Нина е продуктивна НС (DIY) креаторка, прави зинови, илустрации и музика. Овде таа зборува за Лејдифест како привремена заедница и многу потребното место за обновување на енергијата и креативноста.
Те молам претстави ни се!
Учев илустрирање/уметност, културни студии и родови студии. Во моментов се обидувам да најдам некоја финансиска поддршка за илустрации и друга уметничка работа (или било што друго поврзано со феминизам).
Моите проекти вклучуваат:
Еден ден сакам да направам феминистичко (пиратско) радио шоу и да правам анимации/документарни филмови.
Какво беше твоето прво искуство со Лејдифест?
Првиот Лејдифест на кој отидов беше првиот кој помагав да се организира: Лејдифест Лувен во jули 2002. Не сакам да се фалам ама за мене чувството беше неверојатно. Иако беше само еден ден (или една вечер), ми даде многу енергија и беше многу охрабрувачки да се видат сите тие чууупина (grrrls) и нивните ептеен суперпроекти и музика. Се чувствував како во привремена заедница, нешто по кое трагав, но тоа пребргу заврши. Па, на некој начин ме фати носталгија кога заврши.
Зошто се потребни Лејдифестовите? Какво значење има Лејдифест за тебе?
Има еден куп причини за мене зошто да организираме/ учествувам/ одам на Лејдифест, но една од најважните причини е да најдам слични по мислење поддржувачки/поддржувачи НС (DIY) феминистички простор и заедница. Тоа е како безбеден рај каде што можеш да ја обновиш својата енергија да растураш (kick ass), да имаш самодоверба, да бидеш креативна и да се бориш повторно со неправдата во светот.
Други причини зошто одам на Лејдифестови: да научам нови интересни работи од оснажувачките работилници за размена на вештини, откријам многу одлична уметност, филмови, музика и други интересни проекти направени од жени, девојки, феминистки, квир и трансџендер луѓе ( за да се направи рамнотежа помеѓу вообичаениот машко - доминирачкиот свет на уметноста, музичката сцена и активистичките движења, за да увидам дека може да се биде креативна исто така и дека она што ние ќе го направиме/работиме е далеку поинтересно отколку голем ден на високата уметност, меинстрим музиката или политичките партии), да изградиме феминистичка мрежа која ќе трае подолго од траењето на еден Лејдифест и да ги охрабриме жените/девојките/трансџендер/квир да прават уметност, да се организираат и прават работи самите.
Како Лејдифест се поврзува со твојот феминизам?
Јас го гледам Лејдифестот како еден пример за феминистичка пракса (вежбање на феминизмот). Во широка смисла, може на него да се гледа како на облик на активизам. Ги зближува феминистките и идните-надежни-феминистки заедно, ги прави луѓето свесни за феминистичките прашања на забавен и креативен начин и ги споделува информациите за темите поврзани со феминизмот. Исто така ја претвора феминистичката теорија во пракса, како создавање на мала привремена феминистичка утопија каде што организаторките, волонтерките, бендовите, уметничките и публиката се еднакво ценети и секоја може и е охрабрена да учествува на не-хиерархискиот начин (барем се трудиме така да биде).
Не знам на кој бран феминизам припаѓа Лејдифестот, можеби четвртиот бран? (Ако ги сметаме раниот riot grrrl и сајбер-феминизмот од 90-тите за трет бран). Би сакала феминизмот да биде постојана поплава! Феминистичка поплава! Која ќе го удави патријархатот!
Дали можеш да ни кажеш за процесот на организирање на Лејдифест? Што значи Направи сама (НС) за тебе?
Има процес? Тоа е повеќе како хаос! За време на двата Лејдифестови во кои бев вклучена, организаторките – сите живеа во различни градови! Беше многу тешко да се среќаваме редовно и да дискутираме за организирањето на фестивалот. Некои од организаторките немаа пристап до интернет па “жонглиравме” со мејлови, писма и неколку средби. Беше тешко и стресно исто така бидејќи некои од нас (вклучувајќи ме и мене) немавме организационо искуство. Но на крајот се’ беше добро. Горда сум дека успеавме! Овие Лејдифестови беа првите “работи” кои некогаш сум ги организирала, и иако не се сметам сама себе си за “организатор”, тие сепак ми покажаа дека јас можам да направам такви нешта да се случат.
Направи сама (НС) ми значи многу. Тоа е клучно за начинот на кој гледам врз феминизмот. Тоа е автономија, креативност, слобода, охрабрувањето дека “ти можеш да го направиш ова”...Мислам на Лејдифестот во кој бев, во кој учествував, направи сама (НС) значеше дека секоја може да не контактира и да се придружи на организирањето. Уметничките и бендовите кои ги букиравме беа, исто така, сосема НС во смисла дека не беа мејнстрим рок ѕвезди. Сами си ги носеа своите појачала! Важно беше за нас да побараме инди бендови/артисти не затоа што тие се поевтини(поисплатливи) тука затоа што ни се допаѓа нивната музика/уметност и потребно е да биде чуена/видена. И со ставањето на НС бендови во програмата, луѓето од публиката повеќе ќе се осетат дека можат и тие да го направат тоа исто така, за разлика од тоа кога на бината ќе стапат славните бендови кои се ставени на пиедестал.
Дали баравте или се обидувавте да креирате алтернативен простор/собиралиште за вашиот Лејдифест?
Првиот Лејдифест (Лејдифест Леувен 2002)беше организиран во сквот а наредниот Лејдифест (Лиеж 2003) во панк/арт/младинско собиралиште, кое мислам дека порано беше сквот. Овие места беа избрани од Колин(Coline) бидејќи таа веќе ги знаеше. Мислам дека тие беа многу добар избор. Прво, затоа што тие беа бесплатни, не мораше да платиме наемнина ( што ќе беше многу тешко финансиски за нас ), и исто така тие се совпаѓаат до НС идеалите на Лејдифестовите.
Дали границите помеѓу организаторките, учесничките и публиката се замаглија(станаа нејасни) или беа предизвикани за време на вашиот фестивал?
На Лејдифестот кој помагав да се организира, мислам дека беше како на секој друг НС фестивал. Ни повеќе, ни помалку заматен. Не го дискутиравме ова посебно, ниту пак вложивме екстра напор да ги замачкаме границите, (како на пример да вклучиме отворена бина или да побараме луѓе за време на фестивалот да волонтираат, иако секоја/секој секогаш можеше да ни испрати меил за да ни понуди помош). Но, кога зборуваме за физичките граници, на пример за Лејдифестот Лувен 2002 немаше вистинска сцена. Публиката стоеше на исто ниво како и изведувачките и бендовите. Организаторките, бендовите и уметничките беа, се разбира, доста приемчиви (секоја можеше да зборува со секоја). Никогаш немаше никаква поделба од типот: рок ѕвезда – обожавателки. Бендовите кои свиреа беа релативно непознати и независни/НС и допринесоа за ова. Ова исто така помогна за влезницата да биде евтина, што пак за возврат направи фестивалот да биде помалку ексклузивен или елитистички.
Дали Лејдифест е движење? Која е врската на Лејдифестот со феминистичкото минато?
На Лејдифестот може да се гледа како да движење, но, мислам дека “мрежа” е подобар збор. Движење се чини дека се однесува на нешто што се сложува со некоја агенда или теорија, а Лејдифестот е нешто што секоја може да го прави и создава како што сака (се додека е антисексистичко итн.). Помалку е предвидлив, помалку статичен и покреативен.
Претпоставувам дека мора да имало Лејдифестови и во претходниот феминизам, но под друго име. Такви собирања и фестивали на феминистките имало и не е можно ова да е нешто ново! Феминистките уште од 60тите правеа доволно многу работи самите и организираа креативни феминистички случувања. Во Белгија и во Холандија една од порадикалните (но добро позната) феминистичка група од вториот бран на феминизам беше Доле Мина (Dolle Mina). На неколку начини тие се слични со денешните анархао-НС-феминистки. Тие беа левичарки и радикални за тоа време и правеа креативни, забавни, понекогаш “шокантни” акции. Сакам да мислам за нив како за мајки на риот грррлс ( riot grrrls) и другите современи НС феминистки во Белгија. Но за несреќа нема никаков контакт помеѓу жените кои беа вклучени во Доле Мина (Dolle Mina) и новите феминистички групи.
Дали мислиш дека постои стереотип или формула за Лејдифест? Што мислиш за името “Лејдифест”?
Гледам голема разновидност во програмите на Лејдифестовите ( на пример во музичките стилови и содржината на работилниците). Концептите зад секој Лејдифест можат исто така да се разликуваат, но во главно тие се про-феминистички и про-женски. Претпоставувам дека скоро сите се автономно организирани од волонтерки/волонтери и овај НС-дух игра голема улога во Лејдифестот, затоа што значи дека секоја може да организира Лејдифест. Не мора да бидеш професионална организаторка на фестивали или академска феминистка. Сепак, постои многу простор за регионално фокусирање, личен вкус на организаторките и современите потреби и интереси. И иако најмногу од артистките/артистите и волонтери/волонтерки кои се дел од Лејдифестот се жени и трансџендерквир, имам видено и момчина исто така (Како Ерик(Eric) за време на Лејдифестot Liege!). Па исто така во поглед на родот - се’ е можно. Се додека се работи за феминистички и не-комерицјален/грасрут фестивал/настан, тогаш тоа може да биде Лејдифест. Има многу слобода во неговиот концепт. А тоа е и неговата сила/снага.
Името “Лејдифест” е многу интерсно. Претпоставувам дека започнало како реакција на riot girrrl, да вклучува и да ги инспирира исто така и постарите жени, затоа што организаторките на првиот Лејдифест кои беа вклучени во riot grrrl исто така остареа. За мене името Лејдифест е и двете: оснажувачко и дел од смешна шега. Затоа што зборот “лејди” доаѓа со определена претстава на богата, од висока класа, добро воспитана возрасна жена. Тоа е за мене интересно да се наруши/урне и да се предефинира зборот. Слично е со тоа како збороите како “дајк (dyke) - лезбејка” и “квир(queer)” кои некогаш беа навредливи се сега преработени/повторно во употреба од радикалната квир заедница. На овај начин, “лејди (lady)” може да биде riot (бунтовна) жена, родова бунтовничка (gender rebel), НС феминистка организаторка или се’ што ќе посакаш. Не мора да се однесува на еден единствен род или на една старосна група или на една класа или подкултура. Сум видела дека различни Лејдифестови, како тие во Берлин и Келн, се борат исто така со тој збор и се обидуваат на пронајдат нови занчења, дури и други начини на изговарање на “Лејдифест”. Ова е, мислам, добро. Го прави флексибилен за различни луѓе и на овај начин Лејдифст може да еволуира.
Каков практичен совет би и/му дала на некој/а што сака да организира феминитички настан/фестивал?
Започнете на време! Поделете ги задачите! Размислете за тоа што сакате да направите и што можете да направите. Забавувајте се, не дозволувајте да биде стресно искуство, бидете сигурни да уживате во Лејдифестот и во организирањето на истиот!
Интервјуирана:
Nina, Ladyfest Belgium organizer
Контакт инфо:
Contact information:
www.ninanijsten.110mb.com / www.myspace.com/lostlunarebelart
Блиски организации:
Ladyfest Belgium www.geocities.com/ladyfestbelgium / Riot Grrrl Collectief www.rgcollectief.110mb.com / Echo Distro www.echoriot.cjb.net
Интервјуираа:
Red Chidgey and Elke Zobl
Дата:
13.11.2008
Закажано шоу:
нема
извор: grassrootfeminism