Локација
Павија
Италија
45° 11' 9.1572" N, 9° 9' 23.8752" E
Феџе говори за вистинското значење на женската моќ денес, во ова време
Кога прв пат слушна за Лејдифест?
Почнв да слушам riot grrrl музика како мала, и тогаш Алисон Волфи од Бретмобил организираше Лејдифест, па така слушнав.
Ако треба да го опишеш Лејдифест некому кој/а претходно нема чуено за тоа, што би рекла?
Би рекла дека е организиран од девојки; ова е главна разлика помеѓу Лејдифест и другите фестивали. Ги содржи идеите ки ние ги сакаме во еден фестивал.
Дали мислиш дека Лејдифест промовира одреден тип на феминизам?
Лејдифест поаѓа од позитивното мислење за девојките и нивните животи – како тоа да се биде независна, или за сестринството, за правење работи со други девојки, споделување чувства и идеи, како и за тешките моменти во животот. Мислам дека ова е главното нешто.
Зошто одлучи да оддржиш Лејдифест во Павија?
Кога бев на Лејдифест во Торино, амбиентот беше толку кул и беше навистина добро организирано. Имаше добро чувство меѓу луѓето. Па си реков, “Па, зошто да не?“ Имам добри пријателки на кои навистина им се воодушевувам за она што го прават, исто така би било кул да ги инволвирам моите пријателки во оваа работа.
Дали поголемиот дел од организаторките од вашиот Лејдифест веќе се познаваа?
Да. Главно бевме јас и мојата поранешна/ен басист/ка и мојата/от тапанар/ка во моментот! Има уште неколку други луѓе... постои една група други девојки, како политички активистки. Но ние сме главните луѓе, ние тројца.
Вашиот Лејдифест се случува следната недела. Како се чувствуваш?
Возбудена, вознемирена. Се надевам дека ќе успее зошто го организиравме во еден мал град, што е некако чудно зошто тоа не е некој голем град како Милано или Рим. Нашиот град е универзитетски град, полн со млади луѓе и студенти/ки, што е добро, но нема многу културни збиднувања. Така да ставен/а си на коцка.
Што се случува на вашиот фест?
Ќе имаме работилници за за самодбрана, креативно пишување, има и презентација на некоја книга од една девојка писателка, секако. Исто така и работилница за микро-музика, свирење музика со играчки, како Атари или Нинтендо. Тоа е еден вид електронска музика и навистина е забавно.
Кое е твоето омилено сеќавање од друг Лејдифест кој си го посетила?
Работилницата за секс-играчки на Лејдифест Торино беше многу забавна. Имаше еден колектив девојки базиран во Болоња и тие ни ги прикажаа дилдоата и сексуалните играчки на ироничен и сериозен начин. Беше интересно. Мислам дека секоја девојка треба да го познава своето тело.
Можеш да ми кажеш нешто повеќе за НС аспектот на Лејдифест...
Нашиот Лејдифест мора да биде таков: немавме спонзори; пари собравме преку бенефит акции. Сжцврсто сакаме да бидеме независни, кое мислам дека е навистина важно. Ако сме независни може да правиме што сакаме. Ако не, секогаш сме врзани; мора да правиш она што други сакаат да правиш. И на овој начин (нс) навистина можеш да ги изразиш своите идеи.
Кои места и одбравте за вашиот фест?
Имаме сквот и мал кафе-бар – кафе бар за писатели(к)и, или нешто слично – и нормален клуб кде организираат концерти. Клубот е навистина убав и имаат исто и кулиси, што е навистина битно, што ги споделуваат со сите бендови. Супер е зошто бендовите на турнеа сега ќе мора да се довлечкаат.
Што е тоа што го прават Лејдифестовите што ги омоќува/јакне луѓето?
Мислам дека можат да направат многу затоа што имаш шанса да разговараш за работи за кои нормално не збориш. Кога си девојче и бунтовничка и мислиш дека си сама во светот, и не познаваш луѓе како тебе, фино е кога ќе запознаеш луѓе како тебе. Битно е да се збори за овие работи затоа што се навистина клучни. Можеме да разговараме за тоа (под мал притисок, на пример) слободно. Мислам дека тоа наистина ги омоќува/јакне луѓето, се надевам.
Дали гледаш врски помеѓу ова што го прават Лејдифестовите и она што го правеа постарите феминисти/ки со подигање на свеста?
Некои врски. Но Лејдифест е феминизам плус НС плус други работи. Постарите феминисти/ки го немаа овој концепт на НС, што значи ова е нешто повеќе. Мислам дека нема многу врски. Мислам дека градиме една нова идеја за тоа да се биде девојки, споделувајќи чувства и идеи, што е навистина супер, ако можеме да споделиме.
Кога велиш “девојки“ мислиш на девојки или млади жени?
Мислам на девојки помеѓу 15 и 30, горе доле
Дали имавте дискусии како би сакале визуелно да го претставите Лејдифест?
Да. Обично на концертните постери гледш полу-голи девојки во бикини и слично. Одлучивме да не го правиме тоа зошто не би била добра слика. Во почетокот имавме слика од некоја flapperактерка од ’20тите; зошто феминизмот значи да бидеш навистина паметен/на. Така имавме некои слики како Џоан Крафорд, зошто ни се допаѓа како изгледаат, знаеш она со кратка коса и многу слободно. Но сега, на постер е баба ми на мотор! За жал таа умре пред 6 години но мислам дека би била навистина горда.
Кој е твојот сон за твојот Лејдифест?
Мојот сон е да ми пријде 7-годишно девојче и да ми рече “следниот Лејдифест го организирам јас“.
Интервјуирана:
Феџе, организторка на Лејдифест Павија
Контакт инфо:
myspace.com/ladyfestpavia2008
Блиски организации:
Лејдифест Павија http://ladyfestpavia2008.blogspot.com
Интерјуираа:
Red Chidgey & Debi Withers
Дата:
07.09.2008
Закажано шоу:
Не

Извор: grassrootsfeminism