покрај нејзината ќерка.. Понекогаш таа мора да  ја остави за да се грижи за својот внук, затоа што малото дете сега е оставено само на себе и како што знаете, и тоа има срцеви проблеми.. И’ се восхитувам за тоа како издржува...Покрај обичните луѓе, кои како што знаете,и’ даваат важна поддршка на Константина, добивме пари и од солидарниот комитет оформен од неколку доктори/ки, и исто така од АДЕДИ (чадорот по кој се наоѓаат работничките синдикати од приватниот сектор). Претседателот на АДЕДИ, господин Папаспиру, одговори веднаш... Зборував со него и му се заблагодарив затоа што тој е личност која и’ помага на Константина и јас сум обврзана да му се заблагодарам, но тој исто така имаше сериозни проблеми поради неговиот став. Внатре во управниот одбор на АДЕДИ, ПАСКЕ (контролиран од опозиционата партија ПАСОК) и ДАКЕ(контролирана од НД, власта) не сакаа помошта за Константина да продолжи...Па, по нашата интервенцијата, ИСАП и ИКА мораа, исто така, да платат некои од трошоците. ГСЕЕ, од друга страна пак, се уште нема заземено јасен став по однос нападот врз Константина.

- Дали е доволна економската поддршка обезбедена до сега од солидарното движење?
-The economic support provided up to now by the solidarity movement is it enough?

-Напорот на луѓето кои не подржуваат продолжува и .... и за среќа е доволен... Јас лично останав без зборови од изненадувањето на ненадејниот и голем одѕив од луѓето... во Грција но исто така и во странство...насекаде... и посебно од младите луѓе. Она што мене ме инспирира и возбудува е дека младината застана позади Константина и се обидува да го поставува ова прашање секој ден на интернет, не дозволувајќи да биде заборавено.

-Колку долго ја познавате Константина? Дали би можеле да ни кажете неколку зборови за нејзиното учествување во ПЕКОП?
-Константина дојде овде при крајот на 2002 година. Кога се вработи овде, таа веднаш започна да ги бара синдикатите затоа што во Бугарија, каде што живееше претходно, синдикатите работат за работниците а не за нивните сопствени џебови...како што лидерите на нашите работнички синдикати прават. Таа го пронајде нашиот синдикат и дојде. Уште од самиот почеток можевме да кажеме дека таа е жена со брилијантно образование, со волја, сила, тврдоглава со синдикализмот и и’ предложивме да се придружи на синдикатот.. Во почетокот таа ни кажа дека таа сакала да се придружи но не можела затоа што не знае добро грчки. И’ рековме дека е во ред  и дека би можела да научи грчки постепено. Конечно, двете, таа и нејзината мајка се приклучија на синдикатот.
Во 2004 имавме избори , и Константина беше избрана во синдикалниот совет. Ова не и’ го јавивме на нејзината фирма, бидејќи знаевме дека ќе и прават проблеми. Сакавме да ја заштитиме, знаевме дека таа има мало дете со скорашна операција на срцето. Па, во почетокот, таа ни помагаше на секој можен начин што можеше, застана зад синдикатот, зад намерите на синдикатот....борејќи се... Во секој случај, до 2006 таа немаше сериозни проблеми со нејзината работа. Во 2006 година ни кажа дека имала проблем со 5-дневната работа, но исто така и со соопштението на ИКА, кое тврдеше дека со помалку од 30 работни часови, работникот/чката не е повеќе осигурена за “тешка работа”, туку е снижена во категорија на “мешана работа”.
Компанијата Икономакис (ОИКОМЕТ) објави дека ги обврзува работниците/чките да имаат пауза од пола час и од тука да имаат работно време од 5 и пол часови наместо 6 часови, и како резултата на тоа, сведувајќи ја “тешката работа” на  “мешана работа “, што во исто време значи редуцирање на платите од 720 евра во 2004/5 до 560 евра. Во средината на 2006, имаше нов “метеж” бидејќи Константина се обидуваше да си ги побара своите права... Овие “господа” не потпишаа со ИСАП (Атинската желензичка служба) нов договор, нивниот претходен договор беше за 6 часа, па според тоа работниците/чките работеа 6 часа и ОИКОМЕТ (како договарач) беше исплатен за 6 часа, но тие им плаќаа на работниците/чките за само 5 и пол часа.
Започнавме да држиме неколку три-страни состаноци но немаше никаков одговор. На вториот три-стран состанок кој го имавме во Канцеларијата на Трудовата инспекција во Пиреја, со присуство на претставник од компанијата, него му беше кажано дека ОИКОНЕТ потпишала со ИСАП за 6 часовно работни време... и тогаш, бидејќи им исплаќаа на работниците за 5 и пол часови, тоа беше илегално и би требало да биде отфрлено од ИСАП... Иако, ништо од тоа не беше забележано во официјалниот извештај, затоа што трудовиот инспектор не им пишал. Па отидовме до ГСЕЕ, им ги дадовме забелешките и претседателот на ГСЕЕ побара од генералниот секретар, господин Контос да одржи состанок со трите страни. Овај состанок беше закажан за 26ти ноември. Тоа утро, околу 10 часот, се одржа состанокот, каде што присутни беа: ГСЕЕ - работничкиот центар, конфедерацијата и работничкиот центар на Пиреја... Кога ние отидовме таму, ние се соочивме со ситуација која јас, лично, а сум во синдикалното движење од 1984, никогаш порано не сум ја сретнала.
Надвор беа собрани стотина работници/чки со знаме на ОИКОМЕТ кои пцуеја на нас...Ние бевме шокирани... Нашата претседателка не сакаше да влеземе таму...Таа започна да плаче и ни кажа дека ова не е возможно, дека ние доаѓаме тука да се бориме за нивните интереси а тие пцујат на нас. Но, на крајот решивме да влеземе внатре и да си ги побараме нашите права..Се качивме горе и седевме таму 4 часови... На почетокот состанокот се одвиваше добро за нас, во еден момент мобилниот телефон на господин Контос заѕвони, не можевме да знаеме кој се јавува, но откако тој заврши со разговорот, состанокот тргна наопаку, во корист на компанијата... Тие започнаа да не напаѓаат. Претседателот на работничкиот синдикат ОИКОМЕТ донесе 200 потписи на работници/чки кои се согласуваат да имаат “мешано” осигурување и да им бидат редуцирани платите.. Она што тие го направија е: пуштија меѓу работниците/чките да кружи текст, чиј контекст го прикрија и ги наговараа да се потпишуваат... Откако си заминавме, работниците/чките на ОИКОМЕТ  не пратеа до плоштадот Омониа, пцуеја и плукаа на нас. Наредниот ден Константина отиде до ГСЕЕ и се пожали, барајќи од нив барем да заземат став за она што се случува, да дадат соопштение со кое ќе ја објавата ова работа... Ништо... има една поговорка која вели “можеш да тропаш цел ден на вратата од глув човек” ....
Најпосле, откако не добивме никаков одговор, слушнавме утрото на радио дека има окупација на канцелариите на ГСЕЕ и рековме дека ќе поминеме таму за да видиме што се случува. Отидовме таму и најдовме новинар - левичар, кој ни кажа дека се одржало отворено заседание истата ноќ. Па,ние се сретнавме истата ноќ за да одиме на заседанието, јас, претседателот на синидикатот и Кинстантина, која беше слободна тој ден. Упатувајќи се на заседанието, ја сретнавме жената од ГСЕЕ која “ни ги сечеше главите” тој ден во министерството. Кога и кажавме каде одиме, таа ни кажа дека окупаторите на ГСЕЕ не се работници/чки и дека тие имаат камења и стапови итн., скоро ни рече дека тие се шетаат со пиштоли во рацете. Па тогаш ја прашавме кој се тие, што се тие, и таа ни рече дека се работи во главно за студенти и професори. Ние рековме, во ред, бидејќи се работи за деца со образование, можеби тие би можеле да ни помогнат да го решиме нашиот проблем со 6те часови. На крајот, кога влеговме на заседанието забележавме дека се работи во главно за работнички базирани синдикати и исто така обични луѓе кои не наидоа на одговор кај ГСЕЕ. Се разбира, немаше никакви штети ниту ништо слично, а покрај тоа зградата беше убава неокласична зграда  и ние се погриживме за нив. Наредниот ден бевме обележани како анархисти... И се разбира никаква реакција/одговор од претседателот на ГСЕЕ.

-Пред тоа, имаше ли некаков одговор/реакција...?
-Никогаш. И да дојдеме до приказната на Константина. Ние се уште чекаме на заклучок од господин Контос од министерството. На 5ти јануари моравме да поднесеме (годишен) извештај до ГСЕЕ. Нашиот адвокат не извести дека ГСЕЕ нема да го потпишат. Па, јас одлучив да одам лично со извештајот во ГСЕЕ и да видам што ќе се случи... ако не го потпишат, ќе отидеме со основниот синдикат (base syndicates) во министерството, а ГСЕЕ можат да прават што сакаат. Зошто цел живот би го почитувале ГСЕЕ? Не го разбирам тоа. Тие му рекоа на претседателот на синдикатот дека Константина е самата одговорна за тоа што и’ се случи, дека ние сме виновни за нападот над Константина и дека треба да се извиниме. Се разбира ние нема да се извинуваме бидејќи ние сме на страната на Константина.

- Кој ви го кажа тоа?
- Од работничкиот центар. Тие ни рекоа дека ние сме одговорни за тоа што се случи и дека ние ги претворивме нив во мети. Кога, на пример започна окупацијата на работничкиот центар во Солун, од нас беше побарано да се извиниме за тоа. Ако утре има сличен настан во Америка, повторно ние ќе бидеме виновни и ќе речат дека ние сме во позадината на сето тоа.

- Па, значи во главно тие бараат од вас да се извините за самите ваши синдикатски активности?
- Точно. Се разбира, после сето тоа тие не прегрнуваа, но ние не сакаме никакви прегратки. Ние сакаме да откриеме кој е виновен за нападот врз Константина, затоа што на почетокот сите се обидуваа вината да ја бараат во “лични” причини. И ако не бевме ние, јас, Власиа и некои момчиња од базните синдикати  кои многу ни помогнаа и солидарните движења кои го поставија прашањето, се’ ќе беше прикриено, ќе поминеше како некаков вид на личен проблем а не синдикален проблем. Тоа не можеме да го прифатиме.
- Сега, за стотината работници/чки со банерот кои пцуеја и плукаа на вас надвор, пред министерството. Тоа рефлектира нешто, дека вработените во овие компании можат отворено да им се закануваат на работниците/чките. Би сакале неколку зборови за тоа:
- По обидот за убиство над Константина, некои работници/чки од Бангладеж беа отпуштени и тие дојдоа плачејќи во синдикатот. Тие не знаеја за Константина, бидејќи не знаеја грчки доволно добро. Кога му кажавме на еден од нив дека Константина е во болница и во која состојба се наоѓа тој почна да плаче. Тој ни објасни дека имал слободен ден и дека му се јавиле по телефон за да дојде и пцуе на синдикатот затоа што синдикатот сака да ја затвори компанијата и тој ќе ја изгуби работата.
Има многу луѓе со “црвен картон” и скоро нелегален престој во државата. Тие ги земаат и ги експлоатираат. Им кажуваат дека ако не го потпишат тоа што го сака компанијата ќе го изгубат работното место. Ние не отидовме во министерството за тие да ги изгубат работните места тука за да ги побараме нашите права. Дури и денес, кога поминуваме во железничката станица и ги прашуваме работниците зошто ги потпишаа тие документи, тие одговараат дека им било кажано дека синдикатот сака да ја затвори компанијата. Тоа што не им беше кажано е дека всушност тие ќе го изгубат осигурувањето и 150 евра месечно. И така, денес - утре, работниците започнаа да разбираат што се случуваа и ни се придружија. Се разбира, се уште постои тероризмот на работодавачите внатре во ИСАП. Но ние сме одлучни да го срушиме овај терор.
Своеволно или не, ИСАП ќе ги удоволи барањата. Бидејќи ИСАП во моментов е нелегален и носи огромна одговорност. Тие не можат само да им ги исплатат на компаниите овие пари за 6 работни часа и осигурувањето за“тешка работа” и ОИКОМЕТ да им ги врати назад на работниците/чките редуцираните плати и “мешаното” осигурување. Каква контрола има ИСАП? Тие се исто така одговорни за тоа. Ќе ги дадеме на суд за тоа. Не можеме да дозволиме ова да помине туку така.

- Покрај сето тоа, дали ОИКОМЕТ или ИСАП мобилизираше на тој начин што им се закануваше на работниците да заземат став за оваа приказна?
- Овие работници/чки, на пример тие кои зборуваат со Цимас се имигранти/ки, и ако тие не кажат тоа што компанијата сака да кажат ќе бидат отпуштени. По соопштението на Јакуматос од 2000 тие ни рекоа дека работниците/чките би биле исплаќани по колективен договор и вкупното чинење на работата би било пресметано врз основа на тоа. Работодавачите ги примаат парите, работниците не. Јас исто така ја запрашав госпоѓица Петралиа за ова. Таа ми кажа дека договорот функционираше. Но тоа не е така. Има контроли. Во секој случај, која е нивната намена?
По повредата на Константина, базните синдикати ја окупираат Трудовата Инспекција во Пиреја и прашавме дали тие направија било какава инспекција по нападот. Тие направиле 10 контролни проверки и не пронајдоа ништо. Во тој момент поведовме двајца од инспекторите и отидовме со нив, и најдовме 15 прекршувања.
Тие велат дека не можат да сторат ништо бидејќи работниците/чките се илегални вонземјани. Би можеле да им дадат документи, да ги направат легални. Би можеле да ги вработат и да ги плаќаат на час. Но вработен, на пример, од болницата, а не со договор за работа. Во болницата Евангелисмос, секој работник/чка има пресметана плата од 1700 евра, но на крајот добива 500 евра. Државата може да дава осигурување за 500 евра, плата од 1000 евра и да заработи 200 евра. И на крајот работниците/чките ќе плукаат на секој од нив. Тие може да ги остават луѓето да гладуваат само да станат големи работодавци со договор..

- Значи тие одбираат да им плаќаат на договарачите наместо да ги исплаќаат работниците/чките?
- Да, тие го прават тоа. Исто така тоа го пријавивме до собранието на доктори и болнички персонал од синдикатот на ПОЕДИ. Исто така отидов до некои левичарски организации кои не поддржуваат и тие побараа од нас да бидеме таму како синдикат кој ќе зборува, затоа што секретарот од министерството ќе биде таму или некој министер и партиски претставници за да ги чујат нашите проблеми. Тие не прифатија да не’ ислушаат, но ние отидовме таму со нашите банери и со базните синдикати, ги подигнавме нашите банери, претседателството на ПОЕДИ зборуваше, и потоа ние требаше да зборуваме. Тие не ни дозволија. Тогаш еден доктор се качи на бината, го грабна микрофонот и рече “или ќе ја оставите оваа жена да зборува или се’ е готово сега...собранието е завршено”. Ех, отидовме на бината полни со надеж, бевме изудирани малку од член на ПАСКЕ но го истеравме нашето и зборувавме.

-Кога се случи сето тоа?
- Пред 20 дена.

- Мислиш, по нападот над Кунева?
- Се разбира, тие не сакаат ние , чистачите/ките да зборуваме. Кои сме ние да зборуваме. Ние сме ѓубрето. Но, треба да знаат едно нешто: Ние сме оние кои ги чистиме нив, без нас ќе ги јадат црвјата. Било како, ние проговоривме. Тогаш јас го нападнав господин Ципрас, кажувајќи дека СИН (социјалдемократската партија) е одговорна исто така, и дека сега треба да заземат став. Да го кренат гласот во парламентот. На ПАСОК им кажав: “Ве жалам што сте ПАСОК”. Дури и го најдов господин Флоридис и им кажав дека исто така и тие се одговорни, затоа што Репас беше оној кој го донесе овај закон, Симитис ги доведе чистачите/ките до контракторите. Му кажав што се случува во ИСАП и во болницата Евангелисмос и тој ми рече дека прифаќа оти направиле грешка. Во ред, ако тоа го прифаќа, тогаш овај закон треба да се забрани. А во спротивно, не сакам да видам никого од нив. Еден новинар ме праша што мислам за тоа што ПАСОК вели дека се обидува да ја најде вината. Не ми е грижа за зборовите, сакам да видам работа (акција, дејство, правење). Ќе ги пронајдат ли напаѓачите на Кунева? Ќи и’ го дадат ли она што треба? Слушај, не сакам да обвинувам и клеветам никого. Сакам напаѓачите на Константина да бидат пронајдени, а работодавачите да плаќаат врз база на колективни договори, ако не можат да добијат работа вака, тогаш не треба никако и нека и го остават тоа на државата. Да излезат на виделина конкурентноста на договорите и моите ко-работници и ко-работнички ги добијат парите кои ги заслужуваат и да не гладуваат.

-Која е приказната на поканата на СИРИЗА и ПАСОК до Константина?
-Да, тие ја канеа неа на нивните забави, го пронајдов тоа од гласините на интернет. Треба да се засрамат, ако сакаат да ја искористат Константина. Тие ни рекоа дека Константина е една од нас, но ние знаеме дека Константина никогаш не беше член на ниту една партија ниту пак сакаше да биде. Затоа и ги однесовме рачните записи на Константина во весникот “Та Неа”. Затоа што и кажавме што господин Баниас рече, и таа ги поби сите нив. Она што таа сака е да биде со луѓето кои стојат покрај неа. Друга работа, тука беше Бистис и Скај Нет телевизија кои ги повторуваа истите работи, и јас излегов на телевизија и му кажав дека Константина би отишла на избори само со ПЕКОП, и со никој друг. ОК, тие ми рекоа дека тоа не може да се случи, и јас им кажав: па добро тогаш ако не со ПЕКОП тогаш со никого. Срамно е тоа што паѓаат толку ниско во борбата за гласови и го бараат од жената за која не знаеме дали ќе ги преживее овие работи. Затоа што таа уште се наоѓа во животна опасност. Ако не беше толку силна сето ова ќе завршеше. Но таа е толку храбра, таа е жена со огромна сила. Психологистката госпоѓица Мантца која ја надгледува вели дека во 33 години поминати во оваа професија не видела никогаш таква жена со таква култура и перцепција, волја и храброст, толку горда личност. Константина е многу горда личност.

 
-Дали би сакале да им кажете нешто на луѓето кои го читаат овај натпис, за крај на ова интервју?
-Добиваме писма од секаде, од Аргентина, Турција, секаде, државата треба да разбере дека ние не сме сами. Пред некој ден интелектуалци/ки од Франција и Англија пратија до амбасадата писмо за поддршка велејќи дека трговијата со робови треба да престане. Тоа и’ го кажав на госпоѓица Петралиа, дека големите синдикати на Франција, Италија, Шпанија ни кажаа дека се на наша страна, ако сакаме де сторат нешто за нас. Ни требаат пари, за да работи сметката затоа што не можат да ја блокираат оваа сметка бидејќи не е на името на мајка и’, која е толку горда и не троши пари за неа, туку ги чува за Константина. Затоа што исто така и нејзиниот син е болен а неговата мајка сега повеќе не може да му помага.
.
Извор: другарите/ките од directaction и anarchistcores