Што е сексуална дискриминација - сексизам?
Сексуална дискриминација е редуцирање, отфрлање или игнорирање на правата поради родот и се случува на многу нивоа, некои поочигледни од другите.
Кога станува збор за дискриминација многу луѓе мислат на законското право на дом, образование, вработување, еднакви плати итн. Оваа идеја прави многу луѓе да веруваат дека сексизмот (заедно со расизмот и другите форми на дискриминација) не е повеќе прашање на денешното општество,
дека некои битки се извојувани и, површински, се чини дека правата на сите луѓе подеднакво се заштитени со законот. Но, реалност е дека дури и на ова ниво постои многу малку еднаквост. Тоа може да се демонстрира со статистиката која ги споредува платите на мажите и жените кои имаат исто работно место, или други слични информации. Меѓутоа, јас би сакал/а да се фокусирам на посуптилните облици на дискриминација со кои многу жени се соочуваат денес.
Насекаде во светот, во поголема или помала мера, жените, како индивидуи се постојано игнорирани и ставани во категории кои ги упростуваат и ограничуваат. Овие категории, во својата најсурова форма можат да се редуцираат на 4, кои јасно можат да се сретнат во литературата и во историјата, а ако подобро се погледне, и во секојдневниот живот во сегашно време . Овие категории се: ДЕВИЦА (НЕВИНА), КУРВА, МАЈКА и БАБАРОГА. Како што се објаснети овие категории изгледаат екстремно едноставни, како што и навистина се, и не сугерирам дека сите жени се гледани стриктно на тој начин. Но, сепак верувам дека овие категории го обојуваат и ограничуваат начинот на кој се гледа и на кој се третираат многуте комплексни, талентирани, креативни, неверојатни жени.
МАЈКА
Мајката е обожувана, но исто така и поробена. Нејзината висока вредност се мери според тоа колку добро готви, чисти, пере и се грижи за семејството. Било кои други квалитети или таленти кои можеби ги поседува се скоро неважни. Во некои култури е дури очигледно дека ниту една друга жена не може ниту да се спореди со Мајката, се додека и самата не стане мајка. Ова доведува, многу пати, до ситуација кога жените достигнуваат чувство на само-вредност и исполнување само преку улогата на мајка/домаќинка.
ДЕВИЦА (НЕВИНА)
Девицата , до некој степен е многу обожувана како идол, но е и постојано притискана да ја оддржува својата Саксонска чистота/невиност. Еден погрешен чекор и веднаш е ставена во категоријата на КУРВА.
КУРВА
Во оваа категорија се ставаат повеќето жени кои не можат да се споредат со Мајката и Девицата, иако самиот термин се користи за деградирање на жените кои привлекуваат мажи . Таа е сметана за јавна сопственост и може да биде предмет на секојдневно сексуално вознемирување. Кога приговара на таквото вознемирување, се претпоставува дека се прави “недостижна” и потајно ужива да биде пипкана од било кој кретен кој поминува покрај неа. Или, ќе биде обвинета дека нема смисла за хумор, како што е обвинет/а секој/а кој што приговара на таквите вознемирувања.
БАБАРОГА
Тука се сместени сите “кучки”.
Оваа категорија често се среќава денес и најчесто се однесува на жените со кариера и жените во политиката (т.е жените кои имаат за цел нешто друго од исполнувањето на улогата на Мајка). Сепак како што вработените жени се повеќе биваат прифатени, во оваа категорија се сместуваат немажените жени, оние кои не се во врска, срамежливите, чудните, жените без самодоверба кои не одговараат (или мислат дека не одговараат) на моменталните стереотипи за убавина. Вообичаено тоа се жените кои мажите не ги сакаат , и како такви, се воспримани како “грешки” на женственоста. Тие многу често се обвинувани дека се обидуваат да бидат мажи, дека се машкоданки, и дека не се женствени. Одговорот на женската несигурност често се бара во промената на изгледот, совети за шминкање и облека. Ова значи дека несигурната жена мора да се излечи со наметнување на стереотипите на идеалната убавина и со менување на надворешниот изглед.
Стереотипот на идеалната убавина управува/наметнува дека женската несигурност би можела да се излечи со менување на надворешноста. Ретко се разгледува идејата да се охрабри жената да ја открие својата единствена убавина дозволувајќи и да прозрачи.
Непријатниот избор осаменост версус вознемирување/задевање (Loneliness vs. Harassement Quandary)
Како што кажав, многу (но не и сите) жени кои се чувствуваат дека одговараат во категоријата БАБАРОГА се обидуваат да ја решат својата восприемена неатрактивност преку шминка и провокативно облекување. Тогаш ризикуваат да бидат веднаш ставени во категоријата Курва. Во Англија постои парола од кампањата за будење на свеста за силувањата:
“Што и да носам, каде и да одам, |
(“Whatever I wear, wherever I go, |
ДА значи ДА и НЕ значи НЕ” |
‘Yes’ means ‘yes’ and ‘no’ means no’ “ ) |
Овој слоган еднаш испровоцира жестока дискусија помеѓу мене и еден машки член од фамилијата кој беше разбеснет од овој принцип. Тој беше крајно огорчен од жените кои носат облека која малку скрива од телото, флертуваат со мажите, но не сакаат да спијат со нив. Се обидов да му објаснам дека многу жени се облекуваат и однесуваат така затоа што на широко се промовира како единствен начин да се биде атрактивна и женствена. (Постојат, се разбира, многу жени кои се облекуваат вака и однесуваат поради различни сопствени причини). Желбата да се биде привлечна и прифаќањето на сечии пипкачки раце се две различни нешта.
Можеби најзлотворната работа за овие восприемања, посебно концептот за “Курва” е нивниот потенцијал во оправдувања за силување, или причина силувањето да не се зема за сериозно. Жените кои се облекуваат провокативно и многу флертуваат со мажите, дури и денес, ова може да се искористи против нив на суд доколку би се нашле во силувачки судски процес. Позади ова лежи претпоставката дека , “овој вид на жени” провоцираат силување. Ова е екстремно опасна идеја. НИКОЈА не провоцира силување, инаку не би било силување.
“НЕ” значи “НЕ” |
“НЕ СЕГА” значи “НЕ” |
“ИМАМ ДЕЧКО/ДЕВОЈКА” значи “НЕ” |
“МОЖЕБИ ПОКАСНО” значи “НЕ” |
“НЕ ФАЛА” значи “НЕ” |
“НЕ СИ МОЈ ТИП” значи “НЕ” |
“ЕБИ СЕ” значи “НЕ” |
“ БИ САКАЛА ДА СУМ САМА СЕГА” значи “НЕ” |
“СТВАРНО МИ СЕ ДОПАЃАШ АМА...” значи “НЕ” |
“АЈДЕ САМО ДА СПИЕМЕ” значи “НЕ” |
“НЕ СУМ СИГУРНА” значи “НЕ” |
“ПИЈАН/ПИЈАНА СУМ” значи “НЕ” |
ТИШИНА значи “НЕ” |
“______” значи “НЕ” |
СИЛУВАЊЕTO НЕ ГО РАЗБИРА “НЕ” |
"NO" means NO |
"NOT NOW" means NO |
“I HAVE A BOY/GIRLFRIEND” means NO |
"MAYBE LATER " means NO |
"NO THANKS" means NO |
"YOU’RE NOT MY TYPE" means NO |
"FUCK OFF" means NO |
"I’D RATHER BE ALONE RIGHT NOW " means NO |
"I REALY LIKE, BUT ..." means NO |
"LETS JUST GO TO SLEEP" means NO |
"I'M NOT SURE" means NO |
"YOU’VE / I’VE BEEN DRINKING" means NO |
“SILENCE” means NO |
“______” means NO |
RAPE: NOT UNDERSTAND “NO” |
И мажите се категоризирани
ЗА СЕКОЈА ДЕВОЈКА НА КОЈА И Е СМАЧЕНО ДА СЕ ПРАВИ СЛАБА КОГА Е СИЛНА, ИМА МОМЧЕ НА КОЕ МУ Е СМАЧЕНО ДА СЕ ПРАВИ СИЛНО КОГА ТОА СЕ ОСЕЌА РАНЛИВО
ЗА СЕКОЕ МОМЧЕ КОЕ Е ОПТОВАРЕНО СО ПОСТОЈАНОТО ОЧЕКУВАЊЕ ДА ЗНАЕ СЕ, ПОСТОИ ДЕВОЈЧЕ НА КОЕ И Е СМАЧЕНО ОД TOA ШТО ЛУЃЕТО НЕ ВЕРУВААТ ВО НЕЈЗИНАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
ЗА СЕКОЈА ДЕВОЈКА НА КОЈА И Е СМАЧЕНО ДА БИДЕ НАРЕКУВАНА ПРЕЧУВСТВИТЕЛНА, ПОСТОИ МОМЧЕ КОЕ СЕ ПЛАШИ ДА БИДЕ НЕЖНО, ДА ПЛАЧЕ.
ЗА СЕКОЕ МОМЧЕ ЗА КОЕ НАТПРЕВАРОТ Е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ДА ЈА ДОКАЖЕ СВОЈАТА МАШКОСТ, ПОСТОИ ДЕВОЈЧЕ КОЕ ГО НАРЕКУВААТ НЕЖЕНСТВЕНО КОГА СЕ НАТПРЕВАРУВА.
ЗА СЕКОЕ ДЕВОЈЧЕ КОЕ ГО ФРЛА НЕЈЗИНИОТ ШПОРЕТ, ИМА МОМЧЕ КОЕ ПОСАКУВА ДА НАЈДЕ ЕДНО.
ЗА СЕКОЕ МОМЧЕ КОЕ СЕ БОРИ ДА НЕ ДОЗВОЛИ ЕКОНОМСКАТА ПРОПАГАНДА (РЕКЛАМАТА) ДА ГИ ДИКТИРА НЕГОВИТЕ КОПНЕЖИ, ПОСТОИ ДЕВОЈЧЕ КОЕ Е СООЧЕНО СО НАПАДОТ НА МАРКЕТИНГШКАТА ИДНУСТРИЈА ВРЗ НЕЈЗИНАТА САМОДОВЕРБА.
ЗА СЕКОЕ ДЕВОЈЧЕ КОЕ ПРАВИ ЧЕКОР КОН СВОЕТО ОСЛОБОДУВАЊЕ, ИМА МОМЧЕ КОЕ ГО НАОЃА ПАТОТ ДО СЛОБОДАТА МАЛКУ ПОЛЕСНО.
(земено од поемата на Nancy R.Smith www.crimethinc.com т.е. http://www.crimethinc.com/tools/posters/gender_subversion_front.pdf)
После овие зборови имам потреба само да кажам уште нешто како дополнување. Сум набљудувала како машките индивидуи ги имаат лимитирано своите лични карактерии ги упростуваат како резултат на борбата “да се биде маж”. Многу мажи и даваат премногу важност на машкоста во нивниот идентитет. Тоа за нив е голем стрес и притисок, што ги спречува да бидат тоа што навистина се.
Повеќе од категорија
Тоа што е објаснето овде се многу поедноставени концепти, и реалноста на различните ситуации со кои се среќаваат секојдневно жените е многу покомплексна. Но, би кажала повторно дека овие категоризации и упростувања навистина постојат и навистина служат за ограничување на слободата и просторот на голем број на жени. Секоја жена е како прво и основно личност, индивидуа, како што е и секој маж. Борејќи се да се приспособи на тоа што значи да се биде жена или маж, и дефинирајќи го ова како наш идентитет едноставно ги ограничува нашите можности на откривање кои сме како индивидуи и да бидеме во врска едни со други како слободни суштества. Секоја личности треба да се бори на лично ниво да се ослободат од стегите кои се ставаат врз мажите и жените од страна на сексуалните стереотипи. Тогаш можеме да работиме заедно да се ослободат (спасат) заедниците и општествата на културно и структурално ниво.